Connect with us

Македонија

НА 06 НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 24. ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ ТРА ЛА ЛА

Published

on

ТРА ЛА ЛА – Детски музички фестивал што ја освојува Битола и Македонија

На 6 ноември, Центарот за култура во Битола ќе биде домаќин на 24-тото издание на Детскиот музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“, кој веќе важи за најдобрата детска манифестација во Битола и во Македонија. Ова издание, кое ќе се одржи под мотото „Јас ја сакам Битола“, ќе донесе 16 нови солисти, кои ќе ги исполнат 16 оригинални детски песни, компонирани од легендарниот македонски музичар, Кристијан Габроски.

За најмладите посетители, претставите за градинките и училиштата ќе се одржат во три утрински термини: во 9:30, 11:30 и 13:30 часот. Вечерниот гала концерт, кој го претставува врвот на фестивалот, започнува во 19:30 часот, и на него се очекуваат високи гости и делегации, најави директорот на фестивалот, Тони Алексовски.

Секоја песна на фестивалот ќе биде придружена со соодветна кореографија, која ќе ја изведуваат пет балетски групи: Хип хоп студио „Сања Денс Скул“, ТСК „Спортакус“, Студиото за модерни танци „Expose“, танцовиот спортски клуб „Степ“ и „Анастасија“ од Битола. Ова ќе додаде уште поголема енергија и атмосфера на сцената.

„Оваа година имаме прекрасен музички материјал и очекуваме сите посетители да уживаат во незаборавниот настан. Влезници може да се набават онлајн на следниот линкили на билетарницата на Центарот за култура секој работен ден од 11 до 20 часот и сабота од 15 до 20 часот,“ изјави Алексовски

Со химната на фестивалот „Тра ла ла, журка голема, за сите деца и од Бога благословена“, организаторите го повикуваат целото семејство да стане дел од оваа незаборавна детска музичка прослава, и уште  и уште еднаш да се покаже дека „ТРА ЛА ЛА“ е навистина расадник на нови и млади музички таленти.

Македонија

ВОЗИЛО НА МНР ВО НЕСРЕЌА: Тројца повредени на улица „Ацо Шопов“

Published

on

Рано утрото во неделата (29.12), околу 05:55 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „Рексон“ , сопственост на Министерствто за надворешни работи, управувано од В.П. на 26 години од Скопје имало сообраќајна незгода.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници 30-годишниот А.В. од скопско Инџиково, и 23-годишниот А.Х. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

ШОК ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО: 200 кг небезбедна храна уништени, 43 локали со сериозни прекршувања!

Published

on

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.

Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

Continue Reading

Македонија

КОЈ Е КРТОТ? Артан Груби и Васко Ковачевски исчезнати, обвинителството под притисок за одговори!

Published

on

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски гарантира дека од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации, имајќи предвид дека голем број на осомничени лица се недостапни на органите за прогон. Тој истакна дека нема податоци за локацијата на поранешниот вицепремиер Артан Груби, а во врска со поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е осомничен во друг случај, Коцевски објасни дека не побарале притвор бидејќи предвидената казна е до пет години затвор.

На прашањето дека сè почесто гледаме дека осомничени не се достапни за органите на прогон, односно од каде излегуваат информациите, конкретно за акцијата за групата Беланоца во која не се достапни петмина осомничени, Коцевски во интервју за Радио слободна Европа (РСЕ) потенцираше дека од страна на ЈО не протекуваат никакви информации.

„Во тој поглед јас како државен обвинител можам да ви гарантирам дека од страна на ЈО не протекуваат никакви информации за тоа што тие предистраги, тие мерки за следење со месеци биле активни и претходно и ниедна не пробила. Акцијата е пробиена во завршна фаза односно ден два пред да се преземе официјално акцијата. Токму и на таа околност ЈО и сега истражува да дознае „кој е кртот“ на пробивање на акцијата, меѓутоа ете успеа два дена пред планираното да спроведе акција и дел од осомничените да ги уапси, посочи тој.

Во врска со бегството на Артан Груби, обвинителот Коцевски изјави дека Јавното обвинителство во моментов нема податоци каде се наоѓа осомничениот. Тој објасни дека пред неговото излегување од државата, ЈО имало ставено СТОП мерка до сите царински органи.

„Од она што го слушнавме од министерот, се работи за човечки фактор и начинот на кој што поминал го истражува МВР, рече Коцевски, додавајќи дека против надлежниот службеник и некои други лица е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал, рече Коцевски во интервју за РСЕ.

Во врска со истрагата за влијанието на Груби во судскиот процес „Таргет – Тврдина“, Коцевски потврди дека како државен обвинител оформил предмет по допрен глас и дека обвинителството дало наредба да се прибават одредени докази.

-Првите дејства беа во Судскиот совет да се прибави предметот во однос на постапката против судијата кој беше ставен на црната листа и да се преземат сите други дејствија во однос на обезбедување докази. Со тоа што и понатаму предметот е прибавен со кој беше казнет судијата Беџети, но и понатаму се преземаат одредени дејства со издавање на наредби и ценам дека ќе оди во добар правец, посочи републичкиот обвинител.

За бегството на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, Коцевски изјави дека Обвинителството за гонење организиран криминал утврдило дека може да се работи за дело со казна до пет години затвор и затоа не е одредена мерка притвор. Тој додаде дека во моментот на претресот, Ковачевски не бил во државата и дека сѐ уште нема официјално известување од МВР дали е достапен на државните органи.

Во однос на прашањето за пријавите против поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар, Методија Димовски, Коцевски објасни дека Финансиската полиција и МВР поднеле кривични пријави до ОЈО Скопје, кои се споиле и дека јавниот обвинител кој го работел предметот оценил дека има доволно докази само за осомничените за кои повел истрага во случајот со „Државна лотарија“.

„За другите не е отфрлена кривичната пријава, што значи сѐ уште се истражуваат, а ако има елементи на кривично дело, ќе се постапи и за нив, посочи Коцевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк