Connect with us

Македонија

Дворот на подрачното училиште во населба Горно Оризари со нов лик и реконструирана инфраструктура

Published

on

Подрачното основно училиште „Тодор Ангелевски“ – Населба Горно Оризари -Битола, доби нова фекална и атмосферска мрежа, која е од исклучителна важност за училиштето. Заменети се старите водоводни цевки на водоводната линија во школскиот двор, заменети се сите капаци од шахтите во школскиот двор, кој ја осигуруваат безбедноста на учениците. Реконструирани се 500 квадратни метри пешачки патеки во школскиот двор на ПОУ „Тодор Ангелевски“- Населба Горно Оризари, информира Благоја Трајковски раководител на училиштето.

Во следниот период е планирано хортикултурно уредување на зелените површини во школскиот двор, на кој најмногу ќе се радуваат учениците.

„Како што сите знаеме, секој почеток е тежок. Се кажува дека големината за успесите е упорноста, желбата и истрајноста за тоа што го работиме, кога сето тоа се работи со љубов, тогаш ќе се исплати. Голема благодарност до фирмите: – Хидроинженеринг дооел-Пеце Ристевски кој е заслужен за убавиот изглед на пешачките патеки во школскиот двор,со донација од 500 метри квадратни бекатонски плочници. – Јоска транс трејд- Зоран Блажевски, – Боливе дооел- Зоран Стојановски, – Екстра бабале- Боби Божиновски. Благодарност до градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски на Општина Битола. Благодарност до нашиот драг пријател и наш родител Пеце Милевски кој секогаш придонесува и помага за потребите на нашето училиште. Исто така им благодариме на директорот Зоран Талевски и вработените на КЈП Јавно претпријатие Нискоградба – Битола. Благодарност до ЈКП Водовод – Битола. Им благодариме на урбаната заедница „Горно Оризари“, родителите и до сите други кои на некој начин придонесоа за успешна реализација за реконструкција на школскиот двор на ПОУ „Тодор Ангелевски“ – Населба Горно Оризари. Ви благодарат учениците на ПОУ „Тодор Ангелевски“ – Населба Горно Оризари за несебичната помош и придонес за подобрување на условите на нашето училиште, без вас немаше да успееме, стои во изјавата на Благоја Трајковски раководител на ПОУ „Тодор Ангелевски“ Населба Горно Оризари – Битола.

Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ РАЗРЕШИ 5 ЧЛЕНА НА СУДСКИОТ СОВЕТ, се чека средување на обвинителството

Published

on

Извесно е дека после празниците во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците. Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека размислуваат за такви активности за следниот месец.

– Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште траат тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период – рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

За правдата, додаде премиерот, не се доволни само полициските акции.

– Тоа беа историски, досега незапаметени акции, кои ги направија МВР, СВР Скопје, БЈБ и АНБ. Но, не одат работите во правецот што го очекуваат граѓаните. Ние како Влада ќе се бориме против криминалот и корупцијата преку МВР, но очекуваме целата состојба да биде комплетна откако и другите институции ќе разберат дека граѓаните мора да ја добијат правдата и дека правдата за сите ќе биде подеднаква – рече денеска премиерот.

Собранието не го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет за 2023 година, па според одредени толкувања тоа може да биде основ за разрешување на оние членови на Советот кои се избрани од пратениците. 

Тоа се членовите кои во Законот за Судскиот совет се дефинирани со терминот „истакнати правници“. Моментно, како истакнати правници во Советот членуваат Весна Дамева, која неодамна поднесе оставка од функцијата претседател, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска.

Судскиот совет има вкупно 15 члена. Освен правниците, членуваат 8 судии кои се избираат на непосредни судски избори, а членови по функција се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Од петмината правници, тројца ги избира директно Собранието, а останатите двајца ги предлага претседателот на државата, а ги избира Собранието.

Continue Reading

Македонија

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај?

Published

on

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч, во месноста Хамалај, позната по прекрасни песочни плажи и приватност.

Информациите во медиумите за локацијата на Груби протече од членови на Владата и одредени институции кои имаат неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско море.

Претходно, вицепремиерот Изет Меџити, во интервју за албанската „Ора њуз“ рече дека и, според неговите информации, Груби не е повеќе во Косово, туку во Албанија.

„Со бегството тој ја докажа вината и затоа побегнал од државата. Мислам дека денес, утре или задутре, тој еден ден ќе се соочи со правдата“, рече Меџити.

Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15 декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, пишува „Фокус“повикувајќи се на полициски извори и извори од владата.

За поранешниот вицепремиер Груби, кој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не сака да шпекулира дали побегнал во Албанија или во Косово.

„Факт е дека не бил „чист како солза“, бидејќи ако бил, немало потреба да биде бегалец од правдата – ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“, рече Мицкоски, кој смета дека тој не е политички бегалец, туку бегалец од правдата и затоа очекува да не добие азил во странство.

Груби, на 15 декември, замина од Македонија преку граничниот премин „Блаце“ за Косово. Иако беше ставен на „стоп-листа“ по наредба од јавен обвинител, беше пропушен од полициијата. Тој беше во друштво на бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику. Внатрешната контрола при МВР утврди дека полицискиот службеник ги завел Груби и Папранику дека пешки ја минале границата, не го евидентирал возилото и не почекал системот да јави дали има активна мерка.

Од СДСМ обвинија дека, ВМРО-ДПМНЕ го пушти Груби да избега и атоа сметаат дека одговорноста за бегството е целосно кај нив и МВР.

Извор: Нетпрес

Continue Reading

Македонија

На 20 март подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците

Published

on

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски.

Како што информираше Костадиновски на последната прес-конференција, за листата на учесници на подготвителната седница биле предложени повеќе од 20 имиња, експерти по уставно право, меѓународно право, човекови права и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права.

На седницата на Уставниот суд на 11 декември Костадиновски истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој тогаш најави дека најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.

– По завршувањето на подготвителната седница, не повеќе од месец дена, ќе им бидат потребни за разработка на рефератот врз основа на резултатите од подготвителната седница, што значи, како што рече, најдоцна во мај Судот ќе одлучува по предметот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк