Connect with us

Македонија

Првиот вицепремиер Меџити со порака: Да се грижиме за здравјето на жените и важноста од раната дијагноза на ракот на дојка

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествуваше на симболичниот марш организиран по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката. Тој рече дека ова е важен ден, повик за свест и надеж, порака за солидарност која не прави да застанеме покрај оние кои храбро се борат.

„Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојка – силен повик да се грижиме за здравјето на жените и важноста од раната дијагноза.
Денеска заедно со Форумот на жените на Демократското движење се приклучивме на симболичен марш да го одбележиме овој месец и да им дадеме поддршка на сите кои се соочуваат со оваа болест“, истакна Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити потсети дека редовните контроли и раното откривање се одлучувачки чекор на патот кон победата над оваа болест.
На крајот, тој ја пренесе пораката да се грижиме, да поддржиме и да дадеме надеж на секоја жена која денес се соочува со овој предизвик.

Македонија

Битола добива нова адреналинска атракција: Памп Трак полигон во Градскиот парк

Published

on

Во Градскиот парк во Битола се финализира изградбата на „Памп Трак“ полигонот – нова спортско-рекреативна содржина за љубителите на велосипедизмот, скејтбордите, ролерите и другите екстремни спортови.

Овој уникатен проект е дел од стратегијата за унапредување на спортската инфраструктура и рекреативните можности во градот. Полигонската патека е дизајнирана за адреналински возења и вештини, а наскоро ќе биде достапна за јавноста по завршувањето на техничкиот прием.

Памп Трак полигонот е природно продолжение на веќе постојните и новоизградени велосипедски патеки, кои придонесуваат кон поврзување на урбаниот и природниот простор. Со ова, Битола станува град кој ја промовира активната рекреација и современиот спортски животен стил.

Вљубениците во спортот и природата наскоро ќе можат да уживаат во оваа нова авантура, која ќе го збогати спортскиот дух на градот и ќе ги привлече сите генерации.

https://www.facebook.com/share/v/14VmgpfqvD/?mibextid=WC7FNe

Continue Reading

Македонија

(фото) ФАТЕН НА ДЕЛО: Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми

Published

on

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности напиша директорот на Македонски Шуми, Кире Михаилов!

Денеска, во координирана акција на ОВР Делчево, Шумската полиција и нашите служби, беше запленето товарно возило натоварено со огревни дрва без соодветна документација. 

Приведено е и едно лице вработено во ЈП “Македонски Шуми” со сериозни сомнежи за инволвираност во нелегални активности и членство во организирана криминална група.

Во тек е истрага за целосно расветлување на случајот и идентификација на други лица инволвирани во оваа незаконска мрежа.

Continue Reading

Македонија

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Published

on

Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.

На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.

На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.

Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.

Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк