Connect with us

Бизнис

На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

Published

on

На залепената декларација на путерот што се продава во КАМ маркетите, а кој е од германско потекло, покрај на македонски, декларацијата е напишана и на албански јазик, а како земја увозник стои Провинција Македонија.

Увозник на путерот е назначена познатата КАМ ДОО.

На социјалните мрежи граѓаните реагираат дека ова треба да се пријави во Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, како и дека очекуваат овој производ веднаш да се повлече од продажба, со ваква декларација.

Ова се дел од коментарите:

„Сметајте дека, под а, овој путер ќе го купам пак кога ќе си го видам тилот, а ако не се корегира декларацијата брзо, под б, и КАМ ќе биде далечен успомен.

-“Покраина Северна Македонија.” Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Ми посочуваат во коментари дека проблемот бил кај преведувачот, па дека не било провинција туку покраина итн итн… што и да е, маркетот треба да си реагира и да го корегира ова, бидејќи е на штета на имиџот на компанијата.  СРАМОТА!

– „Поздрав до КАМ и да си го бараат судскиот преведувач на декларацијата на Албански јазик. Ако не го тужат за преводот и јавно да се извини, значи соучесници се.

– „Кам маркет треба веднаш да го повлече од продажба и да го делистира овој производ. Во спротивно, уште утре треба инспекции да излезат на терен и да напишат казни до сите засегнати во овој случај.

Извор: Нетпрес

Бизнис

Се бараат работници – плата до 80 000 денари плус бонуси 

Published

on

Ресторан Premium Smash Burger во елитниот трговски центар East Gate Mall – Скопје со претставништво во Belgrad Hotel Hayat и во Dubai Business Center ги бара најдобрите кандидати за следниве позиции:

Шеф на кујна со искуство 

почетна плата 80.000 денари + БОНУСИ

*Вашите работни задачи ке бидат да ги создадете уникатните вкусови на насите smash бургери и да управувате со целокупната работа во кујната.

Очекуваме креативност и страст за готвење

Главен готвач/ки на 1 локал 

почетна плата 50.000 денари + БОНУСИ

* Вашите работни задачи ке бидат планирањето и организирањето на работата во кујната и подготовка на бургери

2 Лица за припрема на smash бургери 

почетна плата 40.000 денари + БОНУСИ

* Вашите работни задачи ке бидат припрема на smash бургери

4 Девојки за работа на прием и каса 

почетна плата 37.000 денари + БОНУСИ

*Како дел од нашиот тим ваште работни задачи се да ги услужите нашите клиенти со врвна услуга и познавање на менито

Што нудиме :

– Постојано вработување во луксузен амбиент
– Можности за напредување и професионално усовршување
– Работа со уникатни рецепти кои ќе ја подобрат вашата кулинарска вештина
– Уживање во динамична атмосфера и тимски дух

За да бидете дел од нашиот успешен бренд испратете ни го вашето CV 

*** Кандидати со искуство ќе имаат предност ***

Телефон за контакт: 078 88 7000 

емаил: premiumsmashburger@gmail.com

Локал 1: East Gate Mall – Скопје Преставништво: Belgrad Hotel Hayat Преставништво: Dubai Business Center

Continue Reading

Бизнис

Агнеса Органџиева го има решенито за газдите кои барат работна сила: Нуди работници од Индија, Непал и Бангладеш

Published

on

Едноставно е уникатна сама по себе. Агнеса Органџиева има армија од обожаватели на социјаните мрежи. Иако е инфлуенсерка, Огрганџиева е правик со магистратура, има свои приватни бизниси и посветена е целосно на својата работа.

Таа е доста активна и на социјалние мрежи, како и во медиумите каде е чест гостин во емисии и поткасти.

Нејзиниот инстаграм профил има над 100.000 следачи, а тоа знае да го искористи за соработка и промоции. Па така од неодамна таа рекламира посредување за работа на работници од Индија, Непал и Бангладеш во Македонија.

Па така неодамна таа објави и фотографија на која се пофали дека еден скопски ресторан веќе ги вработил првите две работнички од Непал

Continue Reading

Бизнис

ГОДИНАВА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВА ПО ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ Николоски тврди дека добрите економски политики ќе го потврдат тој раст

Published

on

Николоски смета дека македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, истакнувајќи дека сите заинтересирани се добредојдени да инвестираат со цел да и помогнат на државата.  

Македонија во 2025 година ќе биде број еден со економски раст во регионот, тоа  се должи на добрите економски политики што ги води Владата, а тие се во корелација со политиките што ги преземаме за сузбивање на корупцијата и криминалот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во синоќешното гостување на ТВ Алфа.

Тој додаде дека македонската дијаспора има големо влијание врз домашната економија, истакнувајќи дека сите заинтересирани се добредојдени да инвестираат со цел да и помогнат на државата.

– Како потпретседател на владата, ги знам економските текови и ние со ова производство и овие даноци кои што ги имаме дома, не можеме да направиме некој квантен скок во развојот и не можеме да направиме некои гигантски чекори, затоа што немаме доволно финансии. Единствениот начин да ги обезбедиме тие финансии е да соработуваме со големи групации, да имаме со нив добри односи и на тој начин да ја градиме соработката, затоа што голем прилив на свеж капитал ние не можеме да генерираме од домашното стопанство. Но, прилив на свеж капитал ќе значи заживување на домашното стопанство – истакна Николоски.

Врз растот на економијата, потенцираше вицепремиерот, огромно влијание има и борбата против корупцијата, процес кој веќе успешно се спроведува со смена на власта.

– Ова е прва влада која што еве седум месеци нема ниту една корупциска афера, што не е мала работа, а имуноста на корупција ќе ги носи добрите економски резултати, затоа што бизнисот сака средина која што не е корумпирана, а во таа насока тоа треба да биде следено со активност на судството и обвинителството, каде што претходните корумпирани ќе одговараат. Се надевам ќе бидат многу поактивни од тоа што се сега – истакна Николоски кој порача дека одговорност мора да има и не смее повеќе да има неказнивост во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк