Connect with us

Македонија

СКАНДЛОЗНА СПРЕГА МЕЃУ ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ, НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК ЈОВЕВСКИ И ЛУЃЕ ОД ПОРАНЕШНОТО СЈО? Хајрулахи сведочи за шокантни клановски битки меѓу обвинителите

Published

on

Суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи понуди докази по допрен глас, во поткастот “Претрес” на Кристијан Ландов.

Се води досега невидена битка во една иста инститиција, Јавното обвинителство, од страна на две групи: Една предводена од скопското ОЈО кое го раководи кадар на СЈО и која на секој начин се бори да не се прифати кривичната пријава за истрага против десетмина обвинители од СЈО и шефицата Катица Јанева за незаконски поделени над 4,5 милиони евра помеѓу себе за време на СЈО која е поддржаана о од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поставен на таа функција од СДСМ и ДУИ и, од друга страна, Вишото скопско јавно обвибителство кое смета дека таа кривична пријава треба да се процесуира и да се води истрага.

На маса се големи пари, над 4,5 милиони евра незакоснки подоленеи помеѓу наведените обвинители од СЈО кои, ако истрагата се води, можат да докажат вина и да налог парите да ги вратат плус камата. Иницијативата дојде од Антикрупциска, и секоја опструкција е јасен сигнал дека се работи за заштита на корупција на највисоко ниво во Обвинителството.

Како одговор, државниот јавен обвинител Коцевски го суспендира шефот на скопското Вишо обвинителство Мустафа Харлујаи и поведе постапка за инспекција на работата на друг јаевн одбвинител кој покажал спремност да потпише решение со кое од ОЈО се бара истрагата да се отвори. Практично, корумпираното крило во обвинителството на овој случај се открија самите себе.

Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во подкастот Претрес со Ландов го објасни својот случај на суспензија по барање на државниот (републичкиот) јавен обвинотел Љупчо Коцевски, неговите мотиви, постапката и обидот за наметнување лична воља врз одлука на обвинитечите за предмети од јавен интерес, особено предметот за заштита на обвинителите од СЈО од истрага за незаконско примање надоместоци во висина од околу милион евра поделени меѓу десетмината обвинители од СЈО.

Во неговитеите искази, ако не од други причини туку како “допрен глас“ неизоставно мора да произлезат истраги и одговорност за незаконско делување на обвинители и тоа се до врвот на обвинителскиот систем за кои шефот на скопското Вишо обвинителство посочи конкретни детали, имиња на предмети со опис на делувањето. Спомнатите обвинители не се веќе предмет од интерес само за Советот на обвинители и нивната стручна одговорност, туку одговорноста која се посочува е многу поголема и поконкретна.

Вишиот јавен обвинител детектира дека кланови, подовоеност и внатрешни местенки почнуваат кога обвинителите од СЈО влегуваат во Јавното обвинителство по распуштањето на СЈО и утврдениот криминал не шефицата на СЈО Катица Јанева. Со нив почнува и нивната борба за функции во Јавното обвинителство која оди до таму што некои од нив соработуваат со портали на кои им даваат податоци за своите конкуренти на можна функција за да ги дискретираат.

Посочи и пример на обвинител, дојден од СЈО, која бил цело време во контакт со обвинетиот за кој води истрага и заеднички вршеле размена на информации и соработувале.

Хајрулаи посочи конкретно наведени случаи на обвинителка од СЈО во Вишото обвинителство, а исто така и друг колега од Вишото обвинителство за соработка со портали во изнесување детали од работата на Обвинителството, за колегата наведе и детали дека користел лични податоци од сведок од Тетово за да набави СИМ картичка со неговите податоци и како така легитимирана СИМ картичка да дава по телефон информации кои него, Хајрулаи, го дискредитираат пред изборот на нов мандат за шеф на Вишото јавно обвинителство и како, по налог на државниот обвинител, истрагата за тој настан е нарачана и завршена како – неуспешна.

Шокантни беа деталите кои ги изнесе како се запрела истрагата за фатени 1,2 тони марихуана, одгледувана јавно, на нива кај Кавадарци, која во јавноста се поврзуваше со Трајче Заев за која истрагата одлучила дека нема основ за понатамошно постапување, како што е манипулирана и истрагата за фатен камион полн со шверцувани телефони која нема завршница…

https://www.youtube.com/live/DW7uAGwwXZ8?si=NOVL7cqHC2oJkbhJ

Македонија

Кривична пријава за тројца ловџии, еве за што се осомничени

Published

on

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. и О.И., двајцата од село Моин, гевгелиско и против Д.Т., од село Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „незаконит лов”, додека против К.К. и О.И. се поднесени кривични пријави за сторено кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 11.01.2025 кај место викано „Караула Моин“, полициски службеници ги затекнале пријавените со ловечки пушки, при што било констатирано дека истите не поседувале соодветни документи согласно Законот за оружје, односно не поседувале дозволи за лов, а за ловечките пушки пронајдени кај прво и второпријавениот било утврдено дека не поседуваат дозволи за поседување.

Continue Reading

Македонија

Фатен бегалец од затворот Идризово

Published

on

На 20.01.2025 околу 14.45 часот на ул. „Пере Тошев“ во Охрид од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, лишен од слобода е Б.И. (35) од с. Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Continue Reading

Македонија

Екипите на Водовод и канализација со интервенции на Боро Вулиќ, Деребој и шахтите во Тетово

Published

on

На 21.01.2025 година работниците на П.Е Водовод и канализација на терен ја извршија следната работа:

-Санирање на дефект на водоводна мрежа на улица Боро Вулиќ

-Санирање на дефект на водоводна мрежа на улица Деребој

-Регулација на шахти во градот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк