Connect with us

Бизнис

Започнува со доделување на 6.000 ваучери за инвертер клима-уреди во рамки на програмата за енергетска ефикасност

Published

on

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека започна процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди. Овие ваучери се наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.

Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери за инвертер клима-уреди. Списоците на избрани корисници, како и списоците на правни субјекти со кои Министерството има склучено договор за реализација на ваучерите, се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk/. Овие информации се јавни и достапни за сите заинтересирани.

Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека конкурсот и изборот на корисниците беа управувани од Министерството за економија, кое беше надлежно и за евалуација и за конечниот избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери.

По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона.

По објавата на списоците, започнавме со дистрибуција на ваучерите до општините. Подигнувањето на ваучерите ќе се врши во специјални регионални канцеларии, отворени само за оваа намена. Точната локација и работното време на канцелариите ќе биде дополнително објавено на веб-страницата на Министерството.

Граѓаните можат да ги искористат ваучерите за набавка на инвертер клима-уреди најдоцна до 30 ноември 2024 година. По овој датум, неискористените ваучери ќе се сметаат за неважечки.

Согласно Јавниот оглас за финансиска поддршка преку доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди за ранливи потрошувачи за 2024 година, предвидени се ваучери од 27.000 денари за лица со ниски примања (приходи до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена). За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони – по 23.000 денари.

Бизнис

ПАЗАРНА ИНСПЕЛЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО МАРКЕТИТЕ

Published

on

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите месеци. Контролите се спроведуваат кај добавувачите, производителите и маркетите.

Целта, како што информира ДПИ, е да се направи мониторинг и анализи и да се утврди дали постои нелогично зголемување на цените кај одредени производи. По завршувањето на контролата, анализите ќе бидат испратени до Министерството за економија и труд по што ќе се одлучи за преземање на понатамошни мерки.

„Апелираме до сите трговци да се придржуваат до акцијата и да не го надоместуваат намалувањето на цените на производите од кошницата со зголемување на други прехранбени производи. Свесни сме дека за дел од производите станува збор за берзански производи и дека оттаму доаѓа и промената на цените, но сепак сметаме дека може да се најде најповолно решение и за трговците и за граѓаните. Доколку трговците и понатаму продолжат со нелогично зголемување на цените, односно не ги намалат на цените маслото, јајцата, месото и месните производи, млекото и млечните производи ќе предложиме Владата да донесе Одлука со која ќе мора да се намалат цените“, се вели во соопштението.

Од ДПИ информираат граѓаните ако забележат неправилности да пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Continue Reading

Бизнис

Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП за зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

Published

on

Со овој меморандум ја комбинираме експертизата на Министерството и капацитетите на УЈП за да ги зајакнеме инспекциските процеси и да осигуриме дека секој кој користи национални ресурси го прави тоа законски и соодветно“, изјави министерката Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да го унапреди процесот на инспекциски контроли и надзор врз концесионерите што вршат експлоатација на минерални суровини во Македонија.

Со овој документ, двете институции ја зацврстуваат заедничката цел – да обезбедат транспарентно, законско и ефикасно искористување на националните ресурси, со јасен фокус на заштита на јавниот интерес и зголемување на економската одржливост.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, потенцираше дека соработката со УЈП претставува чекор кон воспоставување подобар систем за мониторинг и контрола на работењето на концесионерите.

„Нашата држава располага со значајни минерални богатства, но одговорното и законско управување со нив е од суштинско значење за економскиот раст и заштитата на природните ресурси. Со овој меморандум ја комбинираме експертизата на Министерството и капацитетите на УЈП за да ги зајакнеме инспекциските процеси и да осигуриме дека секој кој користи национални ресурси го прави тоа законски и соодветно.“ изјави министерката Божиновска.

Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, истакна дека оваа соработка ќе донесе ново ниво на синергија меѓу двете институции, преку размена на информации, знаења и практични алатки за инспекциска контрола.

„Со заедничка работа ќе обезбедиме поголема ефикасност во следењето на приходите и обврските на концесионерите, што ќе придонесе за зголемување на буџетските средства и праведна распределба на ресурсите.“ рече Петрова.

Во рамки на Меморандумот, предвидено е да се овозможи навремена и ефикасна меѓусебна размена на податоци, координација и известувања во постапките за следење на плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини, што ќе ја унапреди брзината и точноста на контролите.

Министерството за енергетика и УЈП остануваат посветени на заедничката визија за транспарентна и праведна употреба на националните ресурси, со цел обезбедување економска стабилност и долгорочна корист за граѓаните на Македонија.

Continue Reading

Бизнис

ОВА СЕ ПЕТТЕ БИЗНИСИ ШТО ПРОЦВЕТАА ГОДИНАВА, А ВО 2025 ГИ ЧЕКА „ЕКСПЛОЗИЈА“: Еве каде лежат парите

Published

on

2024 година донесе значителни промени на глобалниот пазар на трудот, при што одредени индустрии забележаа исклучителен раст.

Еве кои сектори забележале најбрз раст врз основа на профитабилноста, побарувачката и долгорочните изгледи.

Е-трговија – Продажба преку мобилни и социјални мрежи

Електронската трговија сочинува повеќе од една петтина од глобалната продажба на мало, а до 2027 година се очекува тој удел да порасне на 22,7%. Малите бизниси се повеќе користат онлајн канали за нивниот бизнис да опстане и да напредува.

Истражувањата покажуваат дека 80% од малите и средни бизниси користат алатки за дигитална продажба. Алатките за оптимизација како Semrush им овозможуваат на малите бизниси да ја подобрат својата онлајн видливост и да привлечат нови клиенти. Дигитализацијата на купувањето донесе експлозивен раст во е-трговијата, со посебен фокус на мобилното купување и нарачката преку социјалните медиуми.

Онлајн трговијата, која сочинува скоро 70% од сите онлајн трансакции во 2024 година, дава можности за претприемачите кои развиваат мобилни платформи или ги оптимизираат постоечките страници за мобилни корисници. Од друга страна, трговијата со социјалните медиуми овозможува директна продажба преку платформи како што се TikTok и Instagram.

Оваа индустрија е исклучително погодна за мали бизниси, бидејќи трошоците за влез може да бидат ниски, а потенцијалниот поврат на инвестицијата висок. Успехот на ова поле зависи од креативноста, разбирањето на целните групи и способноста за брзо прилагодување на новите трендови.

Независни медицински сестри и работници за домашна нега

Растот на бројот на постари лица и зголемениот притисок врз здравствените системи создадоа плодна почва за независните здравствени работници.

Медицинските сестри, особено оние со повисоки квалификации, се повеќе избираат самовработување. Како независни изведувачи, тие можат да даваат услуги со флексибилни договори, а потребата за нив ќе достигне врв до 2025 година со недостиг од речиси 80.000 регистрирани медицински сестри во САД.

Бројот на домашни здравствени работници се очекува да порасне за речиси 21% до 2033 година. Негувателите кои пружаат помош на постарата популација, како и пациентите со попреченост или хронични заболувања, можат да сметаат на пристојни приходи.

Експерти за ментално здравје и советување

Брзите промени во општеството и намалувањето на стигмата поврзана со менталното здравје доведоа до огромно зголемување на побарувачката за професионалци за психотерапија и советување.

Луѓето сè повеќе бараат помош, а зголемената несигурност во животот на луѓето придонесува за зголемената побарувачка за професионалци за ментално здравје. Според проекциите, до 2033 година се очекува бројот на работни места во овој сектор да се зголеми за 19 проценти. Поединци со соодветно образование и лиценци можат да отворат свои ординации, обезбедувајќи услуги потребни за локалните заедници.

Исто така, договорната работа со училишта, болници и корпорации обезбедува дополнителни можности за оние кои претпочитаат пофлексибилни форми на работа. Оваа професија не само што ветува стабилност туку има и големо општествено значење.

Лични финансиски советници

Со оглед на промените во пензиските системи и подолгиот животен век, финансиските совети стануваат сè поважни. Проекциите покажуваат дека можностите за вработување на лични финансиски советници ќе се зголемат за 17% до 2033 година.

Започнувањето на приватна пракса во оваа област бара основно образование, лиценца и одредено искуство, но потенцијалот за приходи и постојаната потреба за заштеди и инвестициски совети го прават ова атрактивен избор. Советниците можат да работат независно или во партнерство со поголеми финансиски институции, пишува SEEbiz.eu.

Сајбер безбедност и вештачка интелигенција

Со порастот на сајбер нападите и ширењето на вештачката интелигенција, експертите од овие области се меѓу најбараните.

Вештачката интелигенција и технологијата се повеќе стануваат незаменлив дел од бизнисот и општеството. Компаниите ширум светот бараат експерти за вештачка интелигенција за да ги задоволат потребите на проектот и да ги пополнат празнините во вештините во нивните тимови. Оваа ситуација им дава можност на поединците да станат независни консултанти, истражувачи или инженери за вештачка интелигенција, нудејќи ги своите знаења и вештини на организациите кои сакаат да ги подобрат своите производи и процеси.

Почетна точка за влегување во светот на вештачката интелигенција може да биде диплома по компјутерски науки, инженерство или поврзана област, но неопходна е специјализација преку дополнителна обука и сертификација. Индустријата нуди различни насоки, од развој на алгоритам до примена на ВИ во здравствената, финансиската и производствената индустрија.

Работните места на научниците за податоци се очекува да пораснат за 36%, додека истражувачите од компјутерски науки ќе забележат зголемување од 26% до 2033 година. Овие податоци јасно укажуваат на континуираниот раст и потенцијал на секторот за вештачка интелигенција во наредните децении.

2024 година истакна неколку клучни области каде што малите приватни бизниси можат да напредуваат. Без разлика дали се работи за зелена енергија, здравствениот сектор, дигиталната економија или идните технологии, заедничкиот именител на овие сектори е постојано растечката побарувачка. Претприемачите кои се подготвени да инвестираат во образованието, иновациите и приспособувањето кон пазарните трендови имаат реални шанси за долгорочен успех. Без разлика на изборот на индустријата, клучот е во препознавање на потребите и одговор на нив преку експертиза и квалитет.Блиц.рс

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк