Connect with us

Балкан

И македонски државјанин меѓу жртвите на несреќата во Нови Сад

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на јавноста по трагичниот настан во Нови Сад, каде што дел од зградата на Железничката станица се урна, при што загинаа 14 лица.

Како што вели, меѓу жртвите има и македонски државјанин.

„Нѐ погоди голема трагедија. На главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз многу луѓе. Сè уште не успеавме да ги утврдиме идентитетите на пет лица, осум од загинатите се српски државјани, а едно лице е од Македонија. Во име на сите граѓани, изразувам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме сè за да ја минимизираме штетата и да им помогнеме на оние кои ги загубија своите најблиски,“ изјави претседателот.

Балкан

Снегот го парализира сообраќајот во Хрватска, проблеми и во Бања Лука каде откажана е настава

Published

on

Снегот што паѓа во делови од земјите во регионот предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Хрватска, Босна и Херцеговина, a и делови од земјава се под снег.

Патиштата се влажни, а некои патишта се затворени за сообраќај, особено за товарни возила.

Поради бурните ветрови и провејувањето на снегот, густиот сообраќај и метежот на повеќето патишта низ Лика и Горски Котар, Хрватскиот автомобилски клуб ги советува возачите да го одложат патувањето додека не се подобрат условите.

Во поголемиот дел од Хрватска патиштата се влажни или влажни и лизгави, а снегот паѓа на северното хрватско крајбрежје, делови од централна Хрватска, Славонија и далматинската заднина. Повеќето државни патишта низ Лика се затворени за сите групи возила поради снежни наноси и бурен ветер.

Суспендирани се бројни линии на траект, катамаран и брод. Можни се услови за мраз, особено на мостовите и надвозниците во внатрешноста. Возачите се предупредуваат да ја приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не излегуваат на патиштата непотребно.

Поради зимски услови и бурни ветрови, во моментов нема слободна траса за камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец на Риека/Истра и Далмација и обратно.

Снегот кој почна да паѓа, предизвика проблеми во Бања Лука, каде сообраќајот се одвива отежнато од раните утрински часови. На Западниот транзит се формираа големи линии возила. Патиштата се слабо исчистени, а има голомразица поради што возењето е бавно. Откажана е и наставата во некои делови.

Покрај снегот, проблем е и мразот. Снег паѓа во поголемиот дел од БиХ, што го забавува сообраќајот и го отежнува движењето на возилата на планинските превои.

Continue Reading

Балкан

Посилен земјотрес ја погоди Грција

Published

on

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција околу 17:30 часот.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри, на 33 километри северозападно од Патра.

Граѓаните велат дека земјотресот траел многу долго и бил почувствуван многу силно.

Засега нема информации за материјална штета.

Continue Reading

Балкан

Албанија ќе го затвори ТикТок

Published

on

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека социјалната мрежа TikTok, во сопственост на кинеската групација BiteDance, ќе биде затворена во земјата најмалку една година, почнувајќи од почетокот на 2025 година.

„ТикТок е како маалски силеџија“, рече Рама на состанокот во Тирана со наставници, родители и психолози Албанци.

Рама додаде дека TikTok ќе биде затворен една година и дека во тој период ќе се спроведуваат програми кои ќе служат за „едуцирање на учениците и помош на родителите да го следат напредокот на нивните деца“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк