Connect with us

Uncategorized

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш – Водостојот е на критичното ниво, последица од несовесно управување

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја посети хидроелектраната „Тиквеш“ за да се информира за моменталната состојба со хидропотенцијалите, техничката подготвеност и предизвиците поврзани со водостојот во земјата.

Нивото на големата вештачка акумулација во земјава, Тиквешкото езеро, останува далеку под потребното ниво. водата од езерото не е ниту до горниот праг од тунелот Тисовец кој е на кота 245 м водостој на Тиквешкото езеро. Генерално состојбата е критична на ниво на цела држава.

Божиновска заедно со директорот на електраната, Звонко Бошков, и претставници на раководството на ЕСМ беше во обиколка на ХЕЦ Тиквеш. При обиколката на браната, беше јасно видливо дека нивото на водата е далеку под потребното ниво. Празниот простор некогаш исполнет со вода сега сведочи за сериозноста на ситуацијата. Министерката ја нагласи итната потреба за внимателно и одговорно менаџирање со ресурсите. Сликата која ја затекнавме испраќа јасна и ИТНА порака – енергијата не е бесконечна, истакна Божиновска.

„Ова е повик за будност. Ќе вложиме максимални напори за оптимизирање на користењето на ресурсите. Ќе се занимавме и со тоа зошто ни се опустошени македонските енергетски капацитети, но јас знам дека со чесен пристап со макотрпна работа може да се промени сегашната слика и нема да се откажам, ниту јас ниту оваа влада од намерата Македонија да биде енергетски независна земја.“ истакна Божиновска.

Тимот од хидроелектраната информираше дека освен критичната состојба со водата, стравувале и од хаварија, бидејќи доколку нивото на водата продолжи да паѓа со „влез на воздух во доводниот цевод“, може да доведе до кавитација и сериозни оштетувања на системот. Присутните истакнаа дека ова е прва посета на ресорен министер по речиси две децении, а денешниот ден им донел и поволни временските услови. Денес имало доток на вода 7 пати повеќе од претходниот период, благодарение на обилните дождови изминатото деноноќие.

„Наследив празна акумулација, со кота која е 12 метри под просечната за овој период од годината. Но денес за прв пат имаме дотоци кои по подолго време се двоцифрени. Деновиве имавме дотоци од 5 кубни метри во секунда, а само во последните 24 часа имаме дотоци од 77 кубни метри во секунда и се надеваме дека тоа ќе оди во нагорна линија и дека идното производство ќе биде во функција на зголемувањето на приходите на нашата компанија а со тоа и на подобрување на примарната  и секундарната регулација   која ќе овозможи постабилен енергетски систем во нашата држава“ изјави директорот на ХЕЦ Тиквеш Звонко Бошков,

Министерката сакаше и лично да ја види состојбата во машинската зграда која се наоѓа во подножјето на браната. ХЕЦ „Тиквеш“ произведува електрична енергија со инсталирана моќност од 113 MW и годишно производство од 144 GWh, но сега се соочува со сериозни ограничувања поради недостигот на вода.

Раководството ја информираше министерката и за идните инвестициски планови за подобрување на состојбата. Министерката изрази благодарност до тимот на ХЕЦ „Тиквеш“ за нивната посветеност во одржувањето на производството.

Работната посета на хидроелектраната „Тиквеш“ е дел од континуираните активности на Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини за зајакнување на транспарентноста, ефикасноста и долгорочната стабилност на енергетскиот сектор.

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг