Connect with us

Македонија

Средба Сиљановска Давкова со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура

Published

on

Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на Шуничи, како прва посета на висок претставник од јапонската влада во областа на културата и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете држави, изразувајќи уверување дека истиот ќе претставува силен поттик во развојот на културните врски меѓу двете земји.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од јапонската Влада, предводена од комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, чија работна посета се реализира во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, како и за улогата на културната политика и дипломатија и важноста од унапредувањето на соработката во областа на културата.

Претседателката Сиљановска Давкова ја поздрави посетата на Шуничи, како прва посета на висок претставник од јапонската влада во областа на културата и го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете држави, изразувајќи уверување дека истиот ќе претставува силен поттик во развојот на културните врски меѓу двете земји.

Оценувајќи дека Меморандумот отвора нови можности за продлабочување на културната соработка, претседателката ја изрази својата поддршка на сите активности и иницијативи насочени кон воспоставување на културна размена и дијалог, како и развојни проекти од областа на културниот туризам.

Во таа насока, таа ги истакна нејзините заложби за меѓународна соработка, промовирање на културна размена како дел од дипломатските односи, за развој на македонските културни центри во странство и соодветна презентација на македонските културни вредности во светските музеи.

Во разговорот со Шуничи, Претседателката изрази задоволство што повеќе реномирани македонски уметници наредната година, ќе ја претстават нашата држава на ЕКСПО ОСАКА 2025, токму со изложбена поставка која ги отсликува особеностите на значајниот проект за постземјотресната реконструкција на Скопје, на јапонскиот архитект Кензо Танге.

На средбата, Претседателката истакна дека Јапонија многупати досега го има потврдено пријателството кон нашата земја и изрази благодарност за континуираната јапонска поддршка преку различни донации, грантови и проекти кои имаат за цел да го стимулираат нашиот економски и општествен развој.

Во таа насока, беше оценето дека за нас е особено важна јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, како и споделувањето на јапонското искуство и знаење во делот на развојот на човечките ресурси и подобрување на капацитетите.

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк