Connect with us

Македонија

БОГОЈЕСКИ: ИЛИНДЕН треба да го славиме заедно со Македонците од Бугарија

Published

on

Одговарајќи на прашање на водителот Иван Мирчевски на подкастот „На кавга со Иван“ на Канал 5 Телевизија, во врска со дадена изјава пред повеќе години за честување на Илинден заедно со Македонците од Бугарија, Петар Богојески, лидер на партијата Македонски Концепт ја потврди заложбата и смета дека тоа е апсолутно праведно.

„Како може да не сакаме да славиме Илинден со внуците на Војводите, кои денес живеат во Бугарија? Преку три милиони граѓани на Бугарија се етнички Македонци. Јас не можам да ги отфрлам милиони Македонци кои живеат во Бугарија. Тие се дел од нашиот македонски народ.

Јас се обидував по секоја цена и по лична штета, свесен бев дека си наштетувам на себе, само да го спречам бугарското вето. Бугарите требаше да ја прифатат нашата идеја за граѓански Устав, а да не бараат Бугари во Устав на Македонија. Тоа ќе беше подостоинствено за нив и сите нивни доктринални определби. Јас сум по тоа прашање конзистентен и сум против било какви влегување на Бугари во Устав.“ – изјави Богојески.

Целата емисија можете да ја следите на јутуб каналот на Канал 5 Телевизија.

https://youtu.be/0Qg9L-FtRR4?si=1DKgCdVJ7KIU31Xi

Македонија

Пожарникари од Крива Паланка денеска спасиле кученце кое паднало во бунар длабок 8 метри

Published

on

Денес во Крива Паланка се случила необична драма. Едно мало куче, играјќи, ненадејно пропаднало во длабок бунар. Мештаните биле во паника и веднаш повикале во помош пожарникарите. Овие храбри херои, опремени со специјална опрема, се спуштиле во длабината на бунарот и со внимателно и нежно движење го извлекле уплашеното куче на безбедно. Сите присутни сведоци на оваа акција не можеа да сокријат радост и благодарност кон пожарникарите, кои со својот подвиг ја докажаа вистинската човечност

Continue Reading

Македонија

Николоски: Експресниот пат од Страцин до Крива Паланка е на народот

Published

on

Eкспресниот пат од Куманово -Страцин до Крива Паланка е изграден во рекордно време, шест месеци откако ја презедовме власта. Од 25,5 километри на 19 километри капка асфалт немаше ставено. Имавме проблеми со еден од изведувачите и надзорот заради претходниот однос на власта, па ги враќавме на проектот за да може да го завршиме, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во вестите на ТВ Сител.

Вицепремиерот потенцираше дека наследени се огромни проблеми околу нејасното финансирање и неизвеснот во реализацијата. Но со посветена работа, со нови методи на асфалтирање и со ангажирање на илјадници работници, експресниот пат е завршен во рекордно време.

„Првпат се завршува проект на време. Овој пат е на народот и најмалку очекував од СДСМ да расипе таков убав настан. Три столба, односно три работи народот гледа во претходната власт. Прва работа дека ниеден крупен капитален проект СДСМ не успеа да го заврши. Второ огромна корупција и трето целосна потчинетост на ДУИ, тоа народот гледа кај СДСМ”- рече вицепремиерот.

Тој додаде дека овој експресен пат треба да има значајна улога во развојот на економијата, за отворање на нови фабрики, нови работни места и квалитетна комуникација со Истокот и со Бугарија. Во многу скоро време тој најави пуштање во употреба на експресниот пат Градско Дреново.

Continue Reading

Македонија

Бадник во Тетово: Поворка, Културна Програма и Детска Забава под Маски

Published

on

Понеделник 6 јануари Бадник

10 час Бадниковата Поворка тргнува од соборниот храм Свети Кирил и Методиј-Тетово, со движење до плоштадот, пазарот, Тетовчанка и назад до плоштад каде е предвидена културно-уметничка програма.

18 час Забава под маски за деца Б̕ дња Баба“ на Градскиот плоштад во Тетово

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк