Connect with us

Македонија

Министерот Филков со поддршка за новиот Закон за судска служба и подобрување на условите за правосудните работници

Published

on

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), предводени од претседателот Трпе Деаноски. На средбата беа разгледани прашања од големо значење, како што се колективниот договор, платите на вработените и подготовката на нови законски решенија кои директно го засегаат правосудниот сектор.

Една од клучните иницијативи на Министерството за правда е подготовката на нов Закон за судска служба, кој има за цел да го унапреди постојното законодавство и да обезбеди подобри услови за работа и заштита на правата на вработените во судскиот систем. Претставниците на УПОЗ на средбата ги истакнаа своите приоритети и побараа поддршка за решавање на клучни прашања, со цел унапредување на условите за работа и зајакнување на правата на вработените.

Филков ја нагласи важноста на овие прашања и посветеноста на Министерството за правда во поддржувањето на вработените во правосудниот систем, со цел обезбедување на правична и ефективна правосудна практика во земјата.

Македонија

Вевчанскиот карневал и годинава традиционално на 13 и 14 јануари

Published

on

Вевчанскиот карневал е слика и прилика на тоа што се случувало во општествено – политичкиот живот, од претходната година, на специфичен начин, изјави денеска градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, на прес-конференцијата во Скопје, посветена на овој традиционален настан.

Тој се осврна на традиционалните маски и додаде дека секое издание на карневалот има и нови маски. Очекуваат голема посетеност на 13 и 14 јануари кога ќе се одржува Вевчанскиот карневал.

– Вевчанскиот карневал со своето илјадагодишно постоење е повеќе од традиција – тој е еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, што и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата култура и традиција, нагласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Вевчанскиот карневал, според Љутков, е потврда за посветеноста и љубовта на вевчанци кон своето наследство, кои со своите упорност и страст го задржаа жив духот на карневалот и ја потврдуваат неговата важност.

Креативните маски, истакна Љутков, се повеќе од уметнички дела, тие се огледало на времето – носат пораки, раскажуваат приказни и на уникатен начин го поврзуваат минатото со сегашноста.

– Наша цел е да го промовираме Вевчанскиот карневал како национален бренд што нуди уникатно искуство и што како спој на културата и туризмот, привлекува и ќе привлече уште поголемо меѓународно внимание и посетеност. Од тие причини, заедно со локалните власти и бизнис-партнерите, работиме на тоа карневалот да го достигне својот полн потенцијал и во меѓународни рамки, подвлече министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Љутков рече дека карневалот немал поддршка неколку години претходно, но дека сега има поддршка од Министерството за култура. Дополнително ќе се знае сумата по одлуката на Комисијата што одлучува по конкурс, каде конкурирала и Општината.

Во рамки на карневалот најавена е и музичка програма. Во недела вечерта на 12 јануари ќе настапат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“, а следната вечер, „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.

Continue Reading

Македонија

ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМИ ВО ЗДРАВСТВОТО Мицкоски најавува системски решенија со преземање конкретни мерки

Published

on

Премиерот изјави дека ќе се ангажираат околу 300 специјализанти, ќе се вработуваат околу илјада лица низ здравствените установи, не само лекари, туку и среден медицински персонал, болничари, техничари, ќе се работи на структурни промени и регионализација по теркот на европското здравство.

Суштински и децениски се проблемите во здравството, но се преземаат бројни мерки за да се решаваат проблемите, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања за здравство, при посетата на Општина Велес.

Мицкоски изјави дека ќе се ангажираат околу 300 специјализанти, ќе се вработуваат околу илјада лица низ здравствените установи, не само лекари, туку и среден медицински персонал, болничари, техничари, ќе се работи на структурни промени и регионализација по теркот на европското здравство. Претседателот на Владата најави и зголемување на платите на вработените од здравствениот сектор, последователно наредните четири години.

– Големи се и би рекол суштински се проблемите во здравството што се таложеле, не би рекол со години, би рекол со децении. И навистина, за овие шест месеци еве седми месец, правиме многу работи коишто во минатото под тепих биле ставани или би рекол системски како проблеми се случувале и системски не се решавале и сега мора во еден момент сето тоа системски да се реши – изјави премиерот.

Тој потсети дека се решава статусот на околу 300 специјализанти, мандатот, потенцираше го почнал во Штип и еден од приоритетите е продолжување на изградбата на клиничката болница, нагласувајќи дека е постигнат историски договор со синдикатите.

– И веќе во ноември беше зголемена паричната маса за десет проценти за исплата на платите на здравствените работници тие внатре ги нивелираа, повеќе за средномедицинскиот кадар, техничкиот персонал, помалку за лекарите. Сега веќе од март, пет проценти и тој договор ако се биде како што треба за следниве четири години треба за педесетина проценти да ја зголеми паричната маса за исплата на платите на лекарите и медицинскиот персонал – изјави Мицкоски.

Во изјавата за медиумите, претседателот на Владата истакна дека Фондот за здравство заедно со Министерството воведе нови лекови на позитивната листа, Фондот раздолжил преку пет милијарди денари стари долгови или 80 милиони евра. Во моментов додаде тој, дека трае административната процедура има административна согласност за вработување на повеќе од илјада лица во здравствените институции во државата, која претходно ја упатиле здравствените институции, здравствените домови, болниците до Фондот кој ја доставува до Министерството за здравство, па до Министерството за финансии на одобрување.

– И таму ќе има многу лекари од примарната здравствена заштита, но ќе има и такви коишто ќе бидат среден персонал, болничари и техничари, сестри итн. но ќе има и такви коишто ќе бидат од секундарното здравствено што ќе нудат специјалистички услови така што систематски чекор по чекор ги решаваме сите овие активности. Апсолутно сум запознаен, мојата мајка беше матичен лекар во поликлиника Ѓорче точно знам со какви се предизвици со кои се соочуваат таа сега е пензионер се разбира и од тогашните осум матични лекари на територија на поликлиника Ѓорче Петров денеска имаме три. И тоа е проблем којшто треба да го решаваме и го решаваме и не го ставаме под тепих туку го решаваме. Мене ме радува фактот што голем дел од лекарите коишто изминатиов период заминаа дел од нив се враќаат. Само во месец декември имав можност со пет луѓе да разговарам којшто од Германија се враќаат повторно во Македонија и сакаат повторно да се вклучат во здравствениот систем – изјави премиерот.

Одговарајќи на новинарски прашања рече дека распределбата ќе биде насекаде во државата. Тој повтори дека повеќе од илјада ќе се вработат во здравствените институции, не само лекари, туку среден медицински кадар, сестри, техничари, болничари, лекари во примарната здравствена заштита, во секундарната кои ќе понудат специјалистички услуги, но дека треба да се запази процедурата која очекува да приврши во јануари и да се распишат огласите.

– Ова е процес којшто е динамичен и којшто цело време бара нови решенија итн. но ние сè додека не се вклучиме реално да направиме структурни измени во здравствениот систем во смисла на регионализација, ќе имаме проблеми ќе имаме недостатоци. Ние сериозно мора да влеземе во регионализацијата и дел од здравствените институции да го намалат степенот на би рекол, услуги коишто се нудат болници да бидат поликлиники итн. итн. ако сакаме, ако сето ова да биде во рамките на европските стандарди, ако сакаме да имаме клинички центар во Скопје, клиничка болница во Штип, Битола и Тетово, ние мораме да видиме кои здравствени институции ќе прераснат во поликлиники или здравствени домови ако сакаме да имаме здравство по теркот на европското – додаде премиерот.

Тој рече дека имало здравствени установи каде што имало по само 17 лежечки пациенти годишно, а се трошеле, како што нагласи, милиони денари за пералните кои пак биле давани на приватни оператори, а струјата ја користеле од здравствените установи и ја плаќале граѓаните. Премиерот најави расчистување на случаите и рече дека ќе има одговорност. Појаснувајќи го концептот на регионализацијата претседателот на Владата, истакна дека клиничките болници ќе покриваат поголема територија и ќе бидат на повисоко ниво од болниците, што е дел од европскиот концепт на здравствен систем, додавајќи дека структурните реформите се неопходни за процесот.

Continue Reading

Македонија

Тепачна на Маршал Тито во Тетово: Полициката интервенирала

Published

on

На 02.01.2025 во 16.20 часот во СВР Тетово З.А.(41) од с. Синичане, пријавила дека нејзиниот малолетен син на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк