Connect with us

Македонија

Димовски: Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ

Published

on

Илија Димовски, пратеник и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и директор на Центарот за комуникации, направи своја анализа во гостувањето во магазинот „Трилинг“:

Треба да видиме дали е реално сценариото за одложено дејство на уставните измени. Не можам да кажам затоа што ги немам во детали информациите. Не сум вклучен во она што значи дипломатија позади сцената. Ние имаме комплексна ситуација во односите со нашите соседи. Пред се тука мислам на Бугарија и на Грција. Од една страна приоритетно за државата е да изгради што е можно подобри односи со овие два соседи коишто се членки на ЕУ, коишто треба да бидат некаков стабилизирачки гарантор за целиот регион, коишто економски се посилни од нас, коишто треба да бидат некаков иницијатор за позабрзан економски развој кај нас. Од тој аспект мислам дека нашата држава треба да го гледа билатерален како мултилатерален. Ние немаме проблем со Бугарија или со Грција. Ние имаме проблем на признавање на постоењето и континуитетот на македонскиот народ. Тука е проблемот и со Преспанскиот договор. Тој погледнат низ грчката призма не е промената на името туку членот 7, каде што се дефинира и поделува македонскиот идентитет на два сосема различни идентитети – еден Хеленомакедонизам, еден Славјаномакедонизам. Тоа е амбицијата на грчката Република.

– И бугарската држава ја има истата таа амбиција, да искреира Бугаромакедонизам и нов Постмакедонизам кој. Ние треба да докажеме дека Македонизмот во едната, другата, третата, па ако сакате и во четвртата верзија со македонците – муслимани ии помаците, дека имаат свој корен, своја суштина, ист фолклор, ист јазик, обичаи, песни, херои низ историјата итн. Ние треба да се обидеме она што го прават како дезинтегративен процес спрема Македонскиот народ, некриејќи ги компонентите македонски во својата национална структура и Грција и Бугарија, ние да го искористиме во обратен процес и да создадеме мостови, да ги отвориме границите, да соработуваме на сите полиња.

– Преспанскиот договор е историска неправда спрема Македонскиот народ. Државата треба да има прагматичен и политички динамизиран однос кон Преспанскиот договор, којшто е адекватен на периодот во којшто се наоѓа државата – односите со ЕУ, со стратешките партнери итн. Но треба да не ја испуштаме позицијата во која што ќе велиме дека Преспанскиот договор е неправда спрема Македонскиот народ и Македонскиот народ има право на долга, средна или кратка перспектива да се бори против последиците од тој Преспански договор.

Според Димовски „уставни промени без одложено дејство се невозможни, а што е возможно ќе видиме“.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Американското катче – симбол на пријателство и можности за младите

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитки по повод 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје.

Во својата порака, Сиљановска-Давкова го истакна значењето на Американското катче како центар за младите каде што тие можат да се запознаат со американската култура и вредности, да го изучуваат англискиот јазик и да ги разберат клучните принципи како волонтерството, медиумската писменост и безбедноста.

„Ова е еден од симболите на македонско-американското пријателство, показател за заемно разбирање и соработка со фокус на младите лидери како двигатели на идните промени“, изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова ја поздрави успешната приказна на Американското катче, посакувајќи ја нејзината долговечност и инспирирачко влијание врз младите генерации. „Добриот дух на пријателство и соработка нека продолжи да ги обединува оние кои веруваат во трајноста на македонско-американското партнерство“, порача таа.

Continue Reading

Македонија

Тетовец измамен за 2.500 евра

Published

on

На 23.01.2025 во 10.10 часот во СВР Тетово 26-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице, кое требало да му однесе одредена стока од РСМ до Германија за цена од 2.500 евра. Но, иако ги зело парите, не ја однело стоката, а не ги вратило ниту парите кои му биле платени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова уживаше во џез магијата на Националниот џез оркестар

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, ја проследи спектакуларната вечер на отворањето на новата концертна сезона на Националниот џез оркестар. Настанот „Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones“ потсети на генијалното музичко наследство на легендарниот творец, внесувајќи нова енергија и емоции во звуците на класичниот џез.

Сиљановска-Давкова беше дел од публиката што ја апсорбираше секоја нота на маестралните аранжмани, исполнети со динамиката на современоста и магијата на вечното. Претседателката изрази воодушевување од квалитетот на оркестарот и пејачите, истакнувајќи дека настанот беше вистинско музичко патување што ја ослободува душата.

Настанот не само што покажа врвен музички квалитет, туку ја потврди и улогата на културата како мост меѓу традицијата и модерното време.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк