Connect with us

Македонија

Дефект на владиниот авион, парламентарната делегација не можеше да патува назад

Published

on

Собраниската делегација, предводена од претседателот Африм Гаши и пратеници од Собранието, кои престојуваа во официјална посета на шведскиот парламент, синоќа не можеше да се врати назад во Скопје поради фактот дека владниот авион Learjet 60 не бил безбеден за враќање. Информацијата ја пренесе порталот Zoom.mk. 

Ова не е прв случај кога владниот авион, кој веќе е стар над 20 години, не е во состојба да лета поради безбедносни причини. Во неколку наврати, експертите укажуваат на фактот дека авионот е престар и дека не одговара на новите трендови и стандарди во авијацијата. Но, и покрај ваквите предупредувања, властите досега не презедоа иницијатива за набавка на нов владин авион.

Македонија

Ѓорѓиевски: Силна локална самоуправа е клучна за европските стандарди

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, членови на Владата и меѓународни претставници, учествуваше на Годишната конференција на локалната самоуправа.

Во своето излагање, Ѓорѓиевски ги претстави приоритетите на ЗЕЛС, со посебен акцент на децентрализацијата и финансиската стабилност на општините. Тој истакна дека годишно ревидираните ставови на ЗЕЛС се основа за ефикасно лобирање пред централната власт.

„Ме радува што Владата ги разбира предизвиците на локалната самоуправа и активно работи на реформи, вклучувајќи подобро финансирање и дигитализација на услугите за граѓаните,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека новиот Меморандум за соработка помеѓу Владата и ЗЕЛС ќе биде од клучно значење за натамошниот развој.

Тој нагласи дека само со заеднички напори, соработка и силна поддршка, локалната власт може да стане мотор на одржливиот развој и усвојувањето на европските стандарди.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар: Возило излетало, возачот тешко повреден

Published

on

На 09.12.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар, кај надвозникот за с.Пирок, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(24) од Тетово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид бил извршен.

Continue Reading

Македонија

МАКЕДОНСКА ПРОФЕСОРКА БРУТАЛНА кон ДУИ: Не може АЛБАНСКИОТ да биде на исто ниво со МАКЕДОНСКИОТ

Published

on

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Симона Груевска се огласи за писмото на албанските интелектуалци до Уставниот суд за Законот за употребата на јазиците.

Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора, како што пишале во писмото албанските интелектуалци. Македонците се државотворен народ.

Второ, Охридскиот рамковен договор е целосно имплементиран во Уставот уште во 2001 година. Сѐ што е донесено подоцна, вклучително и Законот за употребата на јазиците („во духот на Охридскиот рамковен договор”), е надвор од него.

Трето, мислењето на Венецијанската комисија, како советодавно тело на Советот на Европа, мора да се почитува, ако сакаме да бидеме европска држава.

Четврто, не може јазик што не го разбираат 75 проценти од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот. Невозможно е и државните институции ќе се блокираат.

Петто, не може „повредените чувства” на Албанците да бидат поважни и повредни од чувствата на Македонците.

Шесто, албанските интелектуалци треба да се засрамат од писмото што го потпишале, ако се вистински интелектуалци.

Седмо, сигурно им е многу тешко на ДУИ во опозиција, откако во 2001 ја нападнаа сопствената држава како терористи и потоа 23 години удобно си седеа во фотелјите на власт и знаеме што правеа. Сега се закануваат пак со војна, што значи мир во Македонија ќе има само ако терористите се на власт.

Не иде така, другари! – нагласува професорката на својот Фејсбук профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк