Connect with us

Македонија

Сиљановска Давкова: Врската меѓу духовноста и националниот развој е наша инспирација

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, беше покровителка на манифестацијата посветена на Вељо Манчевски, првиот верски референт на Македонија. Во својот инспиративен говор, претседателката ја истакна важноста на духовноста како неизоставен дел од националниот развој, поврзувајќи ја со солидарноста, толеранцијата и хуманоста како основни вредности на општеството.

„Честа да сум покровителка на оваа манифестација не е само лична благодарност, туку и длабока инспирација од извонредноста што ја симболизира името на Вељо Манчевски. Ова признание треба да биде поттик за сите кои се залагаат за општествен прогрес и пример за нераскинливата врска меѓу духовноста и националниот развој,“ изјави Сиљановска Давкова.

Таа подвлече дека градењето на Македонија како просперитетна и правична држава бара посветеност кон моралните вредности, хуманоста и владеењето на правото. Претседателката изрази голема благодарност кон сите учесници и поддржувачи на оваа иницијатива, истакнувајќи дека „мали се зборовите за вашата големина“.

Манифестацијата е посветена на оддавање почит кон Вељо Манчевски и неговиот придонес за духовниот и национален идентитет на Македонија, истовремено потсетувајќи на важноста од зачувување на овие вредности во современото општество.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк