Connect with us

Македонија

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши за чоколадо, а за граѓаните ќе има само сув леб

Published

on

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека постојано работат на развој и економски раст, што резултира со подобар животен стандард на граѓаните

Опозицискиот СДСМ и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, освен во собраниската Комисија за финансирање и буџет, водат дебата за предлог-буџетот за 2025 година и преку соопштија во кои доминираат спротивставените ставови на двете партии.  

Според опозицијата, предлог-буџетот на Владата на премиерот Христијан Мицкоски е најрасипнички во историјата на земјата и, наместо за подобрување на економската состојба, пари од државната каса ќе се трошат за луксуз. 

„Буџетот е тежок 6,5 милијарди евра, толку планира власта да потроши, но наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, раст и развој на економијата власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за 75%. Парите за купување мебел власта на Мицкоски ги зголеми за петпати. Со буџетот владата на Мицкоски предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги, а во истиот момент ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство“,  велат утрово од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Расипничкото однесување, како што додаваат оттаму, се случува во услови на високо ниво на јавниот долг, кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисокото ниво од 70,8 проценти.  

„Со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо. За себе Владата на Мицкоски ќе троши за чоколадо, а за граѓаните сув леб“, велат од СДСМ. 

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека постојано работат на развој и економски раст, што резултира со подобар животен стандард на граѓаните.  

Оттаму велат дека во предлог-буџетот за 2025 година се предвидени рекордни 50,5 милијарди денари за капитални (околу 820 милиони евра) за капитални инвестиции.  

„Во оваа сума, колку за илустрација, вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10-д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти. Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства. Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ објавено утрово.  

Додаваат дека Владата предводена од нив со буџетот за 2025 година планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти. 

Пратениците вчера, трет ден по ред, расправаа за предлог-буџетот за 2025 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Од дел од народните избраници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ можеа да се слушнат оптимистички прогнози дека економскиот раст следната година би можел да достигне и над четири проценти, што е повеќе од проектираните 3,7 отсто. Од другата стана, пак, нивните колеги од опозицискиот СДСМ се на став дека Предлог-буџетот е манипулативен и скроен за предизборни цели на владејачките партии за локалните избори в година.

Македонија

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во тв гостување неодамна, беше запрашан како се чувствувал кога го видел Сашо Мијалков со луксузно возило во Монте Карло.

„Што да ви кажам сега јас?“, рече тој, додавајќи дека се чувствувал како и секој македонски граѓанин разочарано. Погледнете тука што вели тој.

Continue Reading

Македонија

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН – прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

Published

on

Последниот пост на Раде Трајковски Штекли на Инстаграм беше во Будва на 4 јануари оваа година.

Тој, пред вчера да биде уапсен, ги помина празниците на црногорското приморје. 

Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.  

Вчера попладнето на повеќе локации се вршеа претреси.

„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на денешниот ден.

Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што е познато, апсењето на Трајковски-Штекли е дел од пошироката операција на МВР, која во изминатиот период резултираше со уапсени десетици членови на криминални мрежи, вклучително припадници на Беланоца, поврзани со повеќе убиства и трговија со дрога.

Полицијата истражува наводи за вмешаност на висок полициски функционер во соработка со скопските наркокланови.

По апсењето на Раде Трајковски-Штекли, кој е осомничен за раководење со мрежа за трговија со дрога, се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник. Се претпоставува дека телефонот би можел да содржи докази за протекување информации кон криминалните групи.

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

Published

on

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 20 до 27 јануари, и тоа барем според моменталните изгледи и излези на Европскиот модел (ECMWF), ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени. Исто така, и врнежите ќе бидат потпросечни, иако во вторник и во среда, на 21  и на 22 јануари ќе имаме услови за локални послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300, 1400 метри ќе има слаби врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе биде претежно тивко. Но мора да напоменам дека по котлините ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови, па така во овие котлини ќе имаме  и пониски максимални дневни температури на воздухот.

И во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно време во периодот од 20 до 27 јануари, но во вторник и во среда ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд, а на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Ќе биде претежно тивко, а во пониските предели од котлината ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови.

Што се однесува до температурите, тие наутро исто така ќе бидат во пораст  и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, само во почетокот на следната седмица сеуште тие во делови од Македонија, односно особено во Беровскиот регион ќе се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени.

Максималните дневни температури насекаде ќе бидат над нулата и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, но како што напоменав пониски дневни температури ќе има на местата со магла и со ниска облачност. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4  и 3 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 5  и 9 степени“, објави тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк