Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски ги кани Јакимовски и Костадинов на состанок во ЗЕЛС

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека градоначалниците на Карпош и Струмица писмено ќе бидат поканети на средба во ЗЕЛС во понеделник. Уште еднаш кажа дека ќе се вклучи како медијатор во процесот за надминување на недоразбирањата и дека е оптимист околу исходот од оваа ситуација.

-Со колегата Јакимовски имавме една неформална средба на која заеднички констатиравме дека тој нема забелешки на работата на ЗЕЛС, туку на одредена несоработка со поедини министри од централната власт. Како Претседател на ЗЕЛС, се понудив заедно со моите потпретседатели, Висар Ганиу и Перо Костадинов, да влезам на еден цивилизиран начин во процесот и да помогнам преку медијација.

Исто така, денес, како ЗЕЛС ќе упатиме писмена покана до двајцата градоначалници за средба и состанок во понеделник во просториите на ЗЕЛС, заедно со раководството и со директорката на ЗЕЛС, на која ќе разговараме и ќе видиме кои се причините, кои се проблемите со кои се соочуваат и ќе се обидеме да најдеме решение.

Јас сум оптимист, сметам дека тоа беше една нивна брза и непресметана реакција и мислам дека ќе најдеме начин, како и за многу други прашања претходно, заеднички да ги надминеме недоразбирањата и од сето тоа победници да бидат граѓаните – изјави Ѓорѓиевски

На прашањето дали струмичкиот градоначалник официјално го известил за истапувањето од ЗЕЛС и дали очекува тој да се појави на понудената средба во ЗЕЛС во понеделник, Ѓорѓиевски наведе дека од дописот кој вчера доцна попладнето пристигнал нема прецизни причини за кои би имало простор за лутина и преземање на вакви драстични чекори.

Наведе дека е оптимист околу изнаоѓањето на решение, но исто така посочи дека за излез од ЗЕЛС не одлучуваат лично градоначалниците туку советниците во советите на Општината.

Македонија

Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта

Published

on

„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.

Тој рече дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија.

Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.

„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.

Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците. (Фокус)

Continue Reading

Македонија

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Published

on

Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка.

– На 22.11.2024 година во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Апел за негово пронаоѓање се врти и по социјалните мрежи.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ.Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат некоја информација да се јават во најблиската полициска станица или на број +38970568382.

Continue Reading

Македонија

Ќе се асфалтира и во зима автопатот до Охрид, а од утре и рехабилитација на превојот Пресека

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека сите села пред Охрид ќе имаат алтернативен пат за поврзување меѓу селата, експропријациите се завршени, а автопатот ќе се заврши до крајот на 2026 година. Николоски е дециден дека ќе се асфалтира и во зима.

„Главната амбиција на оваа Влада е да имаме автопат од главниот град до Охрид. Промовираме асфалтирање и преку зима. Работат околу 300 машини и 600 луѓе. Дел ги гледате на трасата која се гледа, дел не ги гледате на трасата која е надвор од магистралниот пат. Ќе го завршиме автопат. Од утре почнува рехабилитација на превојот Пресека, кој ќе се користи до 2026 година додека не се пушти целото автопатско решение“, рече Николоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк