Connect with us

Македонија

71-годишник од Делчево нападнал дете

Published

on

71-годишен маж од Делчево кривично ќе се гони за физички нападн врз малолетник. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Р.(71) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 30.09.2024 на улица „Кеј на Брегалница“ во Делчево, пријавениот физички нападнал малолетник, информираа од МВР.

Македонија

Тимчо Муцунски во Австралија: Посветен на јакнење на врските со македонската дијаспора

Published

on

Во рамките на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на првиот натпревар од новата сезона на Престон Лајонс – еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Овој клуб претставува значаен симбол на спортската традиција на македонската заедница и е пример за негување на културните врски со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, од Мелбурн навивавме за тимот кој претставува гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ истакна министерот Муцунски во својата официјална објава на социјалните мрежи. Натпреварот го проследи заедно со истакнати македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е дел од пошироките напори на Владата за продлабочување на релациите со македонската заедница во странство, која има значајна улога во унапредувањето на билатералните врски и градењето на долгорочни партнерства. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Мелбурн, нагласувајќи дека верските објекти и заедници во дијаспората претставуваат клучен столб за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA) – која обезбедува индивидуализирана грижа за постари лица. Ова здружение, од организација посветена на потребите на македонската заедница, низ годините прерасна во една од водечките хуманитарни асоцијации во цела Австралија, која опслужува илјадници луѓе, а воедно дел од работните места ги отвора и во нашата земја.

Во разговорите беше потенцирана важноста на соработката со заедницата во дијаспората и поддршката на иницијативи кои придонесуваат за подобрување на благосостојбата на граѓаните со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ: НОВА СПОРТСКА САЛА ВО БИСТРИЦА

Published

on

Во Бистрица ќе се гради нова спортска сала, која ќе им овозможи на граѓаните современи услови за спорт и рекреација. Со модерна инфраструктура и опрема, салата ќе е наменета за различни спортови, тренинзи и натпревари. Локалните власти истакнаа дека овој проект е од големо значење за заедницата, особено за младите спортисти.

Видеото може да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/share/v/1A4ErJxeBG/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Градоначалникот Висар Ганиу во посета на новата џамија во Топанско Поле

Published

on

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска ја посети новата џамија во изградба во Топанско Поле – значаен верски и културен проект кој се реализира со поддршка на Претседателството за верски прашања на Република Турција.

За време на посетата, градоначалникот беше срдечно пречекан од директорот на подружницата на Турската верска фондација TEYAŞ (TDV) во Скопје, г. Фатих Кумаш. Двајцата разговараа за важноста на овој голем проект, кој ќе има значително влијание врз верскиот и општествениот живот во заедницата.

Со површина од 10.000 м², две минариња со висина од 48 метри и главна купола од 34 метри, оваа џамија ќе биде духовен и архитектонски симбол, обезбедувајќи простор за молитва, едукација и заеднички активности.

„Верата нè обединува и нè води кон највисоките вредности на хармонијата и солидарноста. Се молам овој проект успешно да се заврши и да стане место на благослов и мир за сите верници,“ истакна Ганиу.

Оваа џамија ќе има централна улога во верскиот живот на заедницата, служeјќи како место за духовен развој и социјална кохезија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк