Connect with us

Uncategorized

ФЕРО ИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Развиваме енергетски решенија за по 5 години

Сопственикот на Феро Инвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Феро Инвест на годинешната ЕНЕРГО ТЕХНОМА ќе претстави решенија за решавање на проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години.

Феро Инвест ќе се претстави на претстојниот саем Енерго Технома 2024? Зошто оваа манифестација е важна за вашата компанија?

Анѓушев: Нашата компанија е една од водечките компании во техничката сфера во Македонија, особено во инжинерството, а посебно во еден дел и во енергетиката. Во таа смисла, цениме дека како една македонска компанија треба да дадеме придонес и да бидеме дел од секој вид ваква манифестација која што се случува во нашата држава и се однесува на развојот на нашата држава, а е поврзано со енергетиката, машинството, односно техниката генерално.

Кои се клучните производи и решенија што ќе ги презентира Феро Инвест на годинашниот саем? 

Анѓушев: Феро Инвест е компанија која што е пионер во енергетската транзиција, обновливи извори на ернергија и зелената енергија. Во таа смисла, започна пред 20-тина години со своите дејности во сите области на обновливи извори на енергетија, тргнувајќи со хидро електрани, биогас, фотоволтаици, проектирање од физибилити студија, изведување, мониторинг, одржување, па и откуп на електричната енергија, што значи едно вертикално интегриран систем.

Точно тој вертикално интегриран систем ние ќе го претставиме на саемот. Ќе ги претставиме најновите трендови во енергетиката во обновливи извори, а тоа се трендовите на интегрирани системи каде што ќе може да се презентираат и новите батериски системи кои што служат за складирање на енергијата. Тоа енергијата од обновливите извори ќе ја направи попредвидлива и ќе направи таа да може да се искористи тогаш кога ќе биде потребна, односно не само во моментот на нејзиното произведување, туку и подоцна.

Точно тоа како модел и концептуално решение ќе го презентираме на овој саем.

Кој е вашиот пристап во однос на иновациите во областа на енергетиката и технолошките решенија? На кој начин се обидувате да бидете чекор пред конкуренцијата?

Анѓушев: Јас сум инженер, и во мојата работа секогаш го комбинирам инженерско знаење, мојата страст за иновации и страст да изнаоѓам нови решенија, и многу важно-ја согледувам големата слика, бидејќи ништо не важи само за една земја, особено во енергетиката.

За да бидете чекор пред сите треба да ги предвидувате работите, а да ги предвидувате работите треба да имате широка анализа и знаење за состојбите бидејќи енергетиката не е локална работа која што се случува само во Македонија. Таа е работа која што е, јас би рекол, и континентална, зборувам за Европа, и во таа смисла морате да можете да ги предвидите трендовите.

Ние уште пред две години почнавме да работиме на батериските системи кои што сега стануваат актуелни.

А уште од сега најавуваме дека во иднина, во следните 5 – 6 години ќе треба да се размислува на интегрирани, вертикални, компактни енергетски решенија. Кога тоа го зборувам, значи да се размислува на повеќе начини. Да речеме на закуп на складирање, закуп на фотоволтаици, на виртуелни производители, виртуелни електрани, сето тоа може да звучи малку апстрактно, но ние во Феро Инвест сме поприлично сигурни дека работата ќе оди во тој правец, како што и бевме сигурни и пред 2 – 3 години дека батериските системи ќе бидат решение за одржлива енергетска транзиција.

Еден од фокусите на саемот е одржливата енергија. Кои се најновите проекти на Феро Инвест поврзани со обновливите извори на енергија?

Анѓушев: Најновиот проект кој што ќе биде, во главно, доминантно претставен на овогодишниот саем ќе бидат батериските системи за складирање на електрична енергија, и тоа на четири нивоа. Едно ниво за домаќинства, оние домаќинства кои што трошат во четвртата група каде цените се највисоки, а тоа се поголеми куќи, поголеми објекти. Втората група се фабрики, кои што имаат поставени фотоволтаици, или пак се уште немаат, но тие својата потрошувачка на електрична енергија ја оптимираат по цена и количина. Понатаму, станува збор за фотоволтаични електрани изградени на земја, па да се надградат со батериски системи, или веднаш новите електрани што се градат да се изведуваат веќе со батериски системи во нив, и тоа е третата група. И последно, да се прават само сториџи, односно клиентот да прави енергетски сториџ (склад) за свои потреби. Тоа е контејнерски систем на сториџи за електрична енергија со поголем капацитет.

Сите овие четири типови на проекти како наши производи, односно како наши интегрирани инжинерски решенија, ќе бидат претставени на саемот.

Како ја гледате иднината на енергетската индустрија во Македонија? Каде гледате потенцијал за раст и подобрување, особено во контекст на иновации и нови технологии?

Анѓушев: Енергетиката како и секогаш досега треба да се гледа 5 – 10 години однапред. Се разбира, ние како Македонија немаме големи ресурси во делот на природни ресурси во смисла на јаглен, нафта, гас, па да очекуваме дека од тоа би произведувале електрична енергија. Јагленот е веќе скоро исцрпен, останува хидро потенцијалот каде има некои претстојни и помали и поголеми проекти, биогасните електрани кои не се едноставна технологија, и остануваат обновливите извори за енергија кои се непредвидливи во производството, сонце и ветер. Меѓутоа, повторно ќе кажам дека обновливите извори за енергија или така наречената енергетска транзиција никако не може да биде одржлива доколку не се мисли и на балансирањето на таа енергија односно, на складирањето на енергијата во целина.

Кои се вашите очекувања од саемот Енерго Технома 2024 во однос на нови деловни можности и проширување на вашата мрежа на контакти?

Анѓушев: Во Македонија ние сите се познаваме и знаеме кој и што работи и клиентите добро не познаваат, меѓутоа е добро што ќе има едно место и еден простор на кој што сите кои што се заинтересирани ќе може да дојдат и да ги видат нашите производи кои што погоре ги објаснив, а тука ќе биде интересно да видиме и да размениме искуства со фирмите кои што се слични на нашата кои што ги работат истите области. 

Така што, очекуваме Енерго Технома 2024 да биде една добра можност за контактирање со сродни компании и со клиенти. 

Uncategorized

Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат

На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.

„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.

Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.

„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.

Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.

Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.

Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.

Целата вест можете да ја прочитате на: Мерц се залага за користење на замрзнатите руски средства – DW – 18.12.2025

Continue Reading

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг