Connect with us

Македонија

Филков: Формирана Комората на вештаци, правосудниот систем добива на професионалност

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денеска ја истакна значајноста на новоформираната Комора на вештаци, која конечно започна со работа по осумгодишно мирување. Со запишувањето на Комората во Централниот регистар на 25 октомври 2024 година, правосудниот систем доби институција која ќе обезбеди поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.

„Функционирањето на Комората беше еден од моите први приоритети кога ја презедов функцијата министер за правда. Ова е значаен чекор кон подобрување на правосудниот систем, бидејќи квалитетното и навремено вештачење е од клучна важност за донесување правични судски одлуки,“ изјави Филков.

Претседателот на Комората, Виктор Камнар, нагласи дека новата институција ќе го зголеми квалитетот на судските постапки преку обезбедување високо професионални вештачки наоди. Камнар најави и дека следниот месец ќе биде објавен јавен повик за лицата кои сакаат да станат вештаци, со обуки од 60 часа како предуслов за добивање лиценца.

Министерството за правда ќе продолжи да ја поддржува Комората во напорите за професионален развој и унапредување на процесите, додаде Филков, оценувајќи дека оваа иницијатива ќе ја зголеми ефикасноста на правосудството.

Македонија

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

Published

on

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Continue Reading

Македонија

Доктор Даниловски: Метапневмовирус воопшто не е нов вирус, се лекува како обична настинка!

Published

on

Според Даниловски, човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него.

Епидемиологот Драган Даниловски тврди дека нема потреба од страв и паника меѓу населението во Македонија откако во соседството се појави случај на метапневмовирус.

Според доктор Даниловски, во моментов во умерените климатски подрачја на планетава, на северната хемисфера вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината.

Појаснува дека овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и „mycoplasma pneumoniae“.

-БЕЗ ПАНИКА! HMPV Е ДАМНЕШЕН „СОЖИТЕЛ“ НА ЛУЃЕТО

Во умерените климатски подрачја на планетава – во моментов, на северната хемисфера – вообичаено е трендовите на акутните респираторни инфекции да се зголемуваат во овој период од годината. Овие зголемувања обично се предизвикани од сезонскиот грип, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени респираторни вируси, во кои спаѓа и човечкиот метапневмовирус (human metapneumovirus – HMPV), како и mycoplasma pneumoniae. Оттаму, извештаите во медиумите за зголемен број хоспитализации во Кина, наводно, заради инфекции со НMPV, не се докрај точни, зашто, таму зголемен е бројот и на сите други респираторни вируси! Како што е сосема вообичаено во зима! Патем, НMPV воопшто не е нов вирус (како што беше короната)! Тој е дел од „коктелот“ респираторни вируси кои се „добри познајници“ на човекот, отсекогаш. Што значи дека човечкиот организам веќе има воспоставено одбранбени механизми против него. Што значи, исто така, дека сите треба да бидеме апсолутно спокојни! Место за страв од нова пандемија нема! А вознемирувачките написи во порталите – игнорирајте ги! Мерките за превенција и третман се сосема исти како за обичните настинки, пишува докторот.

Метапневмовирусот се пренесува преку близок контакт. Смртноста е пониска од грипот.

Continue Reading

Македонија

ФИЛИПЧЕ: Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре

Published

on

Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ кое целосно ќе биде објавено утре.

„Во изминатиот период најголем дел од мојата енергија и време ги посветив на лични разговори со сите поранешни партиски функционери, членови и луѓе кои некогаш беа важен дел од СДСМ. Јас верувам дека партијата е најсилна кога сите сме обединети и работиме заедно за заедничка цел. Токму затоа немам задршка да разговарам со сите и да најдам начин за соработка – не заради мене, туку заради доброто на СДСМ и граѓаните кои ја поддржуваат нашата визија.

На сите им е подадена рака и отворена е вратата за дијалог и соработка. Драго ми е што мнозинството од поранешните функционери ја прифатија оваа иницијатива и сега работиме заедно на зајакнување на партијата. Имам исклучително добра соработка со многумина.

За жал, има мал број поранешни функционери кои одлучиле да стојат настрана. Некои од нив се надеваат дека СДСМ ќе оствари лош резултат на локалните избори, па тие ќе можат политички да профитираат или да бараат одговорност од актуелното раководство. Овој пристап е нечесен, нефер и пред сè штетен – не за мене или раководството, туку за партијата и сите граѓани кои ја поддржуваат СДСМ“, вели Филипче во интервјуто за „Независен“.

Тој вели дека оние кои решиле да не помогнат во најтешките моменти и да стојат настрана заради свои лични калкулации, прават голема грешка. „Одговорноста за евентуалните последици нема да падне на оние кои работат и се борат за успехот на СДСМ, туку токму на оние кои одлучиле да ја поткопуваат партијата од внатре“, нагласува Филипче.

Тој вели дека само преку единство во партијата СДСМ може да се врати на врвот. „Сите кои искрено сакаат да придонесат се добредојдени, а времето ќе покаже кој бил посветен на интересите на партијата, а кој на своите лични амбиции“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк