Connect with us

Македонија

Воз излезе од шините меѓу Зелениково и Кадина река, сообраќајот во целосен прекин!

Published

on

Товарен воз вчера во 21:37 часот излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“.

Сообраќајот е во целосен прекин во тој дел.

Според информациите, нема повредени лица а на терен се екипи од Македонски железници.

Македонија

Коњановски: Битола се гордее со своите ракометари

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше свечен прием за ракометарите од РК „Еурофарм Пелистер“, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет 2025 година. Првенството се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка, а македонските ракометари со својата игра уште еднаш го потврдија спортскиот напредок на ракометна Битола.

Градоначалникот Коњановски им се заблагодари на спортистите за нивниот ангажман, истакнувајќи дека нивниот успех е од големо значење за градот и македонскиот спорт.

Признанија за битолските ракометари

На приемот, Коњановски им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на ракометарите:

• Филип Кузмановски

• Петар Атанасијевиќ

• Павле Атанасијевиќ

• Жарко Пешевски

• Ненад Костески

• Никола Митревски

Покрај тоа, тој изрази јавна благодарност и кон битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на РК „Алкалоид“.

„Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа“, изјави Коњановски.

Поддршка за спортот во Битола

Ракометарите, споделувајќи ги своите искуства од првенството, се заблагодарија за поддршката што ја добиваат од градоначалникот и Општина Битола.

Коњановски нагласи дека локалната самоуправа останува посветена на поддршката на спортот и создавање подобри услови за спортистите во градот. „Ракометот е симбол на Битола, а ние ќе продолжиме да инвестираме во спортот и младите таленти кои ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена“, додаде тој.

Со оваа средба, уште еднаш беше потврдена посветеноста на Општина Битола кон развојот на спортот и вреднувањето на успесите на локалните спортисти.

Continue Reading

Македонија

Тимчо Муцунски во Австралија: Посветен на јакнење на врските со македонската дијаспора

Published

on

Во рамките на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, присуствуваше и се обрати на првиот натпревар од новата сезона на Престон Лајонс – еден од најуспешните македонски фудбалски клубови во Австралија. Овој клуб претставува значаен симбол на спортската традиција на македонската заедница и е пример за негување на културните врски со татковината преку спортот.

„Во црвено-жолта боја, од Мелбурн навивавме за тимот кој претставува гордост на македонската заедница, успешен спортски модел и симбол на спортскиот дух во Австралија,“ истакна министерот Муцунски во својата официјална објава на социјалните мрежи. Натпреварот го проследи заедно со истакнати македонски стопанственици, кои со својата поддршка придонесуваат за зачувување на македонскиот спортски и културен идентитет во дијаспората.

Посетата на Австралија е дел од пошироките напори на Владата за продлабочување на релациите со македонската заедница во странство, која има значајна улога во унапредувањето на билатералните врски и градењето на долгорочни партнерства. Во рамки на посетата, министерот Муцунски го посети и македонскиот манастир Св. Климент Охридски – најстариот македонски манастир во дијаспората, како и соборниот храм „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Мелбурн, нагласувајќи дека верските објекти и заедници во дијаспората претставуваат клучен столб за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и традиција.

Дополнително, министерот Муцунски оствари средба со претставници на Македонското здружение за благосостојба на заедницата (MCWA) – која обезбедува индивидуализирана грижа за постари лица. Ова здружение, од организација посветена на потребите на македонската заедница, низ годините прерасна во една од водечките хуманитарни асоцијации во цела Австралија, која опслужува илјадници луѓе, а воедно дел од работните места ги отвора и во нашата земја.

Во разговорите беше потенцирана важноста на соработката со заедницата во дијаспората и поддршката на иницијативи кои придонесуваат за подобрување на благосостојбата на граѓаните со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ: НОВА СПОРТСКА САЛА ВО БИСТРИЦА

Published

on

Во Бистрица ќе се гради нова спортска сала, која ќе им овозможи на граѓаните современи услови за спорт и рекреација. Со модерна инфраструктура и опрема, салата ќе е наменета за различни спортови, тренинзи и натпревари. Локалните власти истакнаа дека овој проект е од големо значење за заедницата, особено за младите спортисти.

Видеото може да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/share/v/1A4ErJxeBG/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк