Connect with us

Истражување

АНАЛИЗА: Каде е најевтино Кафе Браво 200 грама?

Published

on

Според нашето истражување направено на 05-06.11.2024 година во повеќе маркети, направивме анализа за тоа каде може да се купи најефтино Кафе Браво од 200 грама.

Истражување

Владата на В. Британија одлучи: Фолна киселина ќе се додава во брашното заради подобро јавно здравје

Published

on

Фолна киселина ќе биде прописно и законски додадена во производството на интегрално пченично брашно во Велика Британија, со цел спречување и намалување вродени дефекти… Имено, оваа супстанција би можела да спречи околу 200 случаи на дефекти на невралната туба кај бебињата, што значи подобро здравјето и за малечките, и за бремените жени, соопшти Британската влада.

Властите им даваат рок на производителите до крајот на 2026 година да ги направат потребните прилагодувања.

Научниците ја поздравија одлуката на Владата. Фолната киселина е особено важна во раната бременост бидејќи помага во правилниот развој на мозокот, черепот и ‘рбетниот мозок на детето. И според Националната здравствена служба, идните мајки и жените кои се обидуваат да забременат треба да земаат додатоци на фолна киселина – советуваат лекарите. Инаку, брашното е веќе прописно збогатено со калциум, нијацин, тијамин и железо – заради подобро јавно здравје.

Соопштението следи по здравствените подобрувања во други земји, како Австралија и Канада, каде што оваа практика е веќе во сила.

Некои стручњаци, сепак, велат дека промената не опфаќа доволно и оти треба да се вклучат повеќе намирници. Нина Моди, професорка по Неонатална медицина на Империјалниот колеџ во Лондон, смета дека ова ќе ги стави во ризик жените кои се чувствителни на глутен, и кои јадат ориз наместо леб и интегрални производи.

Фолната киселина, позната и како витамин Б-9, се наоѓа во секојдневната храна како грав и зелен зеленчук, што значи дека повеќето луѓе добиваат доволно преку редовна, здрава исхрана.

Независното советодавно тело на Владата ги проучи сите докази и ја поздрави одлуката за збогатување на брашното. Стручњаците сметаат дека тоа е правилен начин на дејствување за целото општество. Од новата мерка ќе бидат изземени малите мелничари кои произведуваат помалку од 500 метрички тони брашно годишно.

Continue Reading

Истражување

Азбест: Скриена опасност за здравјето и животната средина

Published

on

Азбестот е природен минерал кој се состои од тенки влакнести кристали. Поради неговата отпорност на топлина, оган и хемикалии, како и неговата цврстина, азбестот долго време се користел во градежништвото, индустријата и разни производи, како што се изолациски материјали, кровни покриви, цевки и кочнички системи.

Меѓутоа, азбестот е познат како опасен за здравјето. Неговите влакна, ако се ослободат во воздухот и се вдишат, можат да предизвикаат сериозни заболувања. Најчести здравствени проблеми поврзани со изложеноста на азбест се:

• Азбестоза: хронична белодробна болест предизвикана од вдишување на азбестни влакна, која го отежнува дишењето.

• Мезотелиом: редок, но агресивен рак на мембраната околу белите дробови, срцето или абдоменот.

• Рак на белите дробови: ризикот значително се зголемува кај луѓето изложени на азбест.

Азбестот е забранет или строго регулиран во многу земји поради неговата токсичност. Отстранувањето на азбестните материјали мора да го спроведат специјализирани и сертифицирани професионалци, со цел да се избегне ослободување на опасните влакна во околината.

Во контекст на заштита на животната средина и јавната безбедност, важно е да се подигне свеста за опасностите од азбестот и да се применуваат строги мерки за негово управување и отстранување.

Continue Reading

Истражување

Климата поради оваа грешка троши трипати повеќе струја – еве како да заштедите!

Published

on

Поевтините модели на клима уреди без инвертер можат да го загреваат просторот само кога надворешната температура е над 0°C. Клима уредите се омилен избор за брзо и практично загревање, но многумина ги користат само повремено за да заштедат електрична енергија. Ова, сепак, е заблуда – поекономично е да го оставите уредот вклучен цел ден отколку да го вклучувате на кратки интервали.

Со примена на неколку мали трикови, можете да ја оптимизирате работата на клима уредот и да ги намалите сметките за струја во грејната сезона.

Енергетска класа на уредот

Современите климатизери со инвертер компресор трошат помалку енергија, бидејќи не работат постојано со целосна моќност. На пример, клима уред со капацитет од 3,5 kW троши околу 1,2 kW на максимална моќност, додека за одржување на температурата троши помеѓу 200 и 500 W. Изборот на уред со повисока енергетска класа (А+++, А++, А+, А или B) може значително да го намали трошокот на долг рок.

Оптимално користење

Ако престојувате дома цел ден, препорачливо е уредот да го вклучите рано наутро, додека надворешната температура е пониска, и да го оставите вклучен. Кога просторот ќе ја достигне саканата температура, уредот ќе премине на намалена потрошувачка на енергија. Ако пак сте надвор цел ден, добро е да го вклучите уредот еден час пред да се вратите, доколку уредот поддржува WiFi контрола.

Инвертер технологија

Инвертер уредите можат да работат и на екстремно ниски температури до -25°C, што е предност за зимската сезона. Овие уреди трошат до 30% помалку енергија од стандардните модели и се поеколошки.

Некои модели имаат летви и сензори за топлина кои овозможуваат рамномерно распределување на топлиот воздух, а некои имаат и сензори за движење што ја насочуваат воздушната струја во спротивен правец од луѓето во собата.

Вентилатори и дополнителни совети

Употребата на вентилатори може да создаде чувство на свежина, иако не ја намалуваат температурата во просторијата. Важно е вентилаторот да биде исклучен кога нема никој во просторијата за да се избегне непотребна потрошувачка на енергија.

Со избор на соодветен уред и оптимално користење, можете значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија во вашиот дом и да постигнете поголеми заштеди на годишно ниво.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк