Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 49-годишниот С.Т. од Кичево поради сомнеж дека извршил проневера.
„Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари“, се вели во известувањето на МВР.
Апаратот бил дониран се со цел да биде ставен во употреба кога во Македонија беснееше ковид пандемијата.
Зошто во одредени држави се трошат многу повеќе пари за административни процедури за здравствена заштита, а резултатите изостануваат, додека во други држави со помалку пари се постигнуваат многу поголеми ефекти? Зошто постои диспропорција меѓу средствата што се вложуваат и резултатите што се добиваат?
На ова, а и на многу други прашања, одговараше Грејс Сара Џенингс, сениор директор во британскиот Меѓународен конзорциум за мерење здравствени резултати (ICHOM), образложувајќи ја важноста од здравствената заштита базирана на вредности (анг. Value Based Health Care), на конференцијата “Unlocking the Path to Value: AdvancingPrecision and the Role of Biomarker Testing in ModernOncology – RUBICON 2024” што се одржа во Скопје на оваа тема.
Меѓународниот конзорциум за мерење здравствени резултати е меѓународна непрофитна организација чија мисија е да го „отклучи“ потенцијалот на здравствената заштита базирана на вредности, ставајќи ја перспективата на пациентот во центарот на грижата.
Работата на овој конзорциум се состои од стандардизација на сетови од мерки во чиј центар е ставен пациентот, а приматот се става на резултатите, односно на исходот што се очекува да се постигне. Досега се формирани 46 сетови од мерки кои покриваат различни состојби, а се имплементирани во здравствените системи во 85 држави.
Џенингс образложи зошто приматот на здравствената заштита базирана на вредност се става на резултатите кои се важни за самиот пациент. „Често повеќе се грижиме за самите процеси, отколку за исходите што ги добиваме во здравствената заштита. Информациите се исклучително важни кога се одлучува по кој пат да се придвижите. Сега, она што го купувате се всушност влезните материјали, а треба да се купуваат излезните. Затоа потребно е да собираме податоци, да ги согледуваме исходите. Сега, во многу здравствени системи има многу ферментирани податоци, со што е невозможно да се согледаат и измерат ефектите“, рече таа.
Според Џенингс, само она што може да се мери, може и да се менаџира. „Ако не можете да го мерите, не можете да го контролирате. Токму затоа е важно да се размисли какви мерила се важни. Се работи за клинички извештаи и она што го пријавуваат пациентите. Тоа се бројки според кои се гледа како напредува болеста, но и како се чувствуваат пациентите, да се видат објективните резултати и врз основа на тоа да се гради системот на здравствена заштита“, изјави таа на конференцијата организирана од МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, МАРО – Македонско здружение за радиотерапија и онкологија, Македонско здружение за патологија и Рош Македонија. Рош е една од најголемите светски фармацевтски компании и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести.
Во светски рамки сѐ повеќе се нагласува таканаречената здравствена заштита базирана на вредност, која претставува пат кон постигнување на аспирациите кон „тројната цел“ – подобрување на искуството на пациентот во однос на грижата, подобрување на здравјето на населението и намалување на трошоците за здравствена заштита по глава на жител, што воедно би значело и подобрување на искуството на лекарите. Здравјето на населението се подобрува само кога се подобруваат здравствените резултати на многу поединци, што всушност претставува фокусот на здравствената заштита базирана на вредности.
Големиот број случаи на грип во Тетово предизвика значително намалување на присуството на ученици на почетокот на второто полугодие. Според податоците од секторот за образование, повеќе од 250 ученици од основните училишта отсуствуваат поради болеста.
Инфективното одделение во Тетово секојдневно прима меѓу 80 и 100 пациенти со симптоми на грип, главно треска и кашлица, изјави инфектологот Борче Зафироски. Тој советува граѓаните да избегнуваат престој во затворени простории со многу луѓе за да се ограничи ширењето на вирусот.
Најголем број заболени има меѓу децата, што го потврдува и д-р Мерита Елези Рустеми од детското одделение. „Во декември имавме 1.115 прегледи, од кои 150 пациенти беа хоспитализирани. Во јануари до денеска бројот на прегледи изнесува 887, а 142 од нив завршија на болничко лекување. Децата честопати покажуваат потешки симптоми, како што се висока температура, кашлица и отежнато дишење“, изјави таа.
Состојбата останува загрижувачка, а лекарите препорачуваат зголемена претпазливост и следење на мерките за заштита.
Нова градинка „Рилиндја“ при Јавната установа „Младост“ ќе биде отворена денеска во Тетово, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.
По повод отворањето на градинката, најавени се обраќања на ресорниот министер Фатмир Лимани, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, градоначалникот на Тетово, Билал Касими, и директорка на ЈУ „Младост“ – Тетово, Фатлинда Јаја.