Connect with us

Македонија

Постигнат е времен договор со приватните превозници

Published

on

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Мартин Стојановски, вечерва по завршување на средбата со приватните превозници информираше дека дале предлог да се зголеми цената по километар од 70 на 100 денари во период од први декември до мај следната година. Тој побара што е можно побрзо да се свика вонредна седница на Град Скопје, на која овој предлог ќе се стави како точка на дневен ред. Претставниците на приватните превозници се задоволни од предлогот, се откажуваат од најавената блокада, но во текот на утрешниот ден нема да возат.

– Дадовме предлог дека ние ќе иницираме вонредна седница со единствена точка да ги прифатиме условите на приватните превозници за покачување на цената за километар, заклучно со месец мај 2025 година. Како што бевме информирани од приватните превозници, цената е 69 до 70 денари за изминат километар. Нашиот предлог е со измена со одлука на Совет, цената да биде 100 денари од километар заклучно со мај, додека им трае првиот дел од договорот, изјави Стојановски.

Тој додаде дека приватните превозници го прифатиле предлогот и напомена оти се надева дека утре или задутре ќе се одржи вонредната седница и заедно со останатите советници ќе го изгласаат предлогот.

Ваквото зголемување, како што посочи, нема да значи зголемување на цената на билет што ја плаќаат граѓаните.

– Се надевам дека и градоначалничката Данела Арсовска ќе ја стави како точка на дневен ред оваа иницијатива и ќе го прифати овој предлог, за најдоцна до понеделник веќе да ги имаме приватни превозници на улиците. Повикувам на разум кај сите колеги советници и на разум на градоначалничката да им се исплати долгот на приватните превозници, затоа што пред малку бев информиран дека на некои од приватните превозници не им е исплатен долгот од петти, а на некои од шести месец, рече Стојановски.

Прашан дали има доволно буџет за да се обезбедат овие средства, Стојановски одговори дека ќе побараат измени во буџетот за декември.

– Ќе побараме да има измена во буџетот за декември, затоа што преостанува уште еден месец до крајот на годината, додека за месеците од јануари до мај ќе има нов буџет што ќе се гласа во декември. Треба да има предвидени средства и тие да бидат наменски за покачување на цената по километар за приватните превозници, за да може да се искористат за исплата, за граѓаните веќе да не чекаат по станиците на минусните температури, додаде Стојановски.

Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски по средбата изјави дека се откажуваат од блокадите што ги најавуваа за понеделник, посочувајќи дека е одличен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Цело време повикуваме на состаноци, да не повика кој било, за да можеме да си го кажеме конкретно нашиот проблем. Ниска ни е цената за изминат километар, немаме верификувани извештаи, имаме долг, бараме само решение на нашите проблеми, сакаме да бидеме сервис на граѓаните во Градот Скопје. Предлогот е одличен, го прифаќаме. Иако е времена мерка, веруваме дека во понатамошните преговори и со градот и со советниците, ќе се изгласа некое трајно решение, рече Зафировски,

Македонија

Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста

Published

on

Недостигот на морал и одговорност во судскиот систем го прават овој проблем уште посложен, изјави вечерва потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски на Тема на денот на Сител телевизија.

Николоски нагласи дека иако е потребно да се решаваат многу проекти, без правда во државата, граѓаните нема да се чувствуваат безбедно. Според Николоски, иницијативата за распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет е само првиот чекор кон подобрување на ситуацијата, а целта е да се врати довербата во судството и да се подобри правдата во земјата.

„Во моментов судството е најслабиот дел од општеството. Ние можеме цела Македонија да ја изградиме, да имаме десетици проекти, но луѓето бараат правда и очајно ја бараат правдата. Тие не прават разлика помеѓу властите, затоа што извршната власт, во која што сме ние, и судската се одвоени, но затоа што нас не не избираат на избори, одма бараат решение. Самото тоа што довербата е 2%, тоа е статистичка грешка, многу кажува. Тоа се луѓе кои што исто се занимаваат со јавен живот. Јас да би имал 2% поддршка, би ми било срам на улица да излезам, а камоли да се занимавам со јавна работа“, истакна Николоски.

Тој нагласи дека членовите на Судскиот совет треба да поднесат оставка, бидејќи се избрани од Собранието, а поддршката за нив доаѓа од коалицијата СДСМ-ДУИ.

„Во моментот кога ние ја поднесовме оваа интерпелација, очекував членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, затоа што тие се бирани од Собранието. Ние не поднесовме првиот ден по формирање на владата, оставивме да видиме како ќе работат. Тие кои што ги поддржуваат, тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ“, нагласи Николоски.

Според Николоски, тоа што не поднеле оставки покажува дека членовите на Судскиот совет немаат морал и одговорност кон јавноста.

Најголем проблем во судството, како што вели, е недостатокот на морал и односот кон јавноста, што ја прави ситуацијата неодржлива, а масовниот одлив на луѓе од Македонија е резултат на недостигот на правда.

Со оглд дека судството не ги исполнува своите задачи и состојбата е очајна, Николоски потенцира дека иницијативата на премиерот Мицкоски е важен чекор, бидејќи, како што рече, без правда луѓето нема да се чувствуваат безбедно во земјата.

Continue Reading

Македонија

Росица Кулакова: Коренот на сите проблеми доаѓа од судскиот систем, ако судијката му го продолжела притворот на Васил мојата сестра ќе беше жива

Published

on

Денеска во Неготино започна маршот „Стоп за сообраќајното насилство“. Истиот беше предводен од другарките на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која на 29 јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди од 20 годишниот Васил Јованов.

На протестот се обрати и сестрата на Фросина, Росица Кулакова која им се заблагодари на граѓаните за нивното присуство во голем број и за поддршката.

-Коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем бидејќи тој има неприкосновена обврска да покаже и да докаже дека злоделата мора да бидат соодветно казнети. Бидејќи законодавецот предвидел многу поголеми казни од оние кои судот во пракса ги досудува. Дури тогаш секој од нас ќе знае и ќе размислува за последиците пред постапките. По историјата на девијатното односување на Васил, по тоа што не почитувал никаков авторитет а и самиот суд во пресудата заклучува дека изјавите му се манипулативни и има направено повеќе прекршоци претходно, него го прави исклучително опасен за нашето општество. Васил станува една темпирана бомба. Поради сето ова, доколку судијката му го продолжила притворот до правосилноста на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само бил спроведен во затвор, мојата сестра Фросина денеска ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска Стојановска и од сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми. Правда за Фросина, рече Росица Кулакова.

Граѓаните се упатија кон гробот на Фросина, а нејзиниот татко Тодор Кулаков, се заблагодари на поддршката и порача дека борбата за правда ќе биде долга, но ќе се изборат.

На протестот, барајќи правда, дојдоа и блиски на претходно загинатите Михаела Стеваноска, Слободан Ангеловски, Ивица Цековски, Мите Танов и други, посакувајќи ова низ што минуваат, никому да не му се случи. Но, побараа и ревизија на сите сомнителни судски случаи.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајка во Тетово – се преврте автомобил

Published

on

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа.

Засега нема информации за повредени лица, а на терен е полиција која врши увид.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк