Connect with us

Македонија

Димовски: Во трката со глобализацијата, го губиме и македонскиот и албанскиот јазик

Published

on

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија направи своја анализа за новите трендови и трката со глобализацијата.

Ние не сфаќаме една работа. Влезени сме во глобализација, и во ова меѓусебно трзање помеѓу Македонци и Албанци губиме сите. Зошто? Затоа што 90% од комуникацијата помеѓу младите во Скопје, Македонци и Албанци, се одвива на англиски јазик.

Не добива ни албанскиот јазик, ниту македонскиот јазик. Културно не продуцираме ништо сериозно. Театарски претстави има многу ретко, а за музика и да не зборуваме. Можеби кај Албанците музиката е малку поразвиена поради регионалниот контекст, но и тоа споредено со глобализацијата е процес што ќе ја изгуби битката.

Наместо да се концентрираме на зачувување на културата и јазиците што ги имаме како богатство, ние се губиме во конфликти. На крајот на краиштата, Фатмир знае македонски, а и Македонците во западна Македонија знаат албански јазик. Тоа треба да ни бидат позитивни примери.

Да се запрашаме: има ли Турски театар во Скопје претстави на кои јас можам да одам и да ги следам со превод? Дали еден млад Албанец кој малку го познава македонскиот јазик – за жал, поради тоа што немаме интегрирано образование – може да дојде во Македонскиот народен театар или во Драмски театар и да проследи претстава?

Нам ни треба образование, култура и воспитание. Тоа е единствениот начин.

Македонија

ОПШТИНА БИТОЛА: ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ДО НИЖЕПОЛЕ И КОПАНКИ

Published

on

По вчерашната објава за бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, граѓаните можат да се пријавуваат на следниот телефонски број 070 288 640.

Пријавувањето ќе биде денес до 17.00 часот, за сабота и недела, каде граѓаните ќе треба да остават лични податоци, по што ќе бидат информирани во кое возило ќе бидат сместени.

Поаѓањето ќе биде од една локација – паркингот на спортската сала Боро Чурлевски, во 8 часот и во сабота и во недела. Враќањето од скијачките центри кон Битола е во 15.30 часот, од локацијата каде што ќе бидат оставени на поаѓање.

Continue Reading

Македонија

Борко Ристовски: Со нови инвестиции го подигнува спортот во Тетово

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, продолжува да го поставува спортот како приоритет, со конкретни иницијативи кои ќе го трансформираат Тетово во спортски центар со современи терени и услови за сите генерации.

На средбата со градоначалникот на Тетово, Билал Касами, беа најавени големи инвестиции, вклучувајќи изградба на нови спортски терени, реновирање на постојните и воведување на најмодерни технологии како вештачка и хибридна трева.

Со ваквата визија и посветеност, Ристовски докажува дека спортот е двигател на здравото општество и младинскиот развој. Тетово станува пример за тоа како заедничката работа носи трајни резултати!

Continue Reading

Македонија

Димитриевски: Вчера купував правосмукалка и се мислев да не ми излезе Груби од рафтот

Published

on

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели:

Вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот. Претпоставувате во која фирма. Таква бламажа и недозволени пропусти, но факт е дека секој извршува одредена позиција и функција и самиот полициски службеник кој го направил пропустот треба да одговара, вели Димитриевски. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк