Connect with us

Македонија

Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото

Published

on

Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија.

Филков истакна дека ефикасниот правосуден систем е клучен за владеењето на правото и за борба против криминалот и корупцијата, како и за гарантирање на основните човекови права и слободи. 

– Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството. Тоа не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку исто така и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата, и гаранција за основните човекови слободи и права, рече тој.

Министерот подвлече дека должината на судските постапки е главен аспект на ефикасноста и дека долготрајноста на постапките останува еден од најголемите проблеми во правосудството, кој генерира повреди на човековите права. 

Тој нагласи дека министерството целосно ја поддржува работата на платформата за реформи во правосудството и активно учествува во креирањето на препораки за унапредување на состојбите во судството и јавното обвинителство. 

Темата на 15. Сесија на Работната група 3 , Правосудство и темелни права е „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“ од која ќе произлезат повеќе работни обврски за подобрување на состојбите. 

Македонија

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМЛАДИТЕ ОД РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР „КОЧО РАЦИН“

Published

on

Најмладите од основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин” од Битола, со поддршка од своите наставници и едукатори, денес со приредба во Кино „Манаки” се заблагодарија на традиционалната предновогодишна посета од градоначалникот Тони Коњановски и подарувањето на новогодишни подароци, соопштија од Општина Битола.

Градоначалникот Коњановски нагласи дека прекрасните игри и песни од децата создадоа посебно убава атмосфера, која внесува вистинска празнична радост. Градоначалникот изрази посебна благодарност за благодарницата од училиштето за општината наменета за нејзиниот посебен придонес во вреднувањето на вистинските вредности, љубовта, хуманоста и емпатијата кон децата со попреченост.

Continue Reading

Македонија

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи

Published

on

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.

„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.

„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.

„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

„Зимска приказна“ ги враќа Битолчани дома: Празнична магија што обединува

Published

on

Секоја зима, Битола блеска со својата празнична магија, привлекувајќи илјадници посетители од целата земја и дијаспората. Оваа година, продолженото траење на манифестацијата „Зимска приказна“ стана посебно значајно за Битолчани кои живеат во странство, овозможувајќи им да ја доживеат оваа магија за првпат или повторно да се вратат на спомените од своето детство.

Многумина кои пристигнаа за празниците сведочат за емотивните моменти поминати на Широк Сокак, украсен со светлечни декорации, музика и празнични штандови. „По повеќе од десет години, конечно имав можност да ја посетам оваа манифестација заедно со моето семејство. Оваа атмосфера е нешто што ниту еден град во странство не може да го замени,“ вели Драгана Ставревска, која живее во Швајцарија.

Продолженото траење на „Зимска приказна“ им дава на иселениците повеќе време да се поврзат со своите најблиски, да уживаат во локалните традиции и да почувствуваат дел од своето родно место. „Зимската приказна е повеќе од настан – тоа е мост меѓу минатото и сегашноста за нас Битолчани,“ додава Александар Трајковски, кој дојде од Австралија.

Манифестацијата оваа година потсетува дека Битола не е само град, туку топол дом за сите кои некогаш го нарекле свој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк