Connect with us

Македонија

Коњановски: Архитектурата е огледало на општеството

Published

on

Во Офицерскиот дом во Битола денес се одржа Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, организирана од Комората на овластени архитекти и инженери. Настанот се одвиваше под темата „Границите на архитектурата“ и собра стручњаци од земјата и странство за дискусија за улогата на архитектурата во современото општество.

На отворањето на средбата присуствуваа значајни имиња од областа, вклучувајќи ја и претседателката на комората, Кристинка Чулак, како и заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири. Посебен акцент на настанот стави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој со својот говор ги поздрави присутните.

„Битола е град со богато културно наследство и архитектура која зборува за нашето минато, но и претставува основа за иднината. Вашите креации се многу повеќе од објекти – тие се просторите во кои живееме, работиме и соништаме,“ истакна Коњановски.

Тој ја потенцираше важноста на соработката меѓу локалната самоуправа и стручната фела, нагласувајќи дека архитектите и урбанистите имаат клучна улога во одржливиот развој на општините. За време на настанот, Комората му додели плакета на градоначалникот за неговиот придонес во афирмацијата на архитектурата и за проектите поврзани со Офицерскиот дом.

Во рамките на средбата, свое обраќање имаше и заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, кој сподели искуства за планирањето на зелени површини и нивната улога во урбаното живеење.

Средбата, која продолжува и утре, отвора нови перспективи за креативен пристап во архитектурата, а Битола повторно се докажува како центар за споделување идеи и градење визии за иднината.

Македонија

Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста

Published

on

Недостигот на морал и одговорност во судскиот систем го прават овој проблем уште посложен, изјави вечерва потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски на Тема на денот на Сител телевизија.

Николоски нагласи дека иако е потребно да се решаваат многу проекти, без правда во државата, граѓаните нема да се чувствуваат безбедно. Според Николоски, иницијативата за распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет е само првиот чекор кон подобрување на ситуацијата, а целта е да се врати довербата во судството и да се подобри правдата во земјата.

„Во моментов судството е најслабиот дел од општеството. Ние можеме цела Македонија да ја изградиме, да имаме десетици проекти, но луѓето бараат правда и очајно ја бараат правдата. Тие не прават разлика помеѓу властите, затоа што извршната власт, во која што сме ние, и судската се одвоени, но затоа што нас не не избираат на избори, одма бараат решение. Самото тоа што довербата е 2%, тоа е статистичка грешка, многу кажува. Тоа се луѓе кои што исто се занимаваат со јавен живот. Јас да би имал 2% поддршка, би ми било срам на улица да излезам, а камоли да се занимавам со јавна работа“, истакна Николоски.

Тој нагласи дека членовите на Судскиот совет треба да поднесат оставка, бидејќи се избрани од Собранието, а поддршката за нив доаѓа од коалицијата СДСМ-ДУИ.

„Во моментот кога ние ја поднесовме оваа интерпелација, очекував членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, затоа што тие се бирани од Собранието. Ние не поднесовме првиот ден по формирање на владата, оставивме да видиме како ќе работат. Тие кои што ги поддржуваат, тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ“, нагласи Николоски.

Според Николоски, тоа што не поднеле оставки покажува дека членовите на Судскиот совет немаат морал и одговорност кон јавноста.

Најголем проблем во судството, како што вели, е недостатокот на морал и односот кон јавноста, што ја прави ситуацијата неодржлива, а масовниот одлив на луѓе од Македонија е резултат на недостигот на правда.

Со оглд дека судството не ги исполнува своите задачи и состојбата е очајна, Николоски потенцира дека иницијативата на премиерот Мицкоски е важен чекор, бидејќи, како што рече, без правда луѓето нема да се чувствуваат безбедно во земјата.

Continue Reading

Македонија

Росица Кулакова: Коренот на сите проблеми доаѓа од судскиот систем, ако судијката му го продолжела притворот на Васил мојата сестра ќе беше жива

Published

on

Денеска во Неготино започна маршот „Стоп за сообраќајното насилство“. Истиот беше предводен од другарките на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која на 29 јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди од 20 годишниот Васил Јованов.

На протестот се обрати и сестрата на Фросина, Росица Кулакова која им се заблагодари на граѓаните за нивното присуство во голем број и за поддршката.

-Коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем бидејќи тој има неприкосновена обврска да покаже и да докаже дека злоделата мора да бидат соодветно казнети. Бидејќи законодавецот предвидел многу поголеми казни од оние кои судот во пракса ги досудува. Дури тогаш секој од нас ќе знае и ќе размислува за последиците пред постапките. По историјата на девијатното односување на Васил, по тоа што не почитувал никаков авторитет а и самиот суд во пресудата заклучува дека изјавите му се манипулативни и има направено повеќе прекршоци претходно, него го прави исклучително опасен за нашето општество. Васил станува една темпирана бомба. Поради сето ова, доколку судијката му го продолжила притворот до правосилноста на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само бил спроведен во затвор, мојата сестра Фросина денеска ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска Стојановска и од сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми. Правда за Фросина, рече Росица Кулакова.

Граѓаните се упатија кон гробот на Фросина, а нејзиниот татко Тодор Кулаков, се заблагодари на поддршката и порача дека борбата за правда ќе биде долга, но ќе се изборат.

На протестот, барајќи правда, дојдоа и блиски на претходно загинатите Михаела Стеваноска, Слободан Ангеловски, Ивица Цековски, Мите Танов и други, посакувајќи ова низ што минуваат, никому да не му се случи. Но, побараа и ревизија на сите сомнителни судски случаи.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајка во Тетово – се преврте автомобил

Published

on

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа.

Засега нема информации за повредени лица, а на терен е полиција која врши увид.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк