Connect with us

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Ги решивме проблемите во ЗЕЛС, ќе ги решиме и во Скопје  

Published

on

Нема да дозволам никакви политички злоупотреби на ЗЕЛС. Политичките манипулации можат да имаат единствено негативен ефект врз граѓаните и нивниот квалитет на живот. Во ЗЕЛС, најважно е единството. Јас лично, како претседател, сум бил во ситуација кога немав добра соработка со одредени министри од претходната власт, но никогаш не ја злоупотребив позицијата ниту пак помислив на бојкот или на напуштање на оваа асоцијација, вели во интервјуто за МКД.мк градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој е и претседател на ЗЕЛС за актуелните случувања во Заедницата на единиците на локалната замоуправа.

Каква е соработката на ЗЕЛС со новата централна власт?

– Соработката на ЗЕЛС со новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски е одлична. За разлика од претходната власт, која беше глува за проблемите со кои се соочуваа општините, сега конечно се отвори простор за конструктивен дијалог и конкретни чекори. Првиот чекор беше потпишувањето на Mеморандум за соработка – историски договор после 21 година чекање, кој ги дефинира заедничките насоки за работа и овозможува вистински партнерски однос. Според мене, тоа е сериозен сигнал дека и централната власт е подготвена за реално партнерство.

Во таа насока, активно се работи на измени во предлог-законот за државни службеници. Претходната верзија беше камен на сопнување бидејќи беше многу нерамноправна во однос на државните службеници од централната и локалната власт. Во моментот, работни групи од Министерството за администрација, претставници од ЗЕЛС и од општинските администрации седнуваат на заедничка маса за да најдат соодветно решение кое ќе ги задоволи сите засегнати страни.

Дополнително, ќе бидат формирани финансиски работни групи со претставници од локалните финансиски сектори, кои ќе работат заедно со централните институции при креирањето на Буџетот за 2025 година. Веќе започна реализацијата и на директната финансиска помош за проектите, при што за прв пат на локално ниво се распределуваат 100 милиони евра, односно 250 милиони евра за четирите години, што овозможува решавање на децениски проблеми на граѓаните во, буквално сите општини. Овие средства се распределуваат правично, а со нив значително ќе се подобри животот на нашите сограѓани.

Искрено верувам дека оваа соработка ќе продолжи и ќе се продлабочи со нови, сериозни проекти кои ќе донесат бенефит за сите жители.

Целото интервју на следиов линк: https://mkd.mk/orce-gjorgjievski-gi-reshivme-problemite-vo-zels-kje-gi-reshime-i-vo-skopje/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3TJKz2cnaD58K0jUZDLIQugntGsX50fmYkpyYQuYcycZlbdQnhYWb7ptg_aem_hS8re77sH24ZFle3MzpboQ

Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕВН: Без струја утре повеќе градови и села

Published

on

На 5.11.2024 (вторник), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе започнат со активности за реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во документот во прилог. Ве известуваме дека, заради реализација на овие инвестициони зафати со цел подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места што припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата во прилог.

Continue Reading

Македонија

68-годишна скопјанка и младо момче се степале во центарот на Скопје – ова е причината

Published

on

Младо момче и повозрасна скопјанка физички се пресметале во центарот на Скопје, по сообраќајна незгода. 

– На 03.11.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б.(21) и 68-годишната З.О., двајцата од Скопје, стои во денешниот полициски билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски на средба со граѓански организации за јакнење на транспарентноста и нивно дигитално учество во процесите на општината

Published

on

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и тимот од Кисела Вода што работи на спроведување на заложбите од глобалното Партнерство за отворена локална власт, каде оваа општина, како единствена од Македонија беше избрана за членка, одржаа работна средба со претставници од повеќе граѓански организации.

Целта на овој состанок беше давање на препораки, сугестии и мислења за тоа како општината може да ја унапреди успешноста во работењето во областите транспарентност и дигитално учество и да биде уште поотворена кон граѓаните. Имено, во рамки на Партнерство за отворена локална власт, како платформа која има за цел да овозможи здружување на локалните власти и граѓаните за да ги направат општините и управувањето со општините отворени, инклузивни и респонзивни на барањата на граѓаните, Општина Кисела Вода заедно со партнерите Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик, го развива првиот акциски план кој ќе се фокусира на две заложби: јакнење на транспарентноста на општината и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината.

Претставниците од Центарот за граѓански комуникации, Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, Центарот за управување со промени, Метаморфозис, Здружението за знаење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес, презентираа наоди и препораки од своите истражувања во овие две области во врска со перформансот на Општина Кисела Вода, сугестии кои ќе бидат значајни при дизајнирањето на мерките во акцискиот план. Потоа низ поширока дискусија беа разгледувани можностите за подобрување на одредени параметри, но беше евидентиран и остварениот напредок на оваа единица на локална самуправа во одредени области. 

-Почитувани, Вашите мислења, препораки и сугестии се суштински за нас и за создавањето на акцискиот план кој ќе ги насочи напорите на Општина Кисела Вода кон уште поголема транспарентност и инклузивност. Ние не зборуваме за напредокот што го имаме во овие три години низ бројки, бидејќи вие сте оние што тоа го мерат и оценуваат. Сепак, скокот во транспарентноста што го постигнавме веќе многу кажува за нашата посветеност. Но, за постигнување целосен успех, се надеваме дека со вашите идеи и сугестии, ќе го изградиме најуспешниот акциски план кој ќе нè води напред и секако, тука би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка на нашите партнери во овој процес, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик. За нас, надминувањето на предизвиците значи растеж, а задоволните граѓани се нашата најголема награда. Остануваме посветени и продолжуваме со иста динамика, бидејќи тоа е нашата обврска и одговорност кон жителите на Кисела Вода- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потсети на повеќе проекти кои беа клучни Кисела Вода да биде избрана за членство во Партнерството за отворена локална власт.

Во моментов во Партнерството за отворена локална власт членуваат 75 држави и преку 100 локални самоуправи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк