Connect with us

Македонија

Тинејџер излета од патот во близина на грчката граница – итно пренесен во болница

Published

on

18-годишник од селото Стојаково е тешко повреден откако вчера излетал од локален пат во близина на грчката граница.

-Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.

Македонија

Без струја дел од градот Тетово

Published

on

Утре, петок, 24 јануари 2025 година, дел од градот Тетово ќе биде без електрична енергија поради планирани технички работи. Прекинот ќе трае во текот на денот, а граѓаните се замолуваат за разбирање.

Дел од град  Тетово, објекти кои се наоѓаат во близина на Музичкото Училиште прекин од 09:00 до 12:00 часот.

Continue Reading

Македонија

Известување од Саубермахер Тетово

Published

on

Саубермахер Тетово, компанија која управува со комуналниот отпад во Тетово, со повик до граѓаните кои се уште се соочуваат со несоодветни податоци во издадената сметка или пак да извршат плаќање, да се обратат до компанијата Саубермахер Тетово, во новата канцеларија на улица „Дервиш Цара“ (поранешна „ЈНА“) кај крстосницата со улица „Илинденска во Тетово, во близина на ОУ „Лирија“.

За истото граѓаните може да се обратат и во канцелариите на улица „101“ бр.10, Долно Палчиште, во привремениот шалтер во просториите на општината, како и платежен пункт во просториите на ЈКП „Тетово“ кај Зелен пазар.

За електронски контакт преку е-пошта contact@saubermacher-tetovo.mk

телефонски број 08000-8000

Да се грижиме за животната средина денес, за иднината на нашите деца!

Локација на новата канцеларија во Тетово:

https://maps.app.goo.gl/BTYUG6QeaiEqwfkp7

Continue Reading

Македонија

МЖСПП: Извршени 6984 контроли на возила поради подобрување на квалитетот на воздух

Published

on

Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи изминатиот месец извршиле вкупно 6984 контроли на возила што сообраќаат низ градовите во државата согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025 година“.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во доставениот извештај до Работната група за чист воздух на Министерството за животна срдина и просторно плнирање, во период од 13 декември 2024 до 13 јанаури 2025 година од страна на СВР Скопје, СВР Тетово, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Велес, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Струмица и МЕБСП се извршени вкупно 6984 контроли на возила.

– Во Скопје се направени 562 контроли, во Тетово 367, во Охрид 1564, во Битола 993, во Велес 546, во Куманово 540, во Штип 1338, во Струмица 498, а од страна на МЕБСП на патиштата 576 контроли. Од вкупниот број контролирани возила, 1206 се упатени на вонреден технички преглед, утврдени се 167 технички неисправни возила, 20 нерегистрирани возила, а кај 10 возила се констатирани несправни уреди за мерење на  емисијата на испусните гасови, се вели во соопштението. 

За реализација на оваа мерка од Акцискиот план Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата ангажирале 1192 вработени. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк