Connect with us

Македонија

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Published

on

На почетокот на декември ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува Министерството за економија, најавува Заменик министерот Марјан Ристески, информира Канал 5.

Вели дека списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат повеќе стотини производи со пониски цени.

Ристески не сакаше да ги открие сите детали, но најави дека станува збор за поразличен пристап во однос на намалувањето на цените, во однос на есенската кошничка, но без да прецизира каков..

Есенската кошничка која опфаќаше стотина производи беше со органичувачка маржа од 10%, но дел од еконмски аналитичари, а и граѓаните оценуваа дека не ги дала очекувани ефекти..

Ристески вели дека биле направени детални анализи во кои се разгледувале пропустите од есенската кошничка, но сепак смета дека била позитивна.

Во подготовката на новогодишната кошничка Ристески вели дека биле вклучени стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите, а деталите се очекува да бидат соопштени на прес конференција следната недела.

Македонија

Кривични пријави за дивоградби во Кичево и Тетово

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020/2021 година на катастарска парцела на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, пријавениот изградил деловен објект без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

С.Ј. (55) од Тетово доби кривична пријава од СВР Тетово поради сомневање за  сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавената започнала да гради куќа без да поседува соодветни документи и одобрение за градба издадени од општина Тетово.

Continue Reading

Македонија

ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НЕМА ДА ШЕТААТ ПО ИНСТИТУЦИИ Ќе се дигитализираат документите на фирмите што веќе не постојат

Published

on

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.

Директорите на Државниот архив на Република Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, д-р Наташа Котлар и Никола Мемов потпишаа Меморандум за соработка со цел проширување на меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за осигуреници коишто ќе остварат право на пензиско и инвалидско осигурување.

Директорката на Архивот, Котлар рече дека воспоставувањето на соработката ќе помогне да се намали обемот на документарниот материјал што се чува во институцијата и да обезбеди простор за нов.

Директорот на Фондот, Мемов потенцира дека со внесувањето на податоците во архивата на Фондот ќе се намалат проблемите во утврдувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување кај осигурениците.

Исто така, беше констатирано дека со овој чекор на соработка и дигитализација на податоците, крајна придобивка ќе биде тоа што граѓаните нема да мора да одат од една до друга институција за да си ги остварат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.

Continue Reading

Македонија

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Published

on

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти ќе бидат ослободени од административните работи што ги бара хартиеното работење. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, најави дека хартијата целосно ќе биде исфрлена од употреба и во ординациите, и во аптеките, и во Фондот за здравствено осигурување.

„Разбираме дека има сè помалку луѓе за работа и дека треба да ја намалиме здравствената администрација. Две работи веќе можеме да ги објавиме. Работиме на е-рецепти, кои до крајот на полугодието во 2025 година треба да бидат во полна употреба и во функција. Со нив комплетно ќе се елиминира од функција хартијата и кај матичните лекари, и кај аптеките, и во Фондот поврзани со рецепти. Ќе ги дигитализираме и сите анекси за 1.500 ПЗУ за тие да може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да се потпишуваат во хартиена форма. Понатаму, ќе разговараме како можеме да го намалуваме товарот за лекарите да имаат сè повеќе време за разговор со пациентите, а да не се занимаваат со непотребна администрација“, рече директорот Клековски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк