Connect with us

Македонија

Директорката на ГАК, Алексиоска Папестиев: Загадениот воздух го зголемени бројот на предвреме родени бебиња

Published

on

По повод Светскиот ден на предвремено родените бебиња (17 ноември), на клиниката за гинекологија и акушерство, беше одржана прес конференција, на која беше кажано дека бројот на предвреме родени бебиња во државата расте. Од таму велат дека за ваквиот тренд има повеќе фактори меѓу кои и загадениот воздух.

„Загадувањето на воздухот е значаен ризик фактор кој може да влијае врз бременоста, предизвикувајќи предвремени породувања. Се повеќе научни студии потврдуваат оваа поврзаност,“ нагласи директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев.

Таа посочи дека и возраста на жената при бременост е исто така важен фактор, особено кај жени над 35 години.

„Современите жени често прво се фокусираат на кариерата, а потоа на семејството. Ова го зголемува ризикот од компликации како прееклампсија, што не ретко бара предвремено завршување на бременоста за да се заштити мајката,“ додаде таа.

Како други значајни причини за предвремени породувања, ги истакна инфекциите и повеќеплодовата бременост. Во текот на изминатите две децении, бројот на случаи со прееклампсија е во пораст, достигнувајќи до 25 проценти, а од 16.000 раѓања годишно, 800 до 1.280 жени се со ризик за оваа состојба.

„Прееклампсијата е сериозно мултиорганско заболување кое може да предизвика сериозни компликации и кај мајката и кај плодот. Затоа, со помош на Министерството за здравство, од крајот на оваа година започнуваме пилот програма за скрининг која ќе овозможи рано откривање и третирање на оваа состојба,“ истакна директорката.

Минатата година во нашата држава биле регистрирани вкупно 604 предвремено родени бебиња, додека оваа година бројот изнесува 681. За да се намали ризикот од предвремени породувања, на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе се воведе пилот програма за бесплатен скрининг за рано откривање на жени со ризик за развој на прееклампсија. Дополнително, во клиниката е пуштен во употреба нов интраклинички транспортен респираторен апарат, со цел обезбедување адекватна респираторна поддршка на новороденчињата во првиот критичен час по раѓањето. 

Клиничкиот неонатолог педијатар Елизабета Петковска посочи дека новиот респиратор е последен модел и обезбедува нежна вентилација со максимална заштита за органите на новороденчето.

„Првиот час по раѓањето, познат како ‘златен час,’ е клучен за стабилизација на новороденчето. Новиот апарат ќе овозможи навремена и прецизна грижа, со што ќе се намалат компликациите,“ додаде Петковска.

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, изрази задоволство од напредокот во намалување на стапката на смртност на предвремено родените бебиња, која од 21% во 2017 година, оваа година е сведена на 6,7%.

„Иако преналитетот останува глобален проблем и водечка причина за детска смртност, нашата клиника бележи огромни резултати благодарение на посветеноста на тимот и соработката со родителите,“ истакна Андовски.

Тој информираше дека со усвојувањето на мастер планот за регионализација на перинаталната здравствена заштита, се очекува понатамошно намалување на стапката на смртност и подобрување на квалитетот на здравствената грижа за мајките и новороденчињата.

Македонија

Убавецот наш Пелистер: Снежна идила низ фотографии

Published

on

Пелистер, нашиот природен бисер, изгледа зачудувачки убав во зимската снежна идила. Природата го обвива со снежна покривка, создавајќи слика на чиста магија. Оваа зимска приказна преку фотографии ја пренесува магијата на Пелистер, планината што ја краси нашата земја со својата величина и убавина.

Фото Иванчо Тошевски

Continue Reading

Македонија

Две малолетнички се степале на свадба во Куманово

Published

on

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР Куманово, Н.Р.(37) од Куманово пријавил дека на 14.11.2024 околу 15.00 часот на свадбена веселба во Куманово, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, а потоа и од нејзината мајка и сестра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Првиот заменик-премиер Изет Меџити: Ќе одиме во Приштина за да го зајакнеме духот на меѓудржавната соработка

Published

on

Во понеделник, Владата на Северна Македонија ќе отпатува во Косово за првата заедничка меѓувладина седница од формирањето на новата Влада. Ова седница, покрај протоколарниот дел и усогласената агенда меѓу двете влади околу прашањата за кои ќе се дискутира и договорите што ќе се потпишат, претставува и континуитет на нашата посветеност за зајакнување на регионалната соработка и за третирање на Република Косово како еднаков партнер во сите регионални иницијативи и активности. Вака напиша на социјалните мрежи Првиот заменик-премиер Изет Меџити.

Тој понатаму додаде дека Владата на Северна Македонија доаѓа во Приштина со проактивен пристап и искрен интерес за да ги разгледа сите прашања од интерес за нашите две земји. „Независно од проблемите кои новата Влада ги наследи од претходните влади, независно од оркестрираните тенденции да се обвини новата Влада за секој неуспех оставен во наследство од минатото, духот на меѓудржавната соработка ќе се зајакне и меѓусебната доверба меѓу Северна Македонија и Косово ќе се зголемува континуирано и ќе се гради, бидејќи ова е наша заедничка обврска пред нашите граѓани“, рече Меџити, и додаде: „Нашите политички партнери, пријатели и сите други општествени актери во Република Косово сакам да ги информирам дека Владата на Северна Македонија е решена и непоколеблива да работи Западен Балкан да се трансформира во развиен и интегриран регион со модерни институции и услуги и со гарантирање на слободата на изразување, слободата на движење и слободата на организирање за секој поединец или група, без разлика на нивната припадност.“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк