Connect with us

Бизнис

Дурмиши: Ќе донесеме поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените

Published

on

Ако драстично се зголемат цените на прехрамбените производи по одмрзнување на бруто профитната маржа, ќе се донесат поригорозни мерки најави министерот за економија Бесар Дурмиши, без да открие било какви детали.

На крајот на идната недела завршува владината мерка за есенската потрошувачка кошничка и на 73 производи кои се дел од неа им се одмрзнува бруто профитната маржи, но министерот верува дека трговците нема да ги покачат цените, со оглед на тоа што на сила е и законот за забрана на нефер трговски практики, со кој над 2 500 производи имаат огранична маржа до 10 %. Иако вели не сите производи кои се дел од кошничката се со намалени цени, Дурмиши уверува мерката дава резулатати цените на одредени производи се намалени за пет до десет отсто. 

„Ако кога ќе завршува оваа мерка ако имаме драстично покачување на цените во наредниот месец, значи ќе донесеме поригорозни мерки … ние носевме одлуки за две мерки, за училишна кошница и за есенска потрошувачка кошница, ако ги земеме анализите на двете овие мерки значи доаѓа околу 3 000 денари поевтино на секое семејство….“- Бесар Дурмиши – министер за економија

Бизнис

Компаниите да ги користат можностите на домашната берза за електрична енергија порача Божиновска

Published

on

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО ДООЕЛ Скопје и Бирото за јавни набавки, организираа настан на кој беа презентирани придобивките од работата на домашната берза на електрична енергија, со акцент на идните заеднички активности на трите институции кои треба да придонесат во унапредување на македонскиот пазар на електрична енергија.

На настанот беше промовирана важноста институциите и компаниите, при процесот на јавна набавка на електрична енергија, да применуваат стандардни тендерски правила преку кои договорите за снабдување со електрична енергија би се индексирале согласно податоците на македонската берза на електрична енергија – Индекс на МЕМО-Пазар ден однапред (ПДО). Досегашната пракса, во отсуство на домашна берза на електрична енергија беше според индексирање на странските берзи на електрична енергија.

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини во своето обраќање истакна дека придобивките од индексирање на цената на електрична енергија согласно домашната берза се бројни, пред сè со оглед на тоа што веќе имаме конкурентна македонска берза каде цената по постигнат MWh е соодветна на реалната понуда и побарувачка на електрична енергија во нашата држава. Затоа е важно компаниите и институциите кои набавуваат електрична енергија за сопствени потреби да ги користат можностите на домашната берза за електрична енергија.

„Важно е институциите и компаниите, при процесот на јавна набавка на електрична енергија, да применуваат стандардни тендерски правила преку кои договорите за снабдување со електрична енергија би се индексирале согласно податоците на македонската берза на електрична енергија – Индекс на МЕМО-Пазар ден однапред (ПДО). Досегашната пракса, во отсуство на домашна берза на електрична енергија беше според индексирање на странските берзи на електрична енергија. Јакнењето на македонската берза е од клучно значење за нашиот енергетски сектор. Не само што обезбедува фер и конкурентни цени, туку и ја зајакнува нашата енергетска независност.“ изјави Божиновска.

На настанот присуствуваа претставници на релевантните чинители во секторот енергетика, државни институции и приватни компании, претставници на стопанските комори како и општините.

Маре Богева Мицовска, директорка на Бирото за јавни набавки подвлече дека со унифицирана тендерска документација ќе се намалат грешките и неусогласеностите во спроведувањето на постапките за јавна набавка на електрична енергија.

„Со примена на унифицирана тендерска документација за јавна набавка на електрична енергија ќе се зголеми ефикасноста во спроведувањето на постапките, што води и кон поголема заштеда на јавните средства“, истакна Богева Мицовска.

Богева Мицовска посочи дека Бирото за јавни набавки и понатаму останува партнер со учесниците на пазарот за јавни набавки, со што ја остварува својата цел и мисија.

Управителот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, ги презентираше достигнувањата на домашната берза каде 37 учесници секојдневно тргуваат, како и важноста од примената на информациите за цената на електрична енергија во постапките за јавна набавка на електрична енергија од македонската берза.

„Домашната берза на електрична енергија, речиси две години обезбедува сигурност и релевантни цени за секој час од денот. Ценовниот сигнал од пазарот „ден однапред“ кој го управува МЕМО е клучен индикатор за ефикасно функционирање на електроенергетскиот сектор во нашата земја. Овој сигнал не само што ги одразува реалните услови на понудата и побарувачката за електрична енергија, туку и игра суштинска улога во процесот на донесување одлуки од страна на сите учесници во пазарот, вклучувајќи ги компаниите-потрошувачи на електрична енергија.

Преку стабилни и точни ценовни сигнали од пазарот „ден однапред“, обезбедуваме сигурност за домашните учесници, ја зајакнуваме конкурентноста и ја унапредуваме подготвеноста за поврзување со регионалните и европските пазари“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевки во својата презентација се осврна и на идните планови и активности на МЕМО, она што следи е воведување на еврото како валута за тргување, во првиот квартал на оваа година, пазарно спојување (market coupling) со берзите на соседните земји и ЕУ, Развој на интрадневен пазар и гаранции за потекло (GOs) од обновливи извори.

Continue Reading

Бизнис

58.7 проценти од граѓаните сметаат дека Владата има искрени намери да се справи со корупцијата

Published

on

Корупцијата во земјава се зголемува – сметаат 32.2 отсто од граѓаните, наспроти 63 проценти пред две години, покажуваат податоците од новата анкета на „Детектор“.

– Американската црна листа на функционери има влијание во однос на започнувањето истраги и судски процеси поврзани со корупција, оценуваат мнозинството испитаници во истражувањето на јавното мислење, што за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Во анкетата спроведена од 24 до 27 декември, минатата година на 1.066 испитаници, вкупно 54.2 проценти од испитаниците даваат позитивно мислење за влијанието на таканаречената црна листа, се наведува во денешното соопштение.

Мнозинството испитаници позитивно ги оцениле напорите на САД да ја поддржат борбата со корупцијата во земјава.

– Тука е забележан раст во споредба со одговорите на истото прашање во 2023 – од 38.7 проценти кои дале позитивна оценка пред две години, на 47.3 отсто кои дале позитивен одговор на последната анкета. Постои одреден оптимизам во однос на справувањето со корупцијата, 32.2 отсто сметаат дека корупцијата во земјата се зголемува, додека пред две години ваков одговор дале 63 проценти од испитаниците. Дека корупцијата се намалува сметаат 24.8 проценти од граѓаните. Во 2023 за споредба, ваков став имале 9.3 проценти од испитаниците, се додава во соопштението.

Речиси две третини од испитаниците сметале дека Владата има искрени намери да се справи со корупцијата. Ваков одговор дале 58.7 проценти од испитаниците. Негативен однос кон намерите на Владата на овој план имале 29.8 проценти испитаници.

– Во моментов сѐ уште владее став дека корупцијата е широко распространета. На скала од 1 до 5 каде единицата значи дека корупцијата ја нема, а петката дека е распространета насекаде, граѓаните дале средна оценка 4, се истакнува во соопштението.

Судството и јавното обвинителство и овојпат биле рекордери со 69 проценти граѓани кои сметале дека има многу корупција во нивните редови.

– Заедно со оние 18 проценти кои велат дека ја има донекаде, прават вкупно 87 проценти кои сметаат дека има корупција, што е и големо зголемување споредено со 2023 година. Тогаш, вкупно 79 проценти сметале дека има корупција во овој сектор. И тогаш и сега, само 2.2 проценти рекле дека нема корупција во судството и јавното обвинителство. Прашани да ги детектирааат изворите на корупција, граѓаните на прво место ги ставаат судството и обвинителството, зад нив се политичките партии, а трет е секторот здравство, се додава во соопштението.

Покрај перцепција, граѓаните во анкетата изјавиле дека и лично се соочиле со корупција. Секој трет испитаник се нашол во ситуација да му биде побарано мито или самиот да понуди мито во ситуација каде не гледал друг начин да заврши работа.

– Тука има зголемување во однос на бројките од минатото истражување – пораст од 28.8 на 32 проценти кои директно и лично велат дека се соочиле со корупција, се додава во соопштението.

МИА

Фото: Детектор

Continue Reading

Бизнис

ПОЗНАТА КОМПАНИЈА НАЈАВУВА ОТКАЗИ – отпуштаат работници поради намалени нарачки, но подготвува и голема инвестиција

Published

on

Фабриката за чевли Планика ќе го намали производството за една третина поради падот на нарачките. Поради тоа ќе мора да отпуштат 20 работници, соопштија од компанијата. Во Планика моментално работат 206 работници.

Се намалуваат нарачките Техничкиот директор на компанијата, Милан Јаклин, објасни дека во последно време имаат помалку работа, што се обидуваат да го решат со внатрешно прераспределување на работното време. Но, не успеале да добијат нови нарачки, па сопствениците решиле да го намалат производството. Планика од крајот на 2022 година е во 100 отсто сопственост на германската компанија Мајндл Холдинг.

– Прво побаравме интерни прераспределби, но сепак е потребно да се намали бројот на вработени за 20 од вкупно 206 – изјави Јаклин, пренесе словенечката агенција за печат. Сопственикот и директор Лукас Мајндл ги информирал вработените за отпуштањата на работничкиот состанок во понеделникот на кој присуствувал и претставник на синдикатот, пишува неделникот Вестник.

Во февруари компанијата повторно ќе премине на петдневна работна недела, што значи враќање на вообичаената работна недела, која во октомври минатата година беше привремено скратена на четири дена поради намаленото производство, се вели во соопштението на Јаклин.

И покрај актуелните предизвици, компанијата продолжува со инвестиција од 1,5 милиони евра, додаде тој. Проектот вклучува изградба на нова продавница во Турнишче, која ќе нуди висококвалитетни планинарски обувки од брендовите Планика и Мајндл на повеќе од 300 квадратни метри. Во рамки на инвестицијата ќе се развијат и деловни простории. Јаклин увери дека моменталната состојба нема да влијае на реализацијата на инвестицијата.

– И покрај тоа што поминаа речиси 20 години од отворањето на нашата продавница за чевли во Турнишче, сепак гледаме голема побарувачка од индивидуалните клиенти кои сакаат да купат висококвалитетни планинарски чевли од брендовите Планика и Мајндл.

Инвестиција во нова продавница 

„Со поддршка на нашиот сопственик, успеавме да подготвиме проект за изградба на нова продавница која ќе нуди најголема палета на обувки Планика и Мајндл на поширокото подрачје“, се сумираат зборовите на техничкиот директор на компанијата, Милан Јаклин.

Извор: biznis/kurir.rs

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк