Connect with us

Македонија

Над 23.000 евра штета со лекови со изминат рок, резултат на недомаќинското работење на Универзитетската клиника за токсикологија

Published

on

Направената финансиска контрола и попис на Универзитетската клиника за токсикологија по промената на власта и раководството, откриваат крајно неодговорно, недомаќинско и штетно работење на менаџерските тимови во минатото, објави Курир.мк. од извори од оваа Клиника.

Пописот констатирал голема количина на медикаменти со поминат рок кои во важечкиот период  не биле потрошени, односно биле оставени да станат неупотребливи. За одбележување е да се споменат   2.500 ( две ипол илјади)  кутии таблети Сумамед кои според важечките цени на пазарот чинат околу 1.210.000 денари или 19.579 евра и  1.349  таблети  Бупренорфин од 8 милиграми кои според важечките цени на пазарот чинат 251.472 денари или 4.069 евра или вкупната штета  изнесува 1.461.472 денари или 236.48 евра, дознава ексклузивно Курир.

И покрај тоа што таблетите Сумамед се заведени како донација, а таблетите Бубпренорфин се набавуваат преку програмите на Министерството за здравство, овој пропуст и неодговорно работење е на штета на здравствениот систем и буџетот на Република Македонија.

Индиректна штета ќе претрпи и Универзитетската клиника за токсикологија бидејќи со средства од сопствениот буџет ќе мора овие медикаменти кои се неупотребливи да ги уништи во строго предвидена, скапа процедура, посочуваат изворите за Курир.

Еден од основаните сомнежи е дека во можна спрега меѓу веледрогерии и клиниките се земани лекови со поодминат рок, медикаменти кои и онака веледрогериите наскоро ќе требало да ги уништат. Истражните органи ќе ја докажат вистината во овој најнов скандал во македонското здравство.

Македонија

МВР со детали: Запленети над 500.000 евра, оружје и дрога

Published

on

На 2 јануари 2025 година е реализирана голема меѓународна истрага координирана од ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства. Во акцијата е сузбиена организирана криминална група инволвирана во фалсификување и пуштање во оптек на лажни пари на териториите на повеќе држави.

Истрагата утврдила дека од крајот на 2023 година до февруари 2025 година групата, составена од македонски и српски државјани, изработувала фалсификувани пари во специјално опремен стан во Скопје. Со помош на машини со гравирани плочи, кои имитирале сигурносни знаци на банкноти, биле произведувани лажни пари во различни апоени. Тие биле пуштани во оптек во Северна Македонија и Србија, а значителен дел од нив завршувал во Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.

Во акцијата на територијата на Северна Македонија биле извршени претреси во Скопје, Велес и Прилеп, при што се уапсени 10 лица – девет од Скопје и едно од Велес. Запленети се околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 руски рубљи. Исто така, откриени се CNC машина за изработка на калапи, калапи, жигови, валјаци за печатење, копии од банкноти, три пиштоли, една пушка, 140 куршуми, кесе со непозната прашкаста материја, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ уреди и лаптопи.

Во истовремена акција во Србија се уапсени шест лица, членови на истата група, при што се запленети дополнителни 153.700 евра.

Истражните активности продолжуваат, а Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во текот на денот ќе поднесе кривична пријава против шест македонски и двајца српски државјани.

Continue Reading

Македонија

Со намалување на услугите на Катастарот, до милион евра ќе останат во џебот на граѓаните

Published

on

Во вечерашниот поткаст, „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ гостуваше директорот на Агенција на катастар за недвижности, Иван Живковски, кој говореше за сработените мерки и проекти во Aгенцијата. Како што вели тој, минатото раководство сакало да ги зголеми цените на услугите на Kатастарот за значителен процент, но за среќа сега на граѓаните драстично им се намалени цените за услугите кои ги нуди.

-Бев инспириран пред се од една фамозна одлука на претходниот директор, со која што беа цените вртоглаво покачени на катастарот и по една опсежна анализа предложивме да се намалат цените дури до 75 проценти. Така да, тој тарифник е сега на сила, стапен е на сила, ги помина сите оние потребни филтри, истакна Живковски и додаде дека заштедата со новите цени, ќе достигне милион евра, пари кои што ќе останат во џебот на граѓаните.

Живковски се осврна на заостанатите предмети и процеси кои што ги затекнал во институцијата, каде што напомена дека над 6000 предмети биле оставени нерешени.

-Веднаш направивме еден координативен состанок и донесовме одлука дека тоа треба под итно да се заврши. Епилогот од тоа беше дека се работеше прекувремено, во саботи, се остануваше и подоцна од предвиденото работно време и во моментов имаме само тековни предмети кои што како стигнуваат така се решаваат, појасни тој и додаде, „Само во ноември месец имаме речиси 95 илјади предмети кои што се решени на ниво на цела Република Македонија. Тоа е една бројка која што е многу сериозна и никогаш претходно се нема случено’’.

Директорот на Катастар, даде своја визија за работењето во институцијата која ја подели во две фази.

-Првата насока е дигитализацијата, зголемување на овие услуги, кои што ги напоменав, брза и ефикасна услуга, што значи нели да не се чека со недели, па и месеци, потенцираше Живковски и додаде, „Другиот аспект е нула корупција, затоа и започнавме една кампања во првите два месеца, а кампањата беше и сеуште трае „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“.

Живковски на крајот на поткастот, даде едно резиме за тоа што е направено изминативе 6 месеци откако тој е директор на Агенцијата на катастар за недвижности.

Тој меѓу главните карактеристики ги истакна реорганизација на седиштето на Агенцијата и центарот Скопје, намалувањето на тарифникот, отворање на општински подрачја, обуки за вработените, нова платформа за добивање на електронски услуги и проектот за нула корупција.

-Морам да констатирам дека Катастарот е една од институциите што во најголема мера е дигитализирана. Како Агенција за катастар имаме повеќе од 140 виртуелни услуги, трет најголем оперативен систем во Македонија сме, покрај Царина и УЈП, трети сме ние, истакна Живковски за дигитализацијата и заклучи за проектот нула корупција.

„-И секако, морам повторно да напоменам, кампањата која што ни е во тек и дава многу добри резултати, „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, ќе продолжи и понатаму. Ќе продолжиме да се бориме максимално со сите обиди за корупција. Ако едноставно сакаме да одиме напред, тоа мораме како термин и поим да го заборавиме, рече Живковски.

Continue Reading

Македонија

СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ: Пронајден е неговиот мобилен

Published

on

Пронајден е телефонот на исчезнатото момче Миле Тодоров од Неготино, а семејството бара помош од институциите за негово пронаоѓање. Мобилниот телефон е пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема, објави Фокус. 

Веќе неколку дена се трага по 28-годишниот Тодоров од Неготино, кој на 30-ти јануари околу осум часот наутро, откако дал отказ на работното место во Кавадарци, заминал во непознат правец.

Од информациите кои ги има неговото семејство, тој најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и околу 10.30 часот е забележан кај селото Марена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк