Connect with us

Инфо +

Милошоски: Заклучокот на дел од членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски

Published

on

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостување во дневникот на телевизија Алсат-М, аргументираше дека продолжувањето на мандатот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева е незаконско.

Според Милошоски, правен аргумент е членот 8 од Законот за Судски совет, каде пишува дека мандатот на претседателот и заменикот претседател на Судскиот совет трае само 2 години.

„ Весна Дамева е избрана на 05.12.2022 година и нејзиниот мандат завршува на 05.12.2024 година“, истакна Милошоски  и додаде дека очекува Судскиот совет едногласно да констатира дека мандатот на Весна Дамева на петти декември ѝ завршува и да изберат друг кандидат.

„Судскиот совет треба да биде извор на право и на највисоки судски стандарди, а не прекршител на правото и создавач на правни компликации. Доколку после петти декември членот на Судскиот совет, Весна Дамева и понатаму продолжи да потпишува решенија и одлуки на Судскиот совет како претседател на РСС, тогаш таа прави кривично дело, го крши членот 353 злоупотреба на службена положба и овластување и се соочува со ризик да биде обвинета и да е изведена пред суд“, вели Милошоски.

Милошоски продолжи и додаде:

„Сè уште немаме комплетна слика за тоа што се случува во Судскиот совет, зошто? Затоа што во минатиот понеделник тие имале затворен колегиум на којшто донеле заклучок за одредено продолжување на мандатот на Весна Дамева, иако Судскиот совет со заклучок не може да биде над законската норма од Законот за судски совет, член 8. И втората работа е што на оние членови на РСС кои гласале ‘за’, им дозволиле да го потпишат тој записник, а на тие членови кои биле ‘против’ – не им дозволиле да го потпишат тој записник“, кажа Милошоски.

Милошоски истакна дека во Судскиот совет има силна поларизација.

„Се гледа дека во Судскиот совет има силна поларизација каде оние кои се поблиски до СДСМ и ДУИ како Весна Дамева, Ханиф Зендели и Антоанета Димовска и други веројатно ја водат играта“, кажа Милошоски.

Милошоски вели дека Судскиот совет наместо угледна институција, стана институција на заткулисни игри.

„Судскиот совет наместо да биде угледна институција за судството и јавноста, таа стана институција на заткулисни игри и гледаме дека довчерашните ‘смртни непријатели’, Весна Дамева и господинот Селими, сега се најголеми пријатели. Но можеби ги поврзуваат одредени судски интереси, бизнис-интереси или некои други материјални придобивки“, заклучи Милошоски.

Инфо +

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Published

on

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.

– Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата.

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Continue Reading

Свет

Трамп ги помилува патриотите од Капитол, го преименува Мексиканскиот Залив, го напушти Парискиот договор…

Published

on

Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Соединетите Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и историски најголем загадувач, го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден ги врати во неговиот.

Потпиша извршна наредба со која беа помилувани 1600 од луѓето осудени за нападот на Капитол при промената на власта кога Бајден го победи Трамп. Паралелно со ова, тој нареди да бидат и прекинати истрагите за ова дело.

Трамп најпрво потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби од неговиот претходник Џо Бајден, вклучително и отстранување на Куба од листата на држави спонзори на тероризмот, објавија американските медиуми.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од климатскиот договор, тој исто така го забрани издавањето на нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз него, привремено го забрани вработувањето на федералната влада, освен во областа на војската и националната безбедност, и ја укина работата од дома за федералните службеници.

Во салата, тој, исто така, им нареди на сите федерални агенции да се справат со кризата со зголемените трошоци за живот, потпиша наредба за враќање на слободата на говорот и забрана на цензура, објави телевизијата ABC.

Трамп ја опиша администрацијата на Бајден како најлоша во историјата пред околу 20.000 поддржувачи во салата и, на ентузијастички аплауз, најави серија други извршни наредби што ќе ги потпише во Белата куќа.

Трамп вчера потпиша извршни наредби со кои илегалната имиграција на границата меѓу САД и Мексико е прогласена за вонредна состојба, означувајќи ги криминалните картели како терористички организации.

Continue Reading

Инфо +

Во Македонија се очекуваат послаби врнежи од дожд и од снег, во котлините можен е замрзнат дожд!

Published

on

Денес (вторник) во Македонија ќе имаме повеќе облачност и поладно време, а на повеќе места како што и претходно напоменав ќе има слаби врнежи од дожд, или од дожд и снег на повиските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките места  и на планините, и секако на скијачките центри.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините и понатаму ќе продолжи маглата  и ниската облачност, па така во котлините, особено во Пелагониско, како и оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието е можна и појава на замрзнат дожд.

И во Скопје  и околината денес ќе имаме повеќе облачност, а во ниските предели од котлината ќе продолжи да има магла и ниска облачност. Не се исклучува можноста во делови од котлината да има појава  и на слаб замрзнат дожд.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 4 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк