Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме помеѓу Карпош, Струмица и централната власт

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, порача дека Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе посредува и обединува, во обид да ги надмине разликите помеѓу општините Карпош, Струмица и централната власт. Според него, целта е да се постигне заедничко разбирање и надминување на сите кризни моменти, со цел обезбедување на стабилност и континуирано функционирање на локалните единици.

„ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, туку ЗЕЛС ги надминува кризите,“ изјави Ѓорѓиевски, изразувајќи задоволство од одлуката на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, да остане во рамките на ЗЕЛС.

Исто така, Ѓорѓиевски најави и интензивирање на комуникацијата со градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој често е критичар на ЗЕЛС. „Мојот потпретседател Перо Костадинов, исто така од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе се потруди во улогата на медијатор за надминување на овие несогласувања,“ истакна тој.

Претстојат средби со засегнатите градоначалници и претставници на централната власт, кои ЗЕЛС ќе ги организира во наредните денови, во обид за разрешување на сите отворени прашања и унапредување на соработката. „Застануваме позади секој наш колега, без оглед на партиската припадност. Заедно ќе ги надминеме сите проблеми,“ порача претседателот на ЗЕЛС.

Македонија

Министерката за енергетика очекува стабилна грејна сезона

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска денеска беше во посета на најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава – РЕК Битола.

– За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран, а веќе влеговме во грејна сезона. Таа постројка според оперативниот план, требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано. Колку што е возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и периодично да се вклучува во електроенергетската мрежа – рече Божиновска.

Во соопштението се вели дека „РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока. Во претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот блок“.

– Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија во текот на зимата – рече Божиновска.

Continue Reading

Македонија

Паркинг местото стана арена: Физичка пресметка во Ѓорче Петров по недоразбирање

Published

on

На 27.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(69), О.Р.(45) и С.Р.(22) од една страна и З.Р.(59), А.Р.(23) и Е.Р.(22) од друга страна, сите од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Што се случи во Чаир? Престрелка оштети прозорци

Published

on

Во Скопје, во Чаир, се случи нова престрелка. Вчера, во областа на Бит Пазар, со огнено оружје беа оштетени прозорците на куќи и две возила. Една од оштетените куќи и возилата припаѓаат на А.С. (40) од Скопје, а повредени се и прозорците на соседната куќа во сопственост на Џ.Л. (35). Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нема повредени лица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк