Connect with us

Македонија

НА 9 ДЕКЕМВРИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦРКВАТА СО АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО, ФРЕСКИТЕ СЕ ЦЕЛОСНО РЕСТАВРИРАНИ И КОНЗЕРВИРАНИ

Published

on

На 9 декември, кога се прославува верскиот празник Свети Ѓорѓи, конечно ќе бидат отворена и црквата „Свети Ѓорѓи“ од 12 век во преспанското село Курбиново, каде заврши заштитата на објектот и ѕидното сликарство во внатрешноста на храмот е целосно реставрирано и конзервирано.

Заштита на ѕидното сликарство кое долги години беше под ризик да биде оштетено, се спроведе во изминатите две години со средства на Министерството за култура и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, Грција. Активностите се изведуваа додека со Завод и музеј Битола раководеше претходната директорка Мери Стојанова, а на терен заштитата ја спроведе грчки и македонски експертски тим.

Црква во Курбиново е еден од најзначајните византски средновековни споменици на културата на Балканот. Овој црковен бисер е познат и како македонската Мона Лиза поради живописот со особените сликарски остварувања и е еден од ретките претставници на уметничките текови од крајот на 12 век. Препознатлив е најмногу по оригиналната фреска на ангелот на благовестието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари.

Храмот подолго време помина оставен на забот на времето, со нарушена статика и пожолтени фрески. Заштитата долго време беше заглавена во проекти на хартија и долги административни постапки меѓу институциите, па народот имаше изгубено надеж дека ќе дојде денот кога ќе се спаси Ангелот од Курбиново.

Во 2020 тогашната министерка за култура Ирена Стефоска го прогласи Курбиново за културно наследство во опасност, откако ѕидовите на некои места распукаа, а фреските пожолтеа, меѓу кои и ангелот на благовестието Гаврил. Договорот со експертите од Солун беше потпишан во јуни 2021. Тогаш беше отворена и посебна буџетска линија во Министерството за финансии: културно наследство во опасност.

Изминатите години Министерството за култура вложи поголема сума на пари за заштита на црквата. Се случуваше на годишно ниво најмногу пари од областа на културата во Битолско-Преспанскиот Регион државата да ги вложи за заштита на македонскиот црковен бисер „Св. Ѓорѓи“. Па така, се успеа да се дозвршат конзервацијата и реставрацијата на архитектурата и на фрескоживописот. Останува во иднина само уште да се конзервира ѕидното сликарство на фасадите.

Директорот на Завод и музеј од Битола Зоран Николовски, кој на функцијата дојде во септември годинава, најави дека црквата во Курбиново ќе биде повторно отворена на 9 декември, денот кога се прославува верскиот празник Свети Ѓорѓи, а во рамки на програмата за одбележување 90 години работа на Завод и музеј Битола.

Македонија

ВЕЧЕР: Судот дозволува ДИЛЕРИ ДА ДИВЕАТ И УБИВААТ ПО УЛИЦИТЕ

Published

on

20 годишниот Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 22 годишната Фросина Кулавкова пред две ноќи на булеварот „Партизански одреди“ е дилер на дрога, уште од времето на минатата власт.

Автомобилот кој го возел му е подарок од семејството и тие знаеле дека го вози без возачка дозвола.

Во март-април 2024 година, тој е фатен со кокаин и амфетамини, по што Судот му определил мерка притвор во траење од 3 месеци. 

Потоа Судот со одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска го пуштила на ресоцијализација во ВПД Тетово.

Како што наведува и самиот Кривичен суд, за Васил Јованов сеуште нема конечна, финална пресуда за дилањето дрога.

Кривичниот суд соопшти дека претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот Васил Јованов, тој на 31.07.20204 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела: Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а во согласност со одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка : Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се засметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. 

Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција.

Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување.

Согласно евиденцијата на судот истиот не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир.

Значи, стандардно, за вакви случаи на дилери кои се едноставни за докажување, пресудите се донесуваат брзо, со казни затвор од најмалку 1 -1,5 години затвор, но за младиот полнолетник не е донесена конечна пресуда, што му овозможува слободно да се движи и делува.

Да била донесена пресудата од Судот на стандарден и законит начин, тој би бил во затвор, а не во автомобил во кој бил во состојба на дрога или алкохол.

За Судот нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа.

-Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор? – прашува Кривичен.

За да немаме дилеми кој, каков и за кого одработува обвинителството и судството, да потсетиме дека Зоран Милевски Кичеец, формално во затвор во Струга, учествуваше во сообраќајка во која загина човек, за што доби казна од само 6 месеци.

Извор: vecer.mk

Continue Reading

Македонија

Граѓаните бараат одговорност за загинатата Фросина: Врските не враќаат човечки живот!

Published

on

Пред пекарницата „Силбо“, на булеварот Партизанска во Скопје, денеска се собраа граѓани во знак на почит кон прерано згаснатиот живот на 22-годишната Фросина Ќулакова од Неготино.

Дел од нив со транспаренти во рацете испратија пораки до властите: „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“; „Не е несреќа, туку убиство“; „Обвинители = соучесници убијци“; „Врските не враќаат човечки живот“.

Токму на ова место, во средата, таа беше прегазена од автомобил додека ја преминуваше улицата, на пешачки премин и на вклучено зелено светло за пешаци.

Граѓаните продолжија да маршираат кон Собранието, а потоа кон Кривичниот суд. Пред Собранието беше скандирано „Бараме решенија и одговорност“ и беше кажано дека не може една година на улиците да има камери ама тие да не функционораат, бидејќи не се носат законските измени.

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ ја удри со автомобил во 22-годишната Кулакова, која почина на самото место. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено.

Continue Reading

Македонија

Скриената порака на македонските банкноти: Што се открива ако ги осветлите со УВ-зрак?

Published

on

Дали сте знаеле дека македонските банкноти од 200 и 2000 денари кријат скриени детали што можат да се видат само под ултравиолетова светлина? Ако ги осветлите со УВ-зрак, ќе забележите специјални безбедносни елементи кои го потврдуваат нивниот автентичност и го прават фалсификувањето речиси невозможно.

Графичкиот дизајн на овие банкноти е дело на Ласко Џуровски, а неговата уметничка визија е комбинирана со најсовремените заштитни технологии. Па, ако имате УВ-ламба при рака, пробајте – можеби ќе откриете нешто што не сте очекувале!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк