Connect with us

Скопје

Дигитализацијата на Кисела Вода придонесува во борбата против корупцијата

Published

on

Во гостувањето на емисијата „Во живо, програма на градови“, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говореше за процесот на дигитализација на општина Кисела Вода, која прва во регионот понуди за граѓаните широк спектар на електронски услуги. Со ова, се овозможува поголем степен на комодитет за жителите и бизнис заедницата, но и се намалува и можноста за корупција.

-Кисела Вода е првата општина во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат. Во минатото никој од нашите сограѓани не мoжеше да пристапи до урбанистички план, да знае каква е состојбата со местото каде што живее и затоа се случуваа непријатни изненадувања – никнуваа згради на секој чекор, граѓаните не знаеја и против што да се борат. Она што како прв чекор го направиме беше промовирање на нов ГИС Портал, кој е достапен на веб страната на Општина Кисела вода, преку кој јавно ги ставивме на увид, дигитализирани. Сите 87 урбанистички планови, а потоа и преземање на дејствија, односно механизми со кои услугите одат по електронски пат. Иако не сме ја исклучиле можноста доколку некој инсистира да си поднесе барање по писмен пат, сега многу значи моментот што секој од дома може да си поднесе барање и за 72 часа да си го добие документот што му е потребен. Ова штеди и време и пари, но важен е и механизмот на контрола, односно проверка на тоа дали административниот службеник ја работи работата како што треба или не. И за тоа нема изговори. Некогаш и негативен одговор е одговор.

Во вториот дел од процесот на дигитализација кој и понатаму го надградуваме, овозможивме електронски да се добиваат уште 20 нови дигитални услуги: барања за потврди, за парична помош, за уверенија, сега електронски е и уписот на деца во градинките. И мене како жител на Кисела Вода и родител ми пречело она запишување “преку врски”, односно да мора да познаваш некого и да ургираш за да го запишеш детето во градинка. Со новововедените механизми, и ова е оневозможено. Ако сакаме вистинска борба против корупција и да не остaваме простор за манипулација на било кој вработен со странката, мора нештата вака да ги решаваме. Не може се’ преку ноќ, имплементацијата е во етапи, но доволно е да го започнете процесот и да ги направите првите чекори.

Имплементацијата ќе ги даде своите резултати, а за мене резултатот е задоволството на граѓаните-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски најавувајќи наскоро и нов сет на дигитални услуги достапни за жителите на општината.

Скопје

Едногласно донесен буџетот на Кисела Вода, низа инвестиции и поволности за граѓаните

Published

on

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

Едногласно, со поддршка од сите советници, Советот на Општина Кисела Вода денес го усвои Предлог-Буџетот за 2025 година. Се работи за највисокиот буџет досега и изнесува над 1.52 милијарди денари.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

-Со гордост можам да кажам дека Кисела Вода испишува историја со овој буџет, кој не само што ги задоволува потребите на граѓаните, туку е и плод на нивната директна соработка преку буџетските форуми под слоганот “Мојот народ одлучува, буџет 2025”. Фокусот на буџетот се капиталните инвестиции, за кои се издвоени рекордни 447,7 милиони денари во основниот и 471 милион денари во консолидираниот буџет. Средствата ќе бидат наменети за приоритетни области, како што се: патна инфраструктура и подземни решенија, урбана опрема и реконструкција на салата „Расадник“, изградба и доградба на училишта и градинки, инвестиции во животната средина…

Дополнително, се предвидуваат рекордни субвенции и финансиска помош од 52 милиони денари за граѓаните, како и нови субвенции за пензионерите и субвенции за возачки дозволи за матурантите. Овој буџет покажува дека заедно можеме да ги решиме најголемите предизвици и дека најдоброто допрва доаѓа-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

Седницата на која беше изгласан Буџетот за 2025 година, за првпат имаше толкувач на знаковен јазик.

Continue Reading

Скопје

Полицајци повредени во сообраќајка во Аеродром

Published

on

Сообраќајна несреќа во која повредени се двајца полицајци се случила синоќа во 1 часот по полноќ на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.В.(58) од Скопје и автомобил „дачија сандеро“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник Н.С.(31) од Скопје.

-Во незгодата со телесни повреди се здобиле Н.С. и неговиот сопатник Н.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Скопјанка повредена, врз неа паднал звучник во угостителски објект

Published

on

Денеска во 00.40 часот во СВР Скопје, Е.П.(23) од Скопје пријавила дека на 26.12.2024 околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, се здобила со повреди откако врз неа паднал звучник, кој бил поставен во објектот.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк