Connect with us

Бизнис

“BLISS“ го отвора својот главен дел – подгответе се за новото шопинг искуство во Битола!

Published

on

По успешното отворање на “retail park“ делот ова лето, “BLISS“ сега ги подготвува финалните детали за главното отворање на целиот центар. 

На 8 ноември во 13:00 часот, “BLISS“ конечно ќе ги отвори своите врати за сите посетители, носејќи уште поголем избор на продавници, брендови и забавни содржини кои го прават овој објект новата омилена дестинација во регионот. 

Сместен на стратегиска локација во Битола, “BLISS“ е проектиран со модерен дизајн и простори кои нудат извонредно шопинг и забава за посетителите од сите возрасти.

Центарот нуди модни и спортски брендови, супермаркет, технолошки продавници и многу повеќе, овозможувајќи целосно уживање во секоја посета. 

“BLISS“ е создаден за да биде многу повеќе од шопинг центар – ова е место каде што стилот и удобноста се спојуваат, давајќи нова дефиниција на шопинг искуството за жителите на Битола и пошироко. 

Не го пропуштајте 8 ноември, после 13.00 часот дојдете и бидете дел од “BLISS“ приказната!

Бизнис

СЕКОЈ ДЕН „ФРЧАТ“ ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ВЧЕРА БЕА И ПОЛОВИНА МИЛИОН – инвеститори не прашуваат за цена за акции на Комерцијална банка

Published

on

Вчерашниот ден бил прилично „плоден“ на Македонската берза. И по промет, и по блокови, и по постигнати цени на акции. 

Акциите на Комерцијална банка вчера со нова рекордна вредност, надминаа 29 илјади денари за акција.

На берзата поминаа две блок трансакции во кои за однапред познат купувач се продадоа по 200 акции на банката, или вкупно 400, по идентична цена од по 29 илјади денари за акција.

Не се знае кој купил а кој продал, но факт е дека некој за 400 акции на Комерцијална банка платил вкупно околу 190 илјади евра. 

На редовниот пазар исто така беше „жестоко“, па акциите таму достигнаа по 29.032 денари за акција, а се продадоа 686 акции, што значи дека и на тој пазар е остварен промет од 324 илјади евра.

Тоа значи дека со акциите на Комерцијална банка вчера, само во текот на еден ден, бил направен вкупен промет од над половина милион евра, или поточно, 513 илјади евра.

Извор: фактор.мк

Continue Reading

Бизнис

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска пред медиумите брифираше дека побарала од Генералниот секретаријат на Владата да го зголеми надоместокот за концесија за рудниците и сепарациите.

Надоместокот во моментов е премал и не се наплаќа ефикасно, додека концесионерите кои вршат експлоатација имаат солидни приходи и добивки. Летоска и самиот Државен завод за ревизија констатира дека од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, државата во периодот од 2018 до 2022 наплатила само 45 милиони евра. Иако компании прават огромни профити од експлоатација на квалитетен мермер во Македонија, од тоа се наплатени само 1,7 милиони евра за отстапување на националниот ресурс во период од овие четири години.

– Во моментов надоместокот што го наплаќа државата е само 2 проценти од вкупниот приход на операторот, а освен тоа нема ни ефикасна контрола на наплата.  Од она што го испитавме, во регионот најмалата наплата е 4 отсто, што значи дека ние сме „најевтините“.

За експлоатација на мермер,во зависно од квалитетот, треба да се наплаќа кај нас од 3.000 до 17.000 денари по тон. При тоа, како може сите да го наплаќаат само најмалиот надоместок по 3.000 денари од тон за државата.

Затоа упатив предлог решение до Генералниот секретаријат да се донесе нова одлука како акт. Иако има реакции од компаниите, свесни сме дека 2 отсто е мал процент и мора да се зголеми барем за нешто повеќе, рече Божиновска пред медиумите.

Министерката најави дека, заради подобра наплата, ќе се преиспитува и површината што се експлоатира. Поради тоа министерството ќе направи набавка за шест нови возила со кои ќе се оди на терен. Покрај тоа, во соработка со Рударскиот факултет во Штип ќе се позајмат дронови со кои подобро „ќе се скенира теренот“.

Според ДЗР, висината на надоместоците за користење на простор кои се определени во државата е многу мала, а исто така и наплатата на надоместоците за експлоатирани количини е многу ниска во однос на реалните пазарни цени кои потоа ги наметнуваат концесионерите и од кои добиваат огромни добивки.

„За вршење на експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се вкупно 2.781.024 илјади денари (околу 45 милиони евра ) концесиски надоместоци од кои: 287.307 илјади денари (околу 4,6 милиони евра ) надоместок за користење на простор, 2.487.581 илјади денари (околу 40,2 милиони) евра надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина и 6.136 илјади денари по основ на камата по двата основи“,заклучи државниот ревизор пред извесно време.

Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ од 103.248 илјади денари или 1,7 милиони евра за период од 2018 – 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот

Во овој четиригодишен период дури 19 милиони евра од вкупната сума била наплатена со задоцнување во однос на законски утврдениот рок. Според испитувањето што го направил ДЗР, двајца концесионери експлоатирале минерални суровине на 9.989 метри квадратни дива површина која не била регулирана, односно ограничена со договорите.

Извор: Фактор.мк

Continue Reading

Бизнис

РАСТЕ ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Во ноември должеле повеќе од 4 милијарди евра кај банките

Published

on

Долгот на граѓани кај банките порасна на  246,8 милиони денари или 4,014 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од 7,827 милијарди евра кој банките го одобриле како кредити на граѓаните и компаниите, според податоците на Народната банка за ноември.

И во ноември најбарани биле  потрошувачките и станбените кредити кои на месечно ниво бележат месечно зголемување од 0,7% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 7,3% односно од 11,6%. 

Овој месец, автомобилските кредити се намалија за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа растат за 10,8%. 

Кредитите одобрени на кредитни картички, во ноември, забележаа месечен и годишен пад од 1,0% и од 9,2%, соодветно. 

Во ноември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалување од 4,7% и 0,3%, соодветно, при остварено годишно намалување од 4,8% и 14,3%.

Според податоците на народната банка во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од  9,7%, додека растот кај вкупните депозити е од 11%.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7% на месечно ниво, како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво е забележан раст од 8,2%, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во ноември, кај вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен и годишен раст од 1,9% и 13,3%, соодветно. Притоа, растот кај двете основи во целост е резултат на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Компании во ноември го зголемиле долгот за кредити кај банките  на3,774 милијарди евра што е раст од  0,8%на месечно ниво. Тоа се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, растот од 11,5% во целост произлегува од зголемените кредити во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа надолна месечна промена од 0,6%. 

Промената произлегува од намалувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен раст на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити, во денари и странска валута. 

Годишниот раст изнесува 7,0% и е резултат на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во странска валута и долгорочните и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад.

Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,1% и е резултат на растот на депозитните пари, долгорочните депозити до 2 години и готовите пари во оптек, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк