Connect with us

Македонија

Пукање во Гостивар поради нерасчистен долг!

Published

on

66-годишен жител на гостиварско пукал во речиси двојно помлад човек поради наводен нерасчистен долг, соопшти полицијата.

„На 17.11.2024 во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско. Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош. Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми“, велат од МВР.

По документирањето на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна пријава.

Македонија

Божиновска: Македонија и Косово го отвораат патот за енергетска иднина

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го потпиша меморандумот за енергетска соработка меѓу Македонија и Косово.

Со овој документ се поставуваат темелите за заеднички енергетски проекти, инвестиции и размена на знаење, насочени кон стабилна енергетска транзиција, развој на обновливи извори на енергија и обезбедување сигурно снабдување.

„Балканот може и мора да биде пример за енергетска одржливост. Ова партнерство е важен чекор кон градење подобра енергетска иднина за сите нас,“ истакна Божиновска.

Меморандумот ја истакнува важноста на регионалната соработка за постигнување долгорочна енергетска стабилност и одржлив развој.

Continue Reading

Македонија

Нов отворен систем на патарини, како тој во Србија, најави министерот Николоски во вечерашното гостување на Телма. 

Published

on

Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт  Александар Николоски во гостување на ТВ Телма.

 “Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека континуирано бараме извори на финансирање во вид на грантови”-  истакна министерот Николоски.

Во однос на модернизација на патарините тој истакна дека тоа е поради воведување на таговите што ги користат и странски граѓани и е дел од обврските на Отворен Балкан  

Continue Reading

Македонија

Штекли ја напушти Македонија? Од авион прати порака до сите

Published

on

Познатиот Раде Трајковски-Штекли по настанот со експлозија пред неговиот дом, одлучи да се спакува и среќата да ја бара надвор од границите на Македонија.

Тој на своите социјални мрежи објави фотографија од авион, а остави и порака.

„Чувај ми се сине, стара мајка кука, свака би фукара да убие вука“, напиша тој на фотографијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк