Connect with us

Бизнис

Ќе поевтинат околу 500 производи следниот месец

Published

on

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Тој рече дека се извршени сите консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена на производите, како стопанските комори, синдикатите и Организацијата за заштита на потрошувачите.

– Во новогодишната кошничка ќе имаме преку 500 производи со намалени цени, односно, повеќе групи на производи. Ќе има и некои различни производи од есенската потрошувачка кошничка. За граѓаните најбитно е што ќе бидат опфатени оние производи кои се најзастапени на трпезата за Нова година и за празниците околу Нова година – изјави Ристески.

Тој е уверен дека потрошувачката кошничка ќе донесе бенефити за граѓаните.

– Ние најавивме повеќе такви потрошувачки кошнички за најголемите празници кога потрошувачката на одредени производи е најголема. Со ова имаме две цели, да не дозволиме инфлацијата да оди нагоре, како и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи – посочи Ристески.

Министерството за економија и труд, додаде, будно ја седи примената на Законот за нефер трговски практики. Договорите се потпишани со маркетите. Има детектирани два клучни проблеми, еден за повратот на стоката и втор во врска со маркетингот.

– Со Владата и со Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе гледаме да донесеме соодветни одлуки кои ќе бидат во интерес и на производителите и на добавувачите на маркетите и, секако, во интерес на потрошувачите – рече Ристески.

Бизнис

Македонија има со што да се пофали: Машините на БРАКО на водечки саем во Италија

Published

on

Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија,  кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.

На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.

Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.

Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.пр објава

Continue Reading

Бизнис

Нова измама во Куманово со биткоини, 59-годишна жена останала без 88 илјади денари откако зела брз кредит

Published

on

Втора измама во Куманово со биткони влезе во евиденцијата на полицијата. Кумановка на возраст од 59-години пријавила дека е измамена за сума од 88.338 денари информираат од полицијата во Куманово. Да биде трагедијата поголема таа зела и брз кредит за да добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.

„Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоинит“е, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Бизнис

Ценaтa на златото повторно над 2.700 долари

Published

on

Цените на златото пораснаа и во петокот, повторно надминивајќи го нивото 2.700 долари, а трговската седмица ја заврши со најголем плус во повеќе од една година благодарение на силната побарувачка на инвеститорите за сигурни средства во услови на интензивирање на тензиите во односите меѓу Русија и Западот.

На физичкиот пазар, унца злато во попладневното тргување изнесуваше 2.703 долари и беше за 1,3 отсто поскапо од вчерашното затворање на трговијата, достигнувајќи го највисокото ниво за нешто повеќе од две седмици.

На американскиот пазар со фјучерсите на златото се тргуваше по 1,1 отсто повисока цена од 2.705 долари.

Од почетокот на седмицата неговата цена се зголеми за повеќе од пет отсто, најсилно од октомври минатата година.

Златото расте и покрај тоа што американскиот долар го достигна највисокото ниво за нешто повеќе од една година. Со послаб долар, благородниот метал обично е поевтин за купувачите со други валути, а во моментов неговиот „сјај“ не му конкурира ниту приближувањето на биткоинот до нивото од 100.000 долари.

„Имајќи предвид дека излатото и доларот растат, нивните цени се чини дека се поттикнати од побарувачката на безбедни засолништа“ за капиталот, смета аналитичарот на UBS, Џовани Стауново.

Пазарите оваа недела се фокусираа на геополитиката, имајќи ги тензиите меѓу западот предводен од САД и Русија, откако американскиот претседател на заминување Џо Бајден му дозволи на Киев да изведува напади подлабоко на руската територија со ракетите што му ги испорачуваат САД. Москва предупреди дека таквата одлука, доколку официјално биде потврдена, ќе претставува директно вклучување на САД во конфликтот, бидејќи употребата на технолошки софистицирано американско оружје бара помош од САД.

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет ја официјализираше измената на нуклеарната доктрина, со која се проширува списокот на услови за нуклеарен одговор на напад на руска територија. Украинската армија потоа нападна цели во Русија со американски ATACMS и британски Storm Shadows, а Москва одговори со напад на цели во Украина со нова балистичка ракета со среден дострел.

Во такви услови и среброто поскапе во петокот, за 1,8 отсто, на 31,34 долари за унца. Платината падна за 0,1 отсто, на 960,16 долари, а паладиумот за 0,6 отсто, на 1.023,55 долари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк