Connect with us

Македонија

Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Published

on

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица се лишени од слобода и против кои е донесена наредба за спроведување на истражна постапка. Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање на службена тајна, дополнително прво и третоосомничениот сториле и кривично дело Попречување на правдата, а на првоосомничениот му се става на товар и кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот.

Осомничените, од користољубие, се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ од с.Грчец и како припадници со посебна улога, поттикнати со умисла од првосомничениот во предметот „Грчец“, пренесувале службени информации. Во наведениот период осомничените од кои двајца поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот за криминалната група прибавувале, пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи. За ваквото неовластено откривање со кое предизвикале штета во работењето и ефикасноста на истражните органи и органите на прогонот и го отежнувале или оневозможувале обезбедувањето на доказите, осомничените добивале награда.

Според содржината на наредбата за истрага осомничените, заедно или поединечно, со информациите што ги споделувале, го отежнале докажувањето во кривичните постапки и тоа:

– за кривично-правен настан случен во декември 2019 година, секој посебно заканувајќи се дека повторно ќе биде нападнат тој или членовите на неговото семејство, влијаеле врз оштетен – жртва на обид за Убиство по нарачка, а сега починат, да ја смени изјавата дадена пред овластени полициски службеници;

– за Убиство во месец август 2020 година осомничените споделиле значајни информации за криминалната група;

– во текот на втората половина од 2020 година осомничените споделувале службени информации за примена на посебни истражни мерки за тогаш актуелно криминалистичко истражување под кодно име „Планина“ во кое беа опфатени лица од оваа организирана група;

– за кривично – правен настан случен во септември 2020 година во кој петмина беа осомничени за кривично дело Грабнување биле пренесени информаци за обезбедените докази и изјави на сведоции задржани лица;

– за двојното убиство од март 2021 година во Скопје за кое биле пренесени информации кој е задржан во полициска станица, кои активности се преземаат и кои службени лица се вклучени во криминалистичкото истражување.

Првично обезбедените материјални докази за првоосомничениот упатуваат дека тој и членовите на неговото семејство поседуваат недвижен и движен имот и штедни влогови, што во големи размери ги надминуваат неговите законски приходи како полициски службеник.

Осомничените денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје на кој јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите ќе му предложи да им биде определена мерката притвор.

Македонија

МЖСПП: Извршени 6984 контроли на возила поради подобрување на квалитетот на воздух

Published

on

Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи изминатиот месец извршиле вкупно 6984 контроли на возила што сообраќаат низ градовите во државата согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година“.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно плнирање, во период од 13 декември 2024 до 13 јанаури 2025 година од страна на СВР Скопје, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Струмица и МЕБСП се извршени вкупно 6984 контроли на возила.

– Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли. Од вкупниот број контролирани возила, 1206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на  емисијата на испусните гасови, се вели во соопштението. 

За реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1192 вработени. 

Continue Reading

Македонија

Демократско Движење на Изет Меџити најавува формирање на Форумот на жените

Published

on

На 24 јануари 2025 година, во 18:30 часот, во просториите на хотелот „Holiday Inn“ ќе се одржи Основачкото Собрание на Форумот на жените на Демократско Движење.

Овој форум, според оваа политичка партија, претставува значаен чекор во промоцијата на улогата на жената во политиката и во процесите на одлучување, со цел создавање на поеднакво и поправедно општество.

Организаторите ја нагласуваат важноста на овој форум за зајакнување на жените и создавање еднакви можности за сите.

„Ова е голем чекор за активното вклучување на жените во политичките процеси и развојот на нашето општество,“ се вели во официјалната покана.

Настанот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да придонесат во изградбата на поинклузивна и порамноправна иднина.

Continue Reading

Македонија

Македонија со триумф против Катар – Се подготвуваме за Франција!

Published

on

Македонската ракометна репрезентација продолжува со фантастични настапи на Светското првенство 2025! Во возбудлив и динамичен натпревар, нашите лавови го совладаа Катар со 39:34 во втората фаза од натпреварувањето.

Со оваа победа, Македонија ја продолжува својата серија на успешни настапи и покажува дека има тим кој може да се носи со најдобрите.

Следниот предизвик е Франција, еден од фаворитите на турнирот. Со ваков тимски дух и борбеност, Македонија одново докажува дека е подготвена за големи подвизи.

Одиме до крај, лавови! Македонија е со вас!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк