Connect with us

Македонија

Видео: Нападот на Штекли беше најавен преку видео објавено на „Тик-Ток“

Published

on

Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност, бидејќи го повреди Раде Трајковски – Штекли, кој беше пренесен во болница. Овој напад, кој се случи во близина на „Ист Гејт“, беше најавен преку видео објавено на „Тик-Ток“, а во кое беа споменати и претходните напади врз Трајковски.

Во видеото се слуша глас кој најавува: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“. Нападот ја активираше јавноста, но, како и во претходните случаи, полицијата не успеа да интервенира навреме.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, реагираше по инцидентот, истакнувајќи дека иако нападот бил озбилен, не се стекнаа животно загрозувачки последици. „Добро е што немаме жртви во овој кривично-правен настан, и ситуацијата со повредениот не е животно загрозувачка“, рече Тошковски.

Сепак, нападот уште еднаш ја отвора дилемата за ефикасноста на полицијата и борбата против бандитски структури кои го тероризираат главниот град

Македонија

МОРБИДНО: Има ли институција во Македонија која ќе се позанимава со ликов познат како Боби?

Published

on

Ликов што се одѕива на името Боби Илиевски очигледно има проблем со квантумот на бесчувствителност во својата душа, ако воопшто ја има, па почнува безочно и мизерно да напаѓа човек кој е во центарот на емотивен вулкан…

… и за кого терминот овоземски живот повеќе нема да има исто значение.

Кога целата Македонија дише со поливина гради, кога воздухот е траорен а земјата и небото се завиткани во црно за загубата на Фросина, која беше убиена од еден дијаболик…тогаш се јавува овој лик кој се поставува во улога на емотивен проценител на човек кој штотуку загубил чедо.

Дополнително ликов кој се презива Илиевски, го мери секој негов збор, гест, поглед , експресија, небаре станува збор за директен пратеник на синот Божји и истиот носи суд!

Има ли соодветна институција која ќе се позанимава со вакви ликови кои шират омраза, личен дефетизам и бескрајна малициозност ? Добиваме ли нов „Тричковски“?

Извор: Канал 5

Continue Reading

Македонија

Паѓаат началници, инспектори во МВР и газди на автосервиси – Кој местел тендери за службени возила

Published

on

policija

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови.

Според се уште неофицијалните информации во тек се претреси во зградата на Министерството, јавуваат повеќе медиуми. 

Според истите извори, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Според информациите, акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. 

Истовремено, претреси се вршат и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.

Денеска е уапсен и екс близок соработник на Заев 

Continue Reading

Македонија

ШЕСТ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО БИТОЛА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВААТ СТРУЈА СО ФОТОВОЛТАИЦИ И ГОДИШНО ЌЕ ЗАШТЕДАТ 15.000 ЕВРА

Published

on

Фотоволтаици се поставени на шест основни училишта во Битола кои ќе произведуваат струја од чисти извори за сопствени потреби, со што се очекува годишно да заштедат до 15 000 евра. Фотонапонските централи се монтирани во училиштата „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Коле Канински“,  „Св. Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ во Кукуречени и „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица.

Во шесте училишта поставени се фотоволтаици со вкупен капацитет од 147, 5 киловати моќност и ќе произведуваат околу 168.000 киловати електрична енергија годишно. Во дел од училиштата кои се греат на инвертер клими ова ќе биде од голема корист, зашто драстично ќе се намали трошокот за електрична енергија. Во другите училишта, произведената струја ќе се користи за осветлување на просториите, за топла вода и други потреби, но нема да ги земени системите за греење на мазут.

„Електричната енергија што ќе ја произведуваат овие централи ќе биде бенефит и за училиштата, а преку тоа и за Општината. Бенефитите ќе бидат видливи преку сметките за струја и тоа веќе следната година“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Во лето, централите ќе произведуваат струја и таа ќе оди во мрежата на елетродистрибуција, а потоа ќе има нивлирање на сметките за струја која училиштата ќе ја трошат во облачни денови. Фотоволтаиците ги финансираше Фондацијата Отворено општество Западен Балкан, а проектот Сончеви училишта е спроведен во 17 образовни установи во Македонија.

Извор: sdk.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк