Connect with us

Uncategorized

Банките не се обврзани да го послушаат премиерот, вели Бесими за 360 степени

360°: Актуелни се преговорите на Владата со комерцијалните банки во врска со пласманот на дел од унгарскиот заем како кредити за компаниите. Притоа, премиерот Христијан Мицкоски извесен период апелира на општествена одговорност на банките со очекување тие да преземат дел од трошокот или да се откажат од дел од заработувачката при пласманот и адмнистрирањето на тие кредити. Што мислите вие – во право ли е премиерот кога очекува таков однос од банките?

Бесими: Видете, пристапот да се комуницира со банките мислам дека е очекуван и во конкретниот случај мислам дека Министерството за финансии постојано има преговори – дали тоа се благајнички записи, дали, на пример, кога имавме граѓанска обврзница седнавме со банките зашто за таа обврзница прво имаше реакции од банките, затоа што граѓаните наместо да ги депонираат своите заштеди во депозити во банки имаше друга опција, друг инструмент, меѓутоа со разговори со банките стигнавме до нешто. Го прифатија и го поддржаа и тоа имаше позитивен импакт бидејќи потоа банките ги подигнаа и каматите на депозитите на граѓаните, меѓутоа тоа беше мал процент од вкупните депозити. Меѓутоа, во конкретниот случај е различна позицијата на Владата, односно премиер и министер за финансии во однос на банките визави кога се дискутира со бизнис-заедницата или со стопанските комори затоа што тука регулатор е Народната банка. Значи и политиките во однос на банките ги регулира Народна банка. Во однос на комуникацијата, тука е Владата која обезбедува одредено финансирање и сака тоа да го постигне преку помали трошоци, меѓутоа помали трошоци врз буџетот за по иста каматна стапка да се стигне кај стопанството. Банките во овој случај, оние кои работат според нивните принципи имаат одредени правила – прво, пазарните принципи за профитабилност, рентабилност и ликвидност. Тоа им е приоритет и другите правила и регулатива што им ги наметнува Народната банка.

360°: Премиерот им вели – но, вие имате големи профити, па дајте, покажете малку општествена одговорност за да му се врати на општеството.

Бесими: Ќе видиме како ќе одат преговорите, банките не се должни тоа да го направат согласно законската регулатива, меѓутоа кога се разговара со нив, мора мерките да се дизајнираат, а тоа го кажува и Светска банка и ММФ и Европската комисија, врз пазарна основа, што значи за да бидат мерките или политиките на Владата одржливи, тие треба да се дизајнират на начин што одговара на пазарните законитости со тоа што со банките може да се договорите еднаш – еве да кажеме ќе покажат волја поради некои причини… Но, тоа е пазарно неодржливо, банките сега можат да ги остават нивните депозити во Нардона банка со 4,3% и во благајнички записи за 5,8%.

360°: Па, зошто би давале поевтини кредити некому кога имаат шанса парите да ги пласираат со поголема камата…

Бесими: Нивната цел е остварување профит и, секако, зголемување на пазарот подоцна и остварување на дивиденда за своите сопственици и така натаму. Меѓутоа, главната нивна улога, ако гледаме од макроекономски аспект, е посредувањето за финансирање на растот и економијата. Кај нас, во моментот, ако депозитите се 63% или вкупната банкарска актива е 87% од бруто-домашниот производ, кредити се некаде 54%, што значи дека имаат простор, има соодветна ликвидност кај банкарскиот систем кај нас, односно имаат простор да финансираат.

360°: Не им фалат пари, што би се рекло поедноставено, за да може да пласират кредити.

Бесими: Да, сега во ова фаза, во овој економски циклус имаат можност да ги пласираат така за и тие да имаат свои средства надвор што се…

360°: Очекувате ли дека ќе има интерес, иако не ги знаеме докрај условите, макар што за крајните корисници веројатно тие се горе-долу познати – каматата ќе биде 3,25%, и да се потрошат овие 250 милиони евра брзо?

Бесими: Пак ќе се вратам на она што како креатор на политики Владата сака да го постигне. Кој е таргетот? Има фирми што денес релативно добро стојат, па тие и сега од комерцијалните банки добиват поволни кредити со под 3% камата и со 10-годишен рок на отплата и со грејс период. Тука се таргет тие што веројатно не може да ги постигнат овие камати. Во оваа категорија се дел од нив кои одат преку Европската инвестициска банка и Развојната банка. Тоа е активен договор со Европската инвестициска банка од 100 милиони евра од кои некаде 87 милиони досега, колку што знам, се пласирани. Тие се пласираат со камата од 3,5 отсто кај банките во стопанството и сега банките тековно, односно стопанството може да ги користи. Таков е кредитот и на Француската АФД, исто е со камата од 3,5% и може да се користи за дигитализација, за жените во бизнисот, за зелена транзиција, а и претходно, на пример, имаше дополнителни 200 милиони евра од Европската инвестициска банка каде што каматните стапки беа пониски од оние на глобалните финански пазари и изнесуваа по 1,6%. Така што, сакам да кажам дека ако Владата има цел да го постигне тоа 3,25% независно дали ќе постигне таков договор со банките или не, таа има начин тоа да го реализира, како што и сега, на пример, се прави тоа со Европската инвестициска банка и другите меѓународни финансиски институци каде што Владата делумно го субвенционира тоа како трошок.

360°: Какви се условите за овој кредит што го спомнувате од 100 милиони, од којшто велите дека веќе 87 милиони веројатно се пласирани?

Бесими: Ако 3,5% е каматата на позајмицата и на стопанството му се сервисира истата каматна стапка, разликата за трошоците на банките е 1,5% од каматната стапка. Тоа се покрива преку Развојната банка делумно за да не биде товар на буџетот, а ако Развојната банка нема таква рентабилност, тогаш разликата во каматата се компензира од буџетот.

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг