Connect with us

Македонија

Директорот на детската болница, Реџеп Мемеди: Стапката на смртност кај децата во изминатите години беше трипати повисока

Published

on

Директорот на детската болница, Реџеп Мемеди, реагираше на неофицијалните информации со политички тенденции, кои според него не ја ценат животот на децата, туку директорската позиција.

„Децата се нашите најмили, животот на секое дете вреди повеќе од сè друго, но заради вистината и за запознавање на јавноста, принуден сум да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника“, напиша Мемеди.

Тој објави табела каде јасно се гледа дека во изминатите години, кога е познато кој бил на власт, смртноста во Детската клиника била до трипати повисока во споредба со оваа година, или како што вели Мемеди, „Имало просечно до 9 смртни случаи месечно“.

За овие официјални информации и други, следната недела Мемеди ќе се обрати на јавноста преку електронските медиуми со прес-конференција.

„Во овие 4 месеци, откако сум вршител на должност директор на Универзитетската клиника за детски болести, при скенирањето на состојбата на Клиниката, наидов на многу проблеми кои со години биле натрупувани и нерешени! Некои од нив се со висок ризик, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно решавање. Јавноста ќе биде информирана навреме за сите активности што ги спроведуваме на Детската клиника“, заврши Мемеди.

Македонија

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова е човекот што оддал информации на криминалната група Барон/Беланоца

Published

on

Почна да се одврзува клопчето околу оддавањето информации на криминалната група Барон/Беланоца. Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ, Ќерим Буши, е осомничен дека бил „кртот“ кој им помогнал на припадниците на оваа криминална група.

Ќерим Буши осомничен за оддавање службена тајна

Синот на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ, Ќерим Буши, е осомничен дека бил „кртот“ кој им помогнал на припадниците на криминалната група Барон/Беланоца да избегнат апсење. Според информациите на Телма, Буши синоќа бил приведен на распит поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.

Повеќе детали може да прочитате во продолжение:

Приведен син на поранешен висок функционер на МВР бидејќи оддавал службена тајна

Кој е Назим Буши?

Назим Буши е кадар на ДУИ. Тој е поранешен член на ОНА. Во своите политички почетоци работел како член на обезбедувањето на ПДП, а бил и водник од прва класа во армијата на Македонија. Потоа беше заменик минисстер за внатрешни работи. Во периодот меѓу 31 мај и 20 јуни Назим Буши извршуваше функција министер за внатрешни работи.

Во период кога беше заменик министерот за внатрешни работи, функцијата на Назим Буши ја одбележа скандалот дека платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел. Тој објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.

Провалена акција за апсење

Буши е осомничен дека пред десетина дена ја пробил акцијата за апсење на членови на скопското нарко-подземје, информирајќи ги осомничените дека полицијата планира апсење, со што им овозможил да избегаат.

Изјава од МВР

Од Министерството за внатрешни работи дадоа коментар за тековните случувања.

„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна. Одземен му е мобилен телефон, по што, по насока на ОЈО, лицето е ослободено“.

Истражна постапка

Обвинителството на 16 декември отвори истрага против 18 осомничени припадници на скопското подземје. Осуммина од нив не беа пронајдени, а постои сомнение дека некој од внатрешноста им дојавил да избегнат апсење.

Случајот продолжува да се истражува, а јавноста очекува понатамошни детали од истрагата.

Уапсени четворица од 18 осомничени

Од вкупно 18 осомничени за убиства и рекет, полицијата успеала да уапси само четворица, додека еден осомничен сам се пријавил. Според извештаите, тројца од осомничените се веќе во затвор, двајца се во притвор, двајца се недостапни уште од претходно, а шестмина не биле пронајдени.

Пропуст во акцијата

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го коментираше пропустот во акцијата што се одвиваше на 16 декември оваа година.

Катастрофално е дека човек којшто требаше да биде апсен, 10 минути пред да пристигне полицијата доби информација и сега е недостапен за органите на прогонот. За тоа некој мора да одговара, рече министерот.

Одговорност и истрага

Министерот најави дека ќе биде спроведена внатрешна истрага за да се утврди како информациите стигнале до осомничените и кој е одговорен за ваквиот пропуст. Полицијата продолжува со напорите да ги пронајде и уапси останатите осомничени.

Извор: lider.mk

Continue Reading

Македонија

Директорот на „Веро“ маркетите тврди дека цените се намалени на основните прехранбени производи

Published

on

Петар Денковски, генералниот директор на синџирот маркети на „Веро“, смета дека цените на основните прехранбени производи се намалени во текот на изминатата недела.

– Голема поддршка дадовме на акцијата на Владата. Освен таа поддршка, изминатата недела направивме дополнителна акција на 60 нови производи. Зголемувањето на цените не ни одговара ниту на нас, ниту на потрошувачите, така што продолжуваме со континуирано намалување на цените, рече Денковски како одговор на новинарско прашање за време на настан.

Министерството за економија во текот на изминатите денови најави поголема активност на пазарните инспектори во голем број маркетови и при тоа открија значително зголемување на цените кај основните прехранбени производи кои не се опфатени со т.н. новогодишната кошничка. 

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески нагласи дека доколку трговците не ги намалат цените на овие производи до крајот на неделата, ќе бидат принудени да ги преземат дополнителните мерки и одлуки, вклучувајќи и налагање казни.

Во текот на инспекциите, инспекторите открија неусогласености во цените на некои основни производи, кои значително ги надминуваат предвидените граници за зголемување.И премиерот Христијан Мицкоски на прашање кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, одговори дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.

Continue Reading

Македонија

Лизгалиштето кај Магнолија направи рекорд: 2000 лизгачи во само еден ден!

Published

on

Во текот на вчерашниот ден лизгалиштето кај Магнолија во само еден ден го направи нивниот рекорд од 2000 посетители.

Во срцето на Битола, на сам Широк сокак, со поглед кон градскиот часовник, градот раскажува на радост на најмладите и по некој возрасен ја раскажува зимската приказна.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк