Connect with us

Македонија

Тешко повреден малолетник во училишен двор: Полицијата истражува инцидент во Тетово!

Published

on

На 02.12.2024 во 13.40 часот во СВР Тетово, од Ургентен центар Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Тетово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад во кругот на основното училиште во кое учел. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата поднесена од ДУИ, одлучи Извршниот одбор

Published

on

Денеска се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ посветена на повеќе политички, безбедносни и економски актуелни теми.

1.СДСМ остро се спротивставува на секој предлог за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години. Таквиот чекор претставува директен удар врз работниците, нивното достоинството и труд.

Станува збор за продолжување на погрешните политики за систематско потценување и експлоатација на трудот на граѓаните и работниците од страна на Владата предводена од ДПМНЕ.

Наместо да обезбедат покачување на платите и подобри услови за работниците, власта сака на мала врата да протне мерки кои ќе ги примораат работниците да работат подолго само за да се финансираат трошоците од нивните популистички потези.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата.

Политиките на СДСМ во изминатите години го стабилизираa Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и значително ја намали финансиската дупка, дефицитот од 43% се намали на 33%. Сега ДПМНЕ спроведува погрешни политики со кои ja загрозува одржливоста на Фондот, го зголемува дефицитот.

Нашиот приоритет е заштита на интересите на работниците и обезбедување услови за достоинствен живот. Наместо продолжување на работниот век, потребни се итни мерки за подобрување на животниот стандард и создавање перспективи за сите граѓани со праведна и одржлива пензиска политика.

2. За СДСМ загрижувачки се тенденциите за влошување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и растечките тензии во општеството со загрозување на меѓуетничките односи.

Оценка на Извршниот одбор е дека неприфаќањето на лидерската средба од страна на власта испраќа лош сигнал и ја потврдува тезата дека очигледно партии на власт и ДУИ немаат интерес од стабилизација, што е многу опасно за државата.

3. Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа.

Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби.

4.Во однос на внатрепартиските активности СДСМ веќе направи оперативен план и новото раководство на СДСМ од утре започнува со интензивни теренски активности, во сите општински организации. СДСМ ќе го менува пристапот и го враќа гласот на членството при креирањето на политики. До крајот на годината ќе го заокружиме и изборот на претседатели на општинските организации со што целосно ќе заврши процесот на обединување, се наведува во партиското соопштение.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Во моментов немам кола, ја продадов

Published

on

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вечерва порача дека во моментов нема автомобил.

Како што вели, тој го продал своето возило.

„Возев само некои автомобили за време на кампањата, и се уште немам автомобил поради тоа што мојот личен го продадов пред некое време. Сега не, апсолутно нема. Сега имам службено возило од партијата со која располага“, вели Филипче во интервју за 360 степени.

Continue Reading

Македонија

Меџити ја поддржува акцијата „Генералка Викенд“

Published

on

Преку потпишување на Меморaндум за соработка од страна на првиот заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, со Гордана Софија и Ханес Јаецкл од ‘Man&Mountain’, МЖСПП продолжува со поддршката на најголемата волонтерска акција за собирање и селектирање на отпадот во нашата државата, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.

Министерството за животна средина и просторно планирање посветено работи на спроведување на политиките за одржливо управување со отпадот. При тоа, спроведува и поддржува активности за чистење на постоечки депонии и спречување на создавање на нови на целата територија на државата, вклучително и заштитените подрачја.

„Оваа активност ја поддржуваме уште од самиот почеток во текот на изминативе 4 години. За нас како Министерство и како Влада, од голема важност е подигањето на свеста не само кај граѓаните, туку кај сите чинители – институции, бизнис заедница и други, како и развивањето на позитивните навики за постапување со отпадот што го создаваме, уште од најмали нозе“ истакна првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

„Генералка Викенд“ е исклучителен пример на добра соработка на институциите на национално и локално ниво со домашни и странски компании, колективни постапувачи со отпад образовни институции, граѓански организации, медиуми, волонтер и други.

Во годинашнава пролетна акција се вклучија сите општини, вкупно 81,а преку 20.000 волонтери – деца, студенти, пензионери, работници во комуналните претпријатија и општини, претставници од невладини организации, спортски клубови, национални паркови, вооружение сили, специјалните единици при МВР и многу други, исчистија повеќе од 400 локации низ цела земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк