Connect with us

Македонија

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

Published

on

Наградата за претседател на Надзорен одбор, кој не е вработен во банкарската групација, изнесува дополнителни 3.750 евра, а годишна награда за надворешен член во некој од одборите за именување, наградување или ревизија е 7.500 евра

Секој етаблиран професионалец ангажиран како надворешен член на Надзорниот одбор НЛБ Банка Скопје ќе добива 15.000 евра годишно награда за својот ангажман, одлучија акционерите на таа банка.

Надворешен член на Надзорен одбор е лице кое членува во органот за контрола на Управниот одбор, но не е вработено во македонската НЛБ Банка ниту пак работно е ангажирано во некоја од компаниите на банкарскиот холдинг на НЛБ.

Според тоа што како податок е достапно од веб страницата на Македонската берза единствен независен односно надворешен член на органот за контрола (т.е. Надозорниот одбор) е Зоран Јовановски македонскиот академски економист и заменик – претседател на Стопанската комора на Македонија. Неговата годишна награда од НЛБ Банка започнувајќи од 1 јануари идната година ќе биде 15.000 евра.

Парите оваа банка ќе ги исплаќа на 12 еднакви месечни рати, стои во одлуката достапна на СЕИ НЕИ информативниот берзански систем достапна на следниот линк https://seinet.com.mk/document/70584

Одлуката на акционерите предвидува и дополнителна награда од 25 отсто односно 3.750 евра доколку надворешниот односно независниот член воедно е и претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка.

Оваа одлука на акционерите на НЛБ Банка предвидува и исплата на 7.500 евра годишно за надворешни односно независни членови на Одборот за наградување, Одборот на именување и на Одборот за ревизија, тела кои учествуваат во процесите на одлучување интерно во раководната структура на НЛБ Банка Скопје.

Како што веќе пишувавме НЛБ Банка е една од трите најголеми деловни банки во Македонија, а заради нејзиното пазарно учество заедно со „Стопанска банка Скопје“ и „Комерцијална банка“ е позната и како една од трите системски банки.

Повеќе детали за најновите финансиски постигнувања на НЛБ Банка за првите девет месеци годинава се достапни на следниот линк  https://faktor.mk/koja-e-dobitnata-kombinacija-shto-na-nlb-banka-i-donese-44-milioni-evra-profit-za-devet-meseci

Извор: Фактор.мк

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во тетовско: Син ја заштитил мајка од напад

Published

on

На 08.01.2025 во 19.20 часот во Полициското одделение Камењане, 44-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг Б.Т.(43) од истото село агресивно се однесувал кон неа и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од нивниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк