Connect with us

Скопје

Кран оштетил 110кВ далекувод во Бутел – причина за експлозијата која ја пријавија граѓаните

Published

on

По објавите на социјалните мрежи дека граѓаните на Бутел 1 попладнево почувствувале потрес проследен со звук на експлозија и прекин на електричната енергија, од Електродистрибуција за 24 Инфо информираат дека се работи за испад на 110 кВ далекувод кој бил оштетен од страна на кран кој не е во нивна сопственост.

– Во Бутел настана прекин во снабдувањето со електрична енергија поради испад на далекувод 110кВ предизвикан од страна на кран кој не е во сопственост на Електродистрибуција ниту пак во моментот извршувал работни активности за компанијата.

Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа дефектот во најбрзо време.
Сите корисници во овој реон веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија, велат од Електродистрибуција.

Скопје

Граѓаните на социјалните мрежи пријавуваат потрес и експлозија во Бутел

Published

on

Граѓаните попладнево на социјалните мрежи објавуваат дека почувствувале силен потрес и слушнале експлозија при што одреден период останале и без струја.

Засега нема официјални информации од надлежните за што станува збор.

Извор: 24инфо

Continue Reading

Скопје

ЈСП има нафта за најмногу уште пет денови

Published

on

Тендерот за набавка на нафта за ЈСП заврши, но неизвесноста продолжува и засега не се знае дали воопшто некој конкурирал на огласот. Од Бирото за јавни набавки за Сител велат: „Имајќи ја предвид проценетата вредност на набавката, извесно е дека постапката ќе дојде во управна контрола во Бирото по сила на закон, но тоа се случува на крајот, откако ЈСП ќе ја донесе одлуката за избор или за поништување на постапката. Дури во тој момент Бирото ќе добие пристап до целокупната документација од спроведената постапка. За сите информации во поглед на постапката, ве упатуваме да се обратите до ЈСП Скопје“.

Од ЈСП молк. Директорот Кушовски не кажува дали тендерот е успешен и дали сметката на претпријатието е одблокирана.

Од синдикатот на возачи во ЈСП велат дека, ако е блокирана сметката, тендерот ќе пропадне.

„Сигурно дека ќе пропадне, ако е блокирана. Како ќе се исплатат долговите, платите и ред други работи? Моментално знам дека се уште е блокирана, ако денеска нешто се случило, немам друга информација“, изјави Африм Муча, претседател на независен синдикат на возачи.

Според него, нафта од државните резерви има за уште 3 до најмногу 5 дена. Што ќе биде потоа, не знаат ни вработените. 

Од Владата велат дека ќе го почекаат исходот од тендерот.

„Да видиме какви ќе бидат состојбите, да не давам одговор од аспект на хипотетичка ситуација. Факт е дека не може претпријатието да функционира постојано на ваков начин ако досега. Се надеваме дека ќе се консолидираат и дека ќе размислуваат за доброто на граѓаните, а не за други цели и интереси“, вели Марија Митева, портпаролка на Владата.

Во јавниот превоз од вчера се вклучија и приватните превозници, но не сите, туку само оние кои имаат финансиска можност за тоа, бидејќи, како што велат, ЈСП има неплатен долг кон нив повеќе месеци. Во меѓувреме, тие ја чекаат новата цена по изминат километар која треба да биде пресметана во следните две недели.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Кисела Вода е лидер во инклузијата на лицата со попреченост

Published

on

Кисела Вода, 3 декември – По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, општина Кисела Вода испрати силна порака за посветеност на создавање општество на еднакви можности. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со гордост ја истакна лидерската позиција на општината во промовирањето и заштитата на правата на лицата со попреченост, најавувајќи два значајни нови проекти – првата инклузивна училница на отворено и сензорна соба во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево.

„Нашата посветеност на инклузијата не се ограничува само на еден ден. Секој проект и активност што ги реализираме се доказ за нашата заложба кон создавање инклузивна заедница,“ изјави Ѓорѓиевски.

Сензорната соба овозможува мултисензорно искуство за децата, поттикнувајќи го нивниот когнитивен, емоционален и физички развој. Ѓорѓиевски истакна дека ова е уште една во низата вакви простории кои општината ги отвора во основните училишта.

Од друга страна, инклузивната училница на отворено, прва од ваков вид во општината, е во завршна фаза. Оваа училница е дизајнирана да ги задоволи потребите на сите ученици, особено на децата со посебни образовни потреби, и ќе биде опремена со дидактички материјали кои поттикнуваат креативност и когнитивни способности.

Дополнително, општината потпиша меморандум за соработка со Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Со оваа иницијатива ќе се обезбеди стручна пракса за студентите и поддршка за родителите на децата со атипичен развој, со активности во попладневните часови.

Општина Кисела Вода е пионер и во други инклузивни проекти – од отворање на дневни центри за деца со церебрална парализа до обезбедување тактилни патеки, Брајово писмо и рампи за пристапност.

„Кисела Вода е првата општина со целосно инклузивно основно училиште и јавна детска градинка. Со сите овие проекти, ја потврдуваме нашата верба во правото на секое лице за достоинствен живот,“ додаде Ѓорѓиевски.

Градоначалникот увери дека општината останува посветена на создавање средина каде секое дете и жител ќе се чувствуваат прифатени, ценети и рамноправни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк