Connect with us

Македонија

Карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите, лекарите препорачуваат редовни прегледи и скрининг

Published

on

Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за проблемите, се препораките што лекарите и психолозите ги упатуваат по повод месецот на машкото здравје. Карциномот на простата е втората причина за смртност кај мажите и затоа лекарите препорачуваат барем еднаш годишно да се прави преглед.  

Во разговор за МИА, тие нагласуваат дека со скринингот и навременото барање медицинска помош може да се спречат фаталните последици од болеста. Покрај медицинската поддршка, од исклучителна важност е и поддршката на најблиските и пошироката заедница. 

Директорот на Клиниката за урологија во Скопје, Башким Шабани вели дека пациентите доаѓаат кога веќе карциномот на простата е во поразвиен стадиум. Неговата препорака е е дека со добар скрининг и навремено дијагностицирање на болеста, многу подобри ќе бидат прогнозите отколку кога пациентите доаѓаат во поодмината фаза.

Карциномот на простата се јавува претежно кај повозрасните пациенти, над 45-50 години и затоа доктор Шабани препорачува лицата над 50-годишна возраст барем еднаш годишно да посетат уролог.

На почетокот на болеста, симптомите не се многу забележливи. Голем број пациенти мислат дека тоа се симптоми од инфекција. Станува збор за тегоби со често мокрење и потреба за мокрење преку ноќ.

– На почетокот, симптомите можеби се незабележливи, па пациентите претежно ги игнорираат таквите симптоми. Си мислат дека ќе помине. Меѓутоа, ако карциномот на простата е во некоја поразвиена фаза, има веќе поизразени симптоми. Може да има проблем со неможност за мокрење, присуство на крв во урина, тегоби и низа други проблеми. Освен карцином на простата има и други. Инциденцата воопшто кај сите карциноми е зголемена. Има карцином на бубрег, мочен меур, надбубрежна жлезда, целиот уринарен дел. Меѓутоа туморите на мочен меур, бубрег и карцином на простата, се најчестите болести кај пациентите кои доаѓаат на Урологија, вели доктор Шабани.

Сепак, додава тој, во последно време се менува свеста и има помалку предрасуди.

Според него, во земјава има доволна посетеност на пациентите, кога е во прашање практикувањето посета на уролог, но во однос на скриниг прегледите, доктор Шабани вели дека ако пациентот нема некоја тегоба, воопшто не размислува за скрининг. 

– Пациентите треба да бидат свесни дека при раното откривање на болеста, има многу подобра прогноза, отколку кога веќе има некој развиен стадиум. Овој апел треба да стигне до сите – по 45- 50 годишна возраст, ако некој има позитивна фамилијарна анамнеза за некој уролошки карцином, да посети уролог барем еднаш годишно. Или можеби преку матичен лекар да се направат основните испитувања и ако има одредени сомнежи, ќе следува препраќање кај уролог, појаснува доктор Шабани.

Апелира лицата над 45-50 годишна возраст да направат барем по еден скрининг, иако, додава дека не е лошо скрининг да направат и помлади лица.

Демистификација, не „под тепих“!

За психолошкиот аспект, зошто сѐ уште постојат предрасуди околу машкото здравје, разговаравме со психологот Фики Гаспар, според кого во последно време намалени се предрасудите.

Веќе е минато времето кога имало стигма и се сметало дека припадниците на машкиот пол треба да бидат силни и не треба да се жалат. Минато е, вели Гаспар, времето кога, народски кажано, се ставале проблемите „под тепих“ и има подигнување на свеста, отворено се зборува за нештата и навремено се бара стручна помош.

Според Гаспар, помладите се оние кои почесто бараат поддршка во оваа смисла, додека оние од третата доба повеќе се приврзани кон начинот на кој функционирале и претходно.

– Зависи од индивидуата. Сѐ уште има такви кои доаѓаат на разговор и третман, а го кријат тоа. Тоа е многу често поради средината. Најчесто, нивната средина, семејството или пошироката средина, не дека не го прифаќа, туку гледа малку поразлично на сето тоа. За разлика од тоа, има средини каде некој од роднините го има поминато тоа и е сосема нормализирано, демистифицирано, вели Гаспар.

Македонија

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, во врска со тоа дали ќе се укине недела неработен ден вели дека неговиот став е дека или сите да работат со двојна или тројна дневница за работниците за тој ден или никој да не работи.

„И сега е недела работен ден, но, само за одредени економски оператори. Напишано е кои се тие оператори, во законот дури се ставени во квадрат. На пример, работи еден трговски центар што го отваравте со фанфари. Значи, и сега има економски оператори што работат во недела. Моето лично мислење е или никој да не работи во недела, вклучително и тие што сега работат, или, пак, тие што сакаат да работат да им даваат двојна дневница на работниците“, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Ноќно скијање и снежни авантури во Ски-центарот Стрежево

Published

on

Снежната магија продолжува! Овој петок (27 декември) Ски-центарот Стрежево повторно организира ноќно скијање од 19 до 22 часот. Идеална можност за сите љубители на зимските спортови да уживаат во уникатното искуство на осветлените патеки.

За дополнително уживање, нашата чајџилница утре (четврток) ќе биде отворена од 8 до 16 часот, нудејќи топли напивки за вашите снежни моменти.

Подгответе ја вашата ски-опрема и повелете во Ски-центарот Стрежево за незаборавни зимски авантури.

Continue Reading

Македонија

Тетовското комунално претпријатие конечно ги исплати заостанатите плати

Published

on

Вработените во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ конечно ги добија платите што им доцнеа за четири месеци – август, септември, октомври и ноември. Исплатата е овозможена благодарение на одлуката на Советот на Општина Тетово, кој на седница одржана на 11 декември, одобри покривање на загубите на претпријатието со износ од 60 милиони денари (приближно 970.000 евра). Со оваа сума, покрај заостанатите плати, ќе бидат покриени и долговите за здравствено и пензиско осигурување на вработените.

„После повеќе од три години, од 2021 година наваму, конечно добивме редовна исплата. Ова е првпат да имаме редовна плата за ноември,“ изјави Мирослав Симоски, раководител на секторот за православните гробишта.

Проблемите со доцнењето на платите го следеа претпријатието веќе три години, а вработените неколкупати организираа прекини на работата барајќи исплата на заостанатите средства и придонеси. Недостигот од здравствено осигурување беше особено тежок, бидејќи вработените сами ги подмируваа трошоците за лекови и медицински услуги поради честите повреди на работното место.

За да се надмине финансиската криза и големиот долг, на почетокот на годината „Тетово“ беше преструктурирано. Новоформираното претпријатие „Шари“ ги презеде водоводот и канализацијата, додека управувањето со отпадот беше доверено на словенечката компанија „Саубмахер“ преку приватно-јавно партнерство. Претпријатието „Тетово“ задржа сектори како што се Јавна чистота, Зелен пазар, Православните гробишта и Паркови и зеленило.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк