Connect with us

Скопје

Падна дел од барокната фасада на зграда во центарот на Скопје

Published

on

Падна парче од барокна фасада на зграда во строгиот центар на Скопје. Од фасадата со безброј пукнатини сега висат уште неколку делови кои се потенцијална опасност за граѓаните. Инцидентот се случил рано утринава и за среќа нема повредени, туку направена е само мала материјална штета. Под зградата има неколку кафулиња, па парчето од фасадата паднало врз рекламен знак на едно од нив. Рекламата се срушила, а вработени од кафулето за Сител велат „среќа не бевме отворени бидејќи можело да падне врз некој од гостите“. Тие ни кажаа дека уште пред еден месец пријавиле оти висат делови од фасадата кои може да се откорнат, но не реагирал никој.

Зградата се наоѓа на улица Македонија каде секој ден минуваат и седат стотици луѓе, многумина од нив туристи. Оние кои ги прашавме, ни рекоа дека голем број од барокните фасади се распаѓаат и се плашат за својата безбедност.

Од Град Скопје велат дека не се надлежни за одржување и станарите треба да си ја санираат штетата.

За реновираните фасади на згради на улица Македонија кое го вршел Град Скопје кога градоначалник бил Коце Трајановски, а во рамките на проектот ‘Скопје 2014‘ за кој Владата во тоа време наменила средства, а кои се на објекти во туѓа сопственост, Град Скопје нема обврска ниту договор за одржување. За истото неопходно е да се обратите кај сопствениците на објектите“.

Според деканот на градежниот факултет, веднаш треба да се направи преглед и поправка за да се избегне поголем инцидент.

За обновата на десетина згради  во рамки на „Скопје 2014“ беа потрошени речиси 14 милиони евра.

Скопје

Четиригодишно дете пренесено во Клинички по излетувањето на автомобил во Вардар

Published

on

Припадници на специјалната полициска единица „Тигар“, полициски службеници, Итна медицинска помош и јавен обвинител се на местото каде попладнево автомобил излета во водите во Вардар.

Од полицијата информираат дека пријавата ја добиле во 16 часот, дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

„Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител. Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар“, велат од МВР за Курир.

Continue Reading

Скопје

Апсења низ Центар и Карпош

Published

on

На првиот ден од новата 2025 година, низа апсења низ главниот град. 

– На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.В.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

– На 01.01.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Р.Е.(26) од село Крушопек, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле А.М.(24) од Кичево, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите. 

Continue Reading

Скопје

Извршен увид на лице место на скопската обиколница

Published

on

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице.

Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк