Connect with us

Македонија

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

Published

on

– Министерот за правда, Игор Филков, на дебатата „Платформа: 100% посветени за тебе“ на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ истакна дека Извештајот на Европската Комисија претставува силен поттик за потребните реформи.

Тој нагласи дека измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе бидат клучни за напредокот на патот кон ЕУ.

Министерот информираше и за формирањето на Комората на вештаци, која, според него, ќе игра важна улога во подобрувањето на правниот систем.

– Да бидеме искрени, нас не ни треба никаков извештај за да ни каже какви се состојбите, ниту го чекавме истиот за да пристапиме кон реформските чекори кои ги ветивме на граѓаните и за кои ја добивме довербата.

Ние како Министерство за правда, уште од прв ден пристапивме кон реформскиот процес и кон донесување одлуки и измени како сето ова да го придвижиме во вистински правец, рече Филков.

Нагласи дека реформите во правосудството се одвиваат во согласност со развојната секторска стратегија за правосудство за 2024-2028 година.

 -Она што е најбитно за нас во периодот се реформите во правосудството и тие секако ќе се одвиваат во согласност со развојната секторска стратегија за правосудство за 2024-2028 година, посочи тој.

 Дополни дека една од најголемите предизвици и најзначајна реформа се измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, што, според него, ќе биде клучно за напредокот на патот кон ЕУ.

– Буквално од утре почнуваме со стручните дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет подготвен од страна на работната група, формирана од страна на Министерството за правда.

Ова ќе биде еден од неколкуте настани кои што ќе следат периодов. Планирано е некаде до крајот на декември да го завршиме процесот, што значи дека ќе имаме една дебата неделно.

Очекувањата се големи. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот за судскиот совет, рече министерот.

Во врска со прашањето за Комората на вештаци, министерот информираше дека таа е формирана после осум години.

– Од 25 октомври 2024 година е направен упис на комората во централниот регистар и таа е функционална.

Ова е голем исчекор за комората која што предолго беше во мирување и го лиши правниот систем од експертиза. Но, она што е важно е дека сега таа е функционална и е ставена во функција, рече тој.

Дополни дека една од новините на Законот за вештачење е формирање на професионалните одделенија на Комората.

– Има 16 професионални одделенија, назначени се нивни раководители и заменици, така што, на седницата на основачкото собрание беа избрани органите на комората и донесени се основачките акти на истата.

Ова претставува клучен чекор во подобрување на правниот систем и создавање на силен механизам за контрола и поддршка на вештаците од Македонија.

Истата Комора ќе биде одговорна за лиценцирањето, едукација и вршење надзор на вештаците и нивната работа, дополни министерот.

Македонија

Минчев ќе го укине Инспекцискиот совет за да заштеди 255.000 евра годишно

Published

on

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска најави укинување на Инспекцискиот совет, што, според него, ќе заштеди на државата 255.000 евра годишно. На прес-конференцијата за презентација на досегашните резултати од својата работа, Минчев го претстави овој потег како почеток на големите реформи во јавната администрација, со цел нејзина трансформација во вистински сервис за граѓаните.

Минчев истакна дека 11-те вработени во Инспекцискиот совет нема да ги загубат работните места, бидејќи ќе бидат прераспределени во Министерството за јавна администрација. Сепак, седумте членови на Управниот совет, кои добивале надоместоци од 2.000 до 2.500 евра за само два состанока месечно, ќе останат без ангажман, што ќе ја овозможи најавената заштеда. Министерот додаде дека ова е само првиот чекор во укинувањето на непотребни функционерски позиции, но не даде конкретни информации за следните чекори.

Инспекцискиот совет беше предмет на жестоки критики пред изборите, бидејќи неговите членови беа назначени од СДСМ и ДУИ, со обвинувања за корупција и незаконитост. Новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите месеци презема мерки за трансформација на државните институции, со укинување или спојување на тела и агенции, со цел да ги намали трошоците и да избегне обвинувања за партизација.

Министерот зборуваше и за Балансерот, оценувајќи дека пред неговото воведување имало поголем број вработувања од редот на етничките малцинства, отколку откако системот започна да се применува во 2015 година.

Во однос на намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација и нивното префрлување во приватниот сектор, Минчев рече дека оваа можност сè уште се разгледува. Тој нагласи дека има дефицит на кандидати кои конкурираат за работа во администрацијата, пред сè поради ниските плати.

„Не можете да вработите ИТ-инженер во јавната администрација и да му понудите почетна плата од 450 или 500 евра, кога истиот професионалец може да заработи околу 2.000 евра работејќи од дома,“ изјави Минчев. Според него, платите во јавната администрација мора да бидат повисоки, и затоа од 1 март се планира зголемување на просечната бруто-плата за 8%. Заклучи дека јавната администрација не е обврзувачка опција за никого, и секој што сака, може да премине во приватниот сектор.

Continue Reading

Македонија

РАЗРЕШЕНА МИЛКИЈЕ ХАЛИМИ, повеќе не е директорка на „Аеродроми“

Published

on

Миликије Халими е разрешена од функцијата директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“. За нов директор е назначен Игор Трајановски.

Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“. Таа ја презеде функцијата од Трајче Ангеловски.

Continue Reading

Македонија

ДЕВЕТ БУКВИ ШТО МНОГУ МАКЕДОНЦИ ГИ „ЗАРАБОТИЛЕ“ ВО СТРАНСТВО: Еве го нивното значење

Published

on

Многу Македонци заминуваат да работат во странство, прекршувајќи некое од правилата и законите за работа во некоја од европските земји. Исто така голем број од нив „заработиле“ некоја буква од латиничната азбука во нивниот пасош, а притоа не знаат што точно означува таа буква.

Еве ги точните значења на деветте букви кои никој не сака да му ги запишат во пасошот.

А – лицето не поседува валиден документ

B – лицето има невалидна или фалсификувана патна исправа / пасош

C – лицето нема важечка виза или дозвола за престој

D – лицето има лажна, преправена или фалсификувана виза

Е – лицето не поседува документи со кои ќе ја докажи посетата

F – лице го надминало престојот од 3 месеци во последните 6 месеци

G – лицето нема доволно средства за егзистенција

H – на лицето му е забранет влез во Шенген зоната

I – лицето претставува закана за јавниот ред, здравјето и безбедноста на една или повеќе членки на Европската Унија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк