ЈАВЕН ОГЛАС Врз основа на член 71 и 72 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 127/16, 142/16, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.108/19, 275/19, 110/21 и 89/22), а во врска со Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/15, 203/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
I. За прием на 101 извршител за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, од кои:
48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и
53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно образование во областа, и тоа за:
Подрачје на Град Скопје (со седиште во Скопје) 1.1 – 19 извршители со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност; 1.2 – 9 извршители со завршено високо образование – Електро-технички факултет, Природно-математички факултет или факултет од областа на информатичката технологија; 1.3 – 7 извршители со завршено високо образование – биологија, биохемија или хемија; 1.4 – 4 извршители со завршено средно образование – електро-техничко образование и друго средно од областа на информатика, телекомуникации или електроника; 1.5 – 24 извршители со завршено средно образование и 1.6 – 3 извршители со завршено средно образование и возачка дозвола Б, Ц, Д и Е категорија.
Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Битола 2.1 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Битола); 2.2 – 4 извршители со завршено средно образование (со седиште во Битола) и 2.3 – 2 извршители со завршено средно образование (со седиште во Прилеп).
Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Велес 3.1 – 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Велес); 3.2 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Кавадарци); 3.3 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Неготино) и 3.4 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Велес).
Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Охрид 4.1- 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Охрид); 4.2 – 2 извршители со завршено средно образование (со седиште во Охрид) и 4.3 – 1 извршител со завршено средно образование (со седиште во Струга).
Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Струмица 5.1 – 4 извршители со завршено високо образование – Правен, Економски или безбедност (со седиште во Струмица); 5.2 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Струмица) и 5.3 – 1 извршител со завршено средно образование (со седиште во Гевгелија).
Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Тетово 6.1 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Тетово)
Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Штип 7.1- 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Штип) и 7.2 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Штип).
II. Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните општи услови:
да се државјани на Република Северна Македонија,
да се полнолетни,
активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
да се здравствено и психофизички способни,
да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование,
со безбедносна проверка да е утврдено дека за истите не постои безбедносен ризик од вработување,
со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
да не се членови на политичка партија или членови на органи и тела на политичка партија и
да имаат положено тест за интегритет.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните посебни услови:
основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност) и
познавање на работа со компјутери.
III. Право на поднесување на пријава имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат општите и посебните услови. Заинтересираните кандидати заедно со пријавата потребно е да ги достават доказите за исполнување на пропишаните услови во оригинал или копија заверена на нотар, и тоа:
диплома или уверение за завршен степен на образование;
извод од матичната книга на родените;
доказ дека со правосилна пресуда не им е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки (доколку ги поседува) и
кратка биографија (CV).
IV. Кандидатите се должни уредно да ја пополнат и потпишат пријавата. Во пријавата, кандидатите задолжително го наведуваат подрачјето и редниот број за кој се пријавуваат.
Кон пријавата кандидатите може да достават мотивациско писмо во кое ќе ги наведат причините за аплицирање, очекувањата од работата и целите во кариерата, како и да приложат и други документи од нивен интерес.
Пријавата со потребната документација, кандидатите може да ја поднесат лично во едно од определените места за пријавување секој работен ден во текот на работното време (08:00 – 16:00 часот), и тоа:
За Сектор за внатрешни работи Скопје во: Полициска станица од општа надлежност – Гази Баба, Полициска станица од општа надлежност – Бит Пазар и Полициска станица од општа надлежност – Карпош.
Сектор за внатрешни работи Битола;
Сектор за внатрешни работи Велес;
Сектор за внатрешни работи Куманово;
Сектор за внатрешни работи Тетово;
Сектор за внатрешни работи Охрид;
Сектор за внатрешни работи Струмица и
Сектор за внатрешни работи Штип. Заинтересирани кандидати потребната документација заедно со пријавата може да ја поднесат и по пошта на адреса: ул.„Димче Мирчев“ бр.9, 1000 Скопје со назнака “за оглас за прием на 101 извршител“.
V. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција формирана од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи и Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи и истата се спроведува во следните фази:
административна селекција;
писмено тестирање (стручен тест);
психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест);
интервју;
безбедносна проверка и
здравствен преглед.
За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
Документот за докажување на државјанство на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.
VI. По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, како приправник за одредено работно место. Лицето се оспособува за самостојно и стручно вршење на работите со спроведување на обука во траење од девет месеци.
VII. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).
VIII. Кандидатите се охрабруваат да ја посетат web страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, каде и ќе биде објавен јавниот оглас и од каде можат да ја преземат пријавата за вработување или истата може да ја подигнат на едно од определените места за достава на документација.
IX. Ненавремената, непотполната и несоодветната документација нема да се разгледува.
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Адвокатот Драган Пешевски, преку својот фејсбук профил алармира дека, како што пишува тој во својот пост, Горан Ангелов-Ќосето со три скршени ребра бил вратен во затворот во Прилеп од велешкиот суд, како и дека има проблеми со дишењето и движењето, а неговата состојба не може да се санира во затвор, бидејќи нема услови.
Ја пренесуваме објавата на Пешевски.
„Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!!
Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по што е хоспитализиран на хирургија. Пуштил молба за прекин на извршувањето на казната до одреден судија за извршување санкции до Велешки Суд како би ја санирал состојбата. Замислете ОДБИЕН Е!!! Со цел памет и на цела мака е ОДБИЕН. По препорака на хирурзи, специјалисти за домашно лекување ОДБИЕН Е!!! Истиот има проблеми со дишењето, со спиењето, со движењето и без срам ке ви кажам со одењето во ВЦ. Во затворот има исклучително чучавци, со скршени 3 ребра човекот треба да го држат тројца да изврши нужда!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!
Сабајлево како го ослободиле иако во тешка состојба не отиде ни до дома, ми се јави ми вика брат неможам да дишам ама морам да одам до кај фамилијата на Игор, да не им треба нешто да помогнам и така стори!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!
Пред некој ден од моја страна беше пуштено официјално барање за прекин на издржувањето на затворската казна додека се санира последицата. Сега е на ред управата и нејзиниот директор Александар Пандов. Они се на потег да го исправат овој СРАМ!!!
Денеска изгубивме еден голем човек заради неправди, сплетки и ујдурми. Нека му е лесна земјата, утре во Куманово ке го исратиме, уште неможам да си дојдам на себе… Да не изгубиме уште еден на срамен начин!!!“.
Утре ќе биде студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во следните денови ќе биде стабилно и суво, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи претежно од снег.
Во вечерашното издание не поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Дејан Проданоски дискутираше на тема поврзана со законските регулативи за зајакнување на безбедноста во сообраќајот и за мерките кои се преземаат со цел намалување на сообраќајните несреќи. Притоа стави акцент и на своите размислување за тоа како да се подобри безбедноста во сообраќајот.
Проданоски наведе кои чекори можат да придонесат за смалување на бројот на сообраќајни прекршоци, со оглед на тоа што се регистрирани преку 19 илјади прекршоци во изминатите три години, но и за влијанието на законот и ригорозните мерки.
„Од она што слушнавме и од она што го знаеме, како пратеници и како граѓани, е дека навистина имаме и ригорозни закони кои влијаат врз подобрување на безбедноста во сообраќајот. И не е еден закон, туку неколку закони, Кривичниот закон, Законот за безбедност во патниот сообраќај и Законот за прекршоци, сите тие влијаат на некој начин да се подобри состојбата“, вели Проданоски.
Во поткастот тој наведе дека треба да биде казниво се што е поврзано со сообраќајните прекршоци и дека секоја неказнивост дава можност за повторување на прекршокот. Исто така истакна и дека токму имплементацијата на системот „Безбеден град“ како приоритет на МВР, ќе помогне во тоа да се подобри сообраќајната култура во државата.
„По воведувањето на системите на „Безбеден град“ во Скопје, тоа ќе се прошири на територијата на целата држава и од безбеден град Скопје и безбедни градови во Република Македонија, да станеме безбедна држава. Системите коишто се во најава да се воспостават, ќе направат јасна дистинкција ако сте направиле прекршок, мора да бидете санкционирани“, рече Проданоски.
Пратеникот Проданоски истакна кои фактори имаат влијание врз безбедноста, притоа наведувајќи дека се преземаат конкретни чекори со вложување во инфраструктурата, со осветлување на клучките и пешачките премини, исто така дека возачите треба да ги почитуваат зоните на смирен сообраќај, а во однос на образованието да се зголемат часовите на техничко образование.
„Неколку сегменти или неколку фактори се значајни за подобрување на безбедноста во сообраќајот и тоа е генералната безбедност, инфраструктурата и однесувањето на возачите. Во однос на безбедноста, ние почнавме со големи чекори напред, подобрувањето на инфраструктурата е еден од главните предуслови за безбедноста во сообраќајот. Јас доаѓам од Пелагонија, од општина Прилеп, каде што во најава е една делница од експресниот пат Градско-Прилеп, а се очекува до крајот на март да се пушти и комплетно дваесет и осум километарско подобрување на патната инфраструктура“, истакна Проданоски.